Спорт

ФИФА отвори истрага за случајот Мунтари

ФИФА отвори истрага против италијанската фудбалска федерација поради пристапот и односот кон фудбалерот на Пескара Сали Мунтари.

32-годишниот интернационалец од Гана доби црвен картон на натпреварот против Каљари, откако поради навредите на расна основа од трибините, доброволно го напушти теренот.

-Лично сочувствувам со секој кој е третиран на овој начин на теренот или надвор од него. Но, тука станува збор за нешто друго и ФИФА треба да преземе адекватни мерки кон секој чин на дискриминација, изјави генералниот секретар на светската фудбалска централа Фатма Самура.

Leave a Comment