Следете не

Спорт

(ФОТО) „Пристап за секого“ – ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование при „Св. Наум Охридски“ организираа фудбалски турнир за лицата со попреченост

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија заедно со ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, организираа инклузивен фудбалски турнир со цел заеднички да испратат порака дека е важен пристапот и вклученоста на лицата со попреченост на спортските терени.

– На турнирот организиран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ учество земаа седум училишта од Македонија претставувани со машки и женски екипи. Идејата што ја пренесуваме е само потсетник дека треба да даваме екнакви можности на сите за спорт и здрав живот, за квалитетно и инклузивно физичко образование и за подобро ментално здравје.

Заменик генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Дрилон Ганиу заедно со претставникот на училиштето „Св. Наум Охридски“, Станислав Мирчевски го отворија денешниот турнир и им додели симболични награди и признанија на учесниците.

„За нас е чест и привилегија што имаме можност да бидеме вклучени во проекти кои придонесуваат за поголема инклузивност на сите кои на било каков начин се вклучени во фудбалската игра. Се соочуваме со низа предизвици во делот на обезбедување еднакви услови на сите и инклузија на лицата со попреченост, но со поддршка од ФФМ и организацијата CAFE – totalaccess, на добар пат сме да ја подигнеме свеста и да влијаеме и на другите организации и институции да преземат чекори во таа насока“, за медиумите изјави Дрилон Ганиу.

Фотогалерија од настанот:

Спорт

Голем ден за македонскиот билиард, кичевчанец помеѓу шампионите

Објавено пред

на

ФОТО: Дејан Сипковски

Во Софија Бугарија, покрај голема конкуренција на јуниорски играчи од 6 држави 🇲🇰🇧🇬🇷🇸🇲🇪🇧🇦🇺🇦 на пиедесталот во две категории се искачија 2 Македонски шампиони:

У-17 Андреј Ѓурчиновски 🇲🇰🏆
У-19 Блендијан Ќазими од Кичево 🇲🇰🏆

Огромни честитки и за финалистот во категорија У-17 Илија Димовски 🇲🇰🥈

Честитки до Македонските јуниорски натпреварувачи, нивните фамилии, нивните клубови и до сите што ги поддржуваат на нивниот веќе докажан шампионски пат!

Активностите во Македонскиот биљард покажуваат резултати, иднината на овој спорт е во сигурни раце.

Честитки и до организаторите на оваков тип на натпревари и се надеваме само овака да продолжи, покрај натпреварувања, да имаме и размена на искуства и дружења со сите наши соседи во регионот, истакна претседателот на Билиард федерацијата на Македонија, Дејан Сипковски.

Резултати од У-17 може да најдете ТУКА

Додека за У-19 резултатите исто така се запишани ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Илиевска Божиновска ја пофали досегашната работа во Фудбалската федерација, додека администрацијата преку видео запис го истакна годишниот извештај на сработеното

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одржа своето Редовно генерално Собрание. На Редовното генерално Собрание беа присутни 58 од вкупно 60 делегати кои ги ги усвоија низа точки од дневниот ред.

– Завршна сметка за 2023;

– Извештај од независен ревизор за 2023;

– Извештај од Надзорен одбор за 2023;

– Потврдување на одлуката за суспензија на ОФС Струмица;

– Усвоен извештајот од претседателот и Управниот одбор на ФФМ;

– Извештај од администрацијата за исполнување на стратешките планови;

– Усвоен е буџетот за 2024 година;

Генералниот секретар на ФФМ, Наталиа Илиевска Божиновска во своето обраќање истакна дека федерацијата има одлична соработка со Општинските фудбалски Сојузи, како своја база, но и ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА.

Наталиа Илиевска Божиновскагенерален секретар на ФФМ: „Од мое лично и од име на Фудбалската федерација на Македонија би сакала да истакнам дека имаме извонредна соработка со сите вас и би сакала искрено да ви честитам на досегашната работа. Да ви посакам многу среќа, сила и успех во соочувањето со новите предизвици.

