Следете не

Спорт

ФИФА: Ова се кандидатите за најдобар играч и тренер за 2019-та година

Објавено пред

на

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави кандидатите за најдобар играч и тренер на светот за 2019 година.

ФИФА ги зела предвид играчите и тренерите кои оствариле успеси во периодот од 16-ти јули 2018 до 19-ти јули 2019 година, а на секој од списоците има по десет имиња.

Во конкуренција за најдобар фудбалер се наоѓаат: Кристијано Роналдо (Јувентус), Френки де Јонг (Ајакс/Барселона), Матијс де Лигт (Ајакс/Јувентус), Хари Кејн (Тотенхем), Еден Азар (Челзи/Реал Мадрид), Садио Мане (Ливерпул), Килијан Мбапе (ПСЖ), Лионел Меси (Барселона), Мохамед Салах (Ливерпул) и Вирџил ван Дајк (Ливерпул) .

Кандидати за најдобар тренер се: Џамел Белмади (селектор на Алжир), Дидие Дешан (селектор на Франција), Марсело Галјардо (тренер на Ривер Плата), Рикардо Гарека (селектор на Перу), Пеп Гвардиола (тренер на Манчестер Сити), Јирген Клоп (тренер на Ливерпул), Маурисио Покетино (тренер на Тотенхем), Фернандо Сантош (селектор на Португалија), Ерик тен Хаг (тренер на Ајакс) и Тите (селектор на Бразил).

Во гласањето, покрај новинари, селектори и капитени на репрезентации, ќе учествуваат и навивачи чии гласови ќе сочинуваат 50 отсто од оцената.

ФИФА наскоро ќе објави по три финалисти, а церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на гала вечерта The Best FIFA Football Awards на 23-ти септември во Милано.

Извор: Точка[sg_popup id=”25232″ event=”onLoad”][/sg_popup]

Спорт

Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″

Објавено пред

на

ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, по победата над Естонија зеблежаа нов убедлив триумф со 3:0 над ФК Анталиаспор.

Нашите млади фудбалери одиграа феноменално прво полувреме надигрувајќи го противникот во секој сегмент од играта. Во првите 30. минута успеавме да постигнеме три погодоци и многу рано да го решиме прашањето на победникот на оваа средба.

На самиот старт на средбата, Силјановски постигнува гол за водство на Македонија. Три минути подоцна Гаштаров ја зголемува нашата предност. Матески во 30. минута се запишува во листата на стрелците и ги поставува конечните 3:0.

МАКЕДОНИЈА: Амар Хаџибулиќ, Андреј Љубевски, Габриел Крстевски, Нуман Ајетовиќ, Милот Синани, Адриан Незир, Давид Ристовски, Никола Манојлов, Давид Матески, Матеј Гаштаров,  Андреј Силјаноски;

Селектор: Вујадин Станојковиќ.

Во претходното коло, Македонија забележа убедлива победа над Естонија со 3:0.

Во воведното коло од силниот меѓународен турнир во турска Анталија, нашите млади фудбалери незаслужено беа поразени од Молдавија со минимални 1:0.

Прочитај повеќе...

Спорт

Репрезентацијата на Македонија во фудбал до 19 и 21 година одиграа мечеви против Летонија односно против Шведска

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Летонија во рамките на третото коло од мини квалификацискиот турнир (Елитна фаза) за пласман на Европско првенство.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа подобар противник од самиот старт на овој натпревар, но на крајот не успеаа да ја остварат првата победа во овој квалификациски циклус што се одржа во Скопје.

Ѓоргиевски и Зенделовски ги имаа првите прилика за Македонија на оваа средба, но без реализација. Величковски ја имаше најсериозната можност во првото полувреме.
На почетокот на второто полувреме, Летонија погодува за предност од 1:0. Межсаргс беше стрелец на погодокот за противникот.

Димитар Данев во 76. минута погоди за израмнување на резултатот и поставување на конечните 1:1. За Македонија настапија:

Македонија: Џеков, Аризанкоски, Стојилевски, Џеков, Велков, Нухија, Зенделовски, Ѓоргиевски, Цаноски, Величковски, Назифи;

Селектор: Тони Јакимовски

Додека пак репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби со 2:0 од Шведска во натпревар од квалификациите за пласман на Европско првенство кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски речиси цело второ полувреме играа со играч помалку. Десниот бек Михаил Димитриевски во 47. минута заработи директен црвен картон откако невнимателно и остро стартуваше врз противнички играч.

