Случувања
(ФОТО) Исчезнати се домашни миленичиња од Кичево, сопствениците замолуваат за помош доколку сте ги виделе

Добивме апел за помош овој пат за изгубени две домашни миленичиња кои со години се негувани од своите верни сопственици.
Неколку денови се трага по домашно милениче – Кученце од расата „Пинч“ (џуџест) по име „Ава“, последно престојувалиште и е „Столарска работилница“ на полигонот, каде од таму му се губи секаква трага, додека случајот исто така е пријавен во ОВР Кичево.
Сопствениците Ве замолуваат за било каква помош доколку сте го виделе да не известите нас преку порака или директно на г-дин Дејан Илијоски, за лицето кое би помогнало или случајно го најде кученцето – следува награда!
Второто милениче е домашно и мирно маченце по име „Мирана“, последната вечер има „сиво ремче“.
Секој кој би го препознал ова маче нека контактира на тел бр. 070 382 394 или нека ни пише порака.
Со почит.
Ви благодариме!
Македонија
Предмалку земјотрес регистриран со епицентар на 14км западно од Гостивар

Предмалку почуствуван земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтер.
Од информациите на ЕМСЦ епицентарот се наоѓа 14км западно од Гостивар.
Повеќе информации наскоро.
M3.0 #earthquake (#земјотрес) strikes 14 km S of #Gostivar (North Macedonia) 9 min ago. Effects reported by eyewitnesses: pic.twitter.com/KN9eLxYtHZ
— EMSC (@LastQuake) March 6, 2021
Македонија
За 24 часа, денес нови 722 случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 375
-Прилеп 44
-Кавадарци 35
-Гевгелија 29
-Битола 25
-Гостивар 23
-Тетово 22
-Куманово 20
-Охрид 16
-Штип 15
-Крива Паланка 14
-Неготино 13
-Велес 11
-Струмица, Струга и Кочани по 10
-Богданци 9
Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево по 5
-Валндово 3
-Делчево, Пробиштип и Демир Капија по 2
-Кратово и Демир Хисар по 1
Починати се 8 лица, по 4 пациенти од Скопје (81г,75г,74г,73г) и по 1 пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 186 оздравени пациенти од:
-Скопје 50
-Прилеп 29
-Кавадарци 25
-Куманово 15
-Тетово 14
-Велес 9
-Неготино 8
-Кочани и Гевгелија по 6
-Гостивар 5
-Струмица и Крушево по 4
-Богданци 3
-Штип, Свети Николе и Валандово по 2
-Делчево и Пробиштип по 1
Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.
Свет
Авион полн со патници принудно слетал во Софија поради агресивно однесување на човек, за делото му прети затвор од 10 години

Авион кој летал од Париз до Њу Делхи морал принудно да слета во Софија поради агресивното однесување на еден од патниците, за што му се заканува казна затвор од 10 години, соопштија денеска бугарските власти.
Патникот на „Ер Франс“, инаку државјанин на Индија, започнал агресивно да се однесува набргу по полетувањето вчера попладне.
Како што објасни службеникот на Националната агенција за истраги, Ивајло Ангелов, тој се скарал со другите патници, ја навредил стјуардесата и тропнал на вратата од кабината.
Заради неговото однесување. капетанот мораше да побара принудно слетување во Софија, пренесува Ројтерс.
Човекот, чие име не беше соопштено, бил изнесен од авионот и обвинет за загрозување на безбедноста на летот, за што му се заканува казна затвор од 10 години.
– „Ние ги истражуваме неговите мотиви и однесување, за што нема разумно објаснување“, за медиумите рече Ангелов.
-
Кичево2 дена
Важна информација од Кичевска Парохија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес (5 март) петок
-
Спорт2 часа
(ФОТО) Кичевчанецот Николоски е државен шампион за 2020 во мотоспорт – категорија „Ендуро Е2 класа“
-
Временска прогноза10 часа
Од ноќеска голем пад на температурите, од среда дожд и снег – Ова се најновите детали за времето кај нас
-
Занимливости2 дена
(ФОТО) За 8-ми март женски продукти на акција само во АТВА Маркети – Кичево
-
Кичево10 часа
Спречен пожар на поголема површина во атарот на с.Карбуница – кичевско
-
Случувања3 дена
(ВИДЕО) Од низата снимки кои се појавија од земјторесот во Грција, на оваа се гледа морничавиот момент, бутикот се помести од своето земјиште
-
Свет1 ден
Откриено колку можат честиците од Коронавирусот да преживеат