Кичево Случувања Хроника

Денес на бул. во Кичево од вербална расправија до физичка пресметка со метални предмети

Денеска околу 11 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир во кој, Ш.Ј.(58) и неговиот син Ш.Ј. (25), двајцата од кичевското село Зајас, започнале вербална расправија а потоа, со метални предмети, физички ги нападнале Ф.А.(33) и Н.Б. (42) од Кичево.

Тие се пренесени во Општата болница каде биле констатирани телесни повреди. По преземени мерки, напаѓачите се пронајдени и приведени.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава вели портпаролот на СВР -Охрид Стефан Димоски. 

Како што дознава порталот makpress.mk нападнатите биле сегашниот и бившиот директор на гимназијата „Дрита“, а нападнати биле од некогаш вработен во гимназијата.

Извор: МВР /СВР Охрид – Дневен билтен за медиуми.