Следете не

Спорт

Формула 1: Мекларен вчера го промовираше својот нов болид за новата сезона која започнува на 28-ми март со трка во Бахреин

Објавено пред

на

Мекларен вчера го претстави болидот што оваа сезона ќе го возат Даниел Рикардо и Ландо Норис. MCL35M визуелно наликува на неговиот претходник, MCL35, бидејќи тимовите имаат обврска да користат изменета шасија во 2020 година.

Мекларен е единствениот тим што ќе ја смени единицата за погон оваа година. Промената за која знаеме порано се однесува на возачот – Даниел Рикардо пристигна од Рено и потпиша повеќегодишен договор.

„Одлично е што конечно се приклучив на тимот, ми се чини дека беше минатата година откако во Мај минатата година се договоривме за сè. „Со нетрпение го чекам почетокот на сезоната и навистина сум воодушевен што дојдов во Мекларен, кој е на одлично патување во изминатите неколку години, и се надевам дека ќе придонесам да продолжам на тој начин“ – изјави Рикардо.

Сезоната во Формула 1 започнува на 28 март со трка во Бахреин, на која претходно ќе бидат извршени официјални тестови.

Спорт

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со Албанија во гости

Објавено пред

на

©ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија. Контролните средби ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Корча.

Првиот дуел овие две репрезентации ќе го одиграат на 21. март со почеток во 15. часот. Два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка, која ќе започне во 12. часот.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Ерхан Селими за претстојните натпревари со Албанија, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Давид Илоски А.П. Брера

Александар Балев Пелистер

Павел Трајковски Македонија Ѓ.П.

ОДБРАНА:

Златко Радески Вардар

Абдулах Аслани Лунгби, Данска

Горазд Ристовски Црвена Звезда, Србија

Давид Стојановски Браво, Словенија

Лука Атанасовски Беласица

Андреј Мурџески Вардар

Назиф Цека Шкендија

Игор Ристов А.П. Брера

Емир Шаботиќ Вардар

СРЕДЕН РЕД:

Каменчо Андоновски А.П. Брера

Луан Реџепи Конкордиа Базел, Швајцарија

Ариф Локи ХБ Коге, Данска

Албион Муслиу Шкендија

Јасин Рушани Хамбург, Германија

Игли Хасани Работнички

Бојан Затуроски Охрид Лихнидос

Адмир Љатифи Беса

НАПАД:

Стефан Младеновски Црвена Звезда, Србија

Хисар Али Беса

Анастас Арнаудовски Вараждин, Хрватска

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 19 години беше денеска, во 8:30 часот пред Фудбалската федерација на Македонија, известуваат од Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ истакна соопштение со реакција упатено кон ФК Гостивар

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија, соодветно на моментот, во денови на жалост, се воздржува од активности кои не се во склад со почитта што ја искажуваме во овие тешки моменти. И по тој повод упати интегрално соопштение до јавноста за ФК Гостивар кое ви го пренесуваме во целост и гласи:

– Во тој контекст, сакаме да нагласиме дека ФФМ нема да се занимава со одредени интереси на клубови, ниту ќе разменува несоодветни дописи во овој период.  Веруваме дека сите фудбалски клубови имаат разбирање и ќе ги почитуваат овие денови соодветно.

Во таа насока, апелираме до ФК Гостивар да ги почитува овие моменти и своите интереси да ги брани и докажува на зелениот терен, наместо преку дописи и притисоци во јавноста. Посебно, што немаат никаква причина за тоа.  Во вакви моменти, фудбалот и спортот воопшто, треба да обединува, а не да се користи за дневни интереси, особено во денови на жалост. 

Веруваме дека заедно ќе покажеме почит и достоинство, се вели во соопштението од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Спорт

Јован Манев: „Минуваме низ тежок период, изгубивме блиски пријатели, ќе го дадеме нашиот максимум на квалификациските натпревари во спомен на сите загинати“

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Во пресрет на натпреварот Македонија – Лихтенштајн (22. март, Вадуц), воведен од квалификациите за Светското првенство 2026, македонскиот репрезентативец Јован Манев зборуваше за претстојниот предизвик, но и за тешките моменти низ кои поминува тој и целата нација по големата трагедија што ја потресе јавноста.

Со емоции, тој истакна дека доколку добие шанса ќе даде се од себе на теренот, посветувајќи го настапот на оние кои повеќе не се со нас.

Јован Манев: „Ова се многу тешки денови за мене и за сите нас, изгубивме сите блиски пријатели, но тие би сакале да продолжлиме и да бидеме овде, да се бориме за нашата земја, за нашата репрезентација. Ќе ни недостасуваат засекогаш и никогаш нема да бидат заборавени и затоа ако ми се укаже шанса и исто и на моите колеги ќе го дадеме максимумот во спомен за сите нив.

И ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност сите заедно и така да постигнеме резултати најпрво за нив.“ 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје8 минути

МВР експресно ги лиши од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје

На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не...

Спорт10 часа

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со Албанија во гости

Репрезентацијата на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија. Контролните средби ќе бидат...

Македонија11 часа

Приведен раководител во општина Маврово Ростуше за примање поткуп, ветил да одобри урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети

Денеска (19.03.2025), полициски службеници го лишиле од слобода С.Е. раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово...

Спорт11 часа

ФФМ истакна соопштение со реакција упатено кон ФК Гостивар

Фудбалската федерација на Македонија, соодветно на моментот, во денови на жалост, се воздржува од активности кои не се во склад...

Кичево13 часа

ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета

Предмалку спречена поголема огнена катастрофа во кичевското село Лазоровци. Имено од за сега нејасни причини избувнал пожар во плевна и...

Македонија14 часа

ЗНМ: Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

Владата на Република Македонија, во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на...

Македонија14 часа

Предмалку земјотрес почуствуван во источна Македонија

Предмалку земјотрес почувствуван во источна Македонија. Истиот според ЕМСЦ е регистриран во 18:33 часот, со длабочина од 10км, неговата дистанца...

Спорт14 часа

Јован Манев: „Минуваме низ тежок период, изгубивме блиски пријатели, ќе го дадеме нашиот максимум на квалификациските натпревари во спомен на сите загинати“

Во пресрет на натпреварот Македонија – Лихтенштајн (22. март, Вадуц), воведен од квалификациите за Светското првенство 2026, македонскиот репрезентативец Јован...

Македонија16 часа

МВР со информација за сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови)

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата...

Хроника16 часа

(ФОТО) Тренингот не е ист без Андреј Лазаров, ФК Шкупи тагува по својот фудбалер

Со голема празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров, денес се обидовме да се вратиме на тренингот Сепак,...

НАЈЧИТАНИ