Противникот успеа да го скрши нашиот отпор и во 67. минута го постигна првиот погодок. Розенгард со доза на среќа успеа да ја затресе нашата мрежа. Вихелмсон во последните моменти од средбата ги постави конечните 2:0.

Македонија и со играч помалку одигра добар натпревар, особено во дефанзивниот дел, но не можеше ништо повеќе со играч помалку.  Марио Илиевски и Хамза Рамани ги имаа двете најдобри можности на оваа средба за постигнување на погодок.

Швеѓаните со оваа победа се вратија во трката за пласман на Европското првенство. Македонија во досегашниот тек од квалификациите има забележано две победи и четири порази.

Македонија – Шведска 0:2 (0:1)

МАКЕДОНИЈА: Марко Алчевски, Михаил Димитриевски, Андреј Стојчевски, Решат Рамадани, Стефан Деспотовски, Иван Николов, Марио Илиевски, Лука Станковски, Имран Фетси, Алекс Златков, Хамза Рамани;

Резерви: Стефан Митрев, Берат Калкан, Џемиљ Јахји, Матеј Ангелов, Ардијан Цилафи, Луан Абази, Ване Крстевски, Шабавн Зенку, Еркан Семовски;

Селектор: Тони Јакимовски

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонската А селекција загуби од Црна Гора на контролниот меч во Анталија

Објавено пред

на

©ФФМ

Македонската А репрезентација загуви со 1:0  од Црна Гора на контролниот натпревар. Првото полувреме на стадионот „Мардан“ во Анталија мина во наша доминација, но за жал во завршницата на полувремето попушти концентрацијата.

Првата закана по црногорскиот гол ја упати Миовски во 6. минута. Продолжи добрата игра на нашиот тим. Од околу дваесеттина метри се обиде Елмас, изнудувајќи интервенција на црногорскиот голман. Елмас до полувремето имаше уште два обида. Црногорците упатија еден удар од далечина преку Чамај.

Енис Барди имаше опасен обид од слободен удар, меѓутоа биеше крај голот на Црна Гора. Пред паузата, Црна Гора имаше два корнери и ги опомена нашите фудбалери, меѓутоа ударите завршија во блокот и над пречката. Црногорците не казнија за неефикасноста во финишот на полувремето. Водечки погодок постигна Стеван Јоветиќ кој во 45. минута со глава по корнер го матира Димитриевски.

Многу замени беа направени во вториот дел. Трајковски влезе на местото од Елмас. Нашата деветка веднаш се најде во позиција да го загрози противничкиот гол, но тоа го направи непрецизно.

Шанса во второто полувреме добија Ристовски, Димоски, Митровски, Серафимов и Ќамили, но немавме посериозна прилика да го израмниме резултатот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп37 минути

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево2 часа

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

Lifestyle12 часа

Дали знаете што значи WC?

Дали некогаш сте застанале да размислите за значењето на буквите „WC“ на знакот за јавен тоалет? Иако е вообичаена глетка...

Кичево12 часа

ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда)...

Автомобили12 часа

Гигантот оди во заслужена „пензија“: Audi R8 повеќе нема да се произведува

Во ноември минатата година Audi го прекина производството на моделот ТТ по 26 години и произведени над 660.000 примероци, а...

Магазин12 часа

Драмата продолжува: TikTok под истрага, му се заканува тужба

Американската Федерална трговска комисија (FED) го истражува TikTok за наводно кршење на приватноста и безбедноста на податоците на корисниците. Доколку...

Магазин12 часа

iPhone конечно добива функција која Android ја има веќе 15 години

Иако иконите сè уште ќе бидат ограничени на мрежниот распоред, веќе нема да има автоматско пополнување празни места Во технолошките...

Магазин12 часа

Apple сè уште е резервиран кон Кина

Неодамнешната посета на Тим Кук на Кина покажа дека Apple не се иселува од Кина. Кина и Хуавеи се на...

Магазин12 часа

iOS 18 станува официјален на 10 јуни – закажаната конференција на Apple WWDC

Apple официјално ја објави својата годишна програмерска конференција WWDC за периодот од 10-14. јуни кога меѓу другото ќе го претстават...

Магазин12 часа

HBO Max наскоро го менува името во Европа

Warner Bros. Discovery (WBD) одлучи да го промени името на својата услуга за стриминг HBO Max во Европа. Оваа услуга...

НАЈЧИТАНИ