Како дел од ФФМ, среќни сме што во Општинските фудбалски Сојузи имаме одличен партнер. На тој начин градиме уште посилна федерација со подобра структура, но и одлични односи со другите асоцијации. Секогаш ќе ја помагаме својата база. Затоа и во иднина ќе ве повикувам да разговарате, да се борите, да работиме заеднички, да даваме придонес во насока на унапредување на македонскиот фудбал.

Ние сме еден тим. Тоа значи дека заеднички се трудиме да одговориме на сите, па и на тешки прашања и проблеми. Мораме и во иднина јасно да го препознаеме секој проблем и јавно да ја посочиме неправилноста на која наидуваме.

Како ФФМ, се трудиме фудбалот да биде модел – место каде што се почитуваат правилата и им се дава шанса на сите. Ние сме мала федерација, но добиваме многу од нашите пријатели од УЕФА и ФИФА. Тие се нашите партнери. Организации кои навистина се грижат за вистинските фудбалски вредности. Организации кои им даваат целосна поддршка на сите свои членки кои имаат за цел да реализираат значаен проект за нашиот спорт.

Во продолжение видео од прифатениот Годишен извештај на администрацијата на Фудбалската федерација на Македонија согласно стратешките планови.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) „ФК Кичево“ со денешната победа ја потврди шампионската титула во регионалната лига за гененерација 2009, честитки за поголеми успеси!

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес се одигра и последното 14-то коло во рамките на регионалната лига „југо-запад“ за 2023/2024 год, генерација 2009 каде нашата екипа „ФК Кичево“ со победа над кичевски „ФК Напредок“ го потврди шампионското прво место во лигата и заслужено се искачи на пиедесталот.

Полна трибина со љубители на фудбалот, многу позитивна енергија, одлично прикажана игра, за уште подобар резултат. Момчињата на „ФК Кичево“ славеа со резултат од 13:0, додека стрелци на головите беа Стефан Војчески (6 голови), Андреј Петрески (2 голови), Елмедин Шерифоски (1 гол), Дарио Јосифоски (1 гол), Матео Јорданоски (1 гол), Омер Али (1 гол), Димитар Кузманоски (1 гол)

– Овој натпревар исто така имаше големо значење за едно момче во нашите редови, а тоа е Стефан Војчески, златната „седумка“ на „ФК Кичево“ кој запиша и надмина „50 голови“ во лигата, а токму педесеттиот гол го прослави на карактеристичен начин, овозможен од управата на клубот, така што во оваа прилика и од нашата редакција му посакуваме само успеси и уште многу голови!

Игор Николаевскитренер на „ФК Кичево“ : „Со убедлива победа ја затворивме оваа сезона и ни претставува голема чест што го освоивме првото место во лигата и се надеваме на поголеми успеси во наредните сезони. Ја користам оваа прилика да им честитам на сите момци, голема благодарност и до вас за неуморната соработка, што го следите буквално секој чекор на сите наши членови, нас како управа, се надевам дека така и ќе остане во иднина.“

Галерија преку нашиот објектив од денешната фудбалска сабота:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп11 часа

Хороскоп за вторник (23 април)

ОВЕН Само кога ќе помислите дека сте сфатиле сè, ќе откриете како се појави нешто ново. Слободно обрнете внимание на...

Македонија20 часа

Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle21 час

Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?

Времето кога ја вклучувате машината за перење секогаш може да го искористите за извршување други задачи, но и за одмор....

Магазин21 час

Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука

Иако го одложија воведувањето на промени кои нема да им се допаднат на корисниците, сепак на крајот нивниот потег доведе...

Автомобили21 час

Tesla отпушта повеќе од 10 отсто од својата работна сила

Tesla отпушта илјадници вработени. Со цел да ги намали трошоците и да ја зголеми продуктивноста, Tesla отпушта илјадници работници. Според...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (22 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Автомобили1 ден

„Toyota“ спрема нешто големо во автомобилизмот, еве за што станува збор..

Кога „Toyota“ подготвува нешто, секогаш е големо и го привлекува вниманието на целиот свет. Сега побара помош од две кинески...

Кичево1 ден

Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..

Веќе нешто повеќе од една година ултра популарниот „ATM Chiptuning Performance“, инаку светски позната тјунинг куќа која е синоним за...

Спорт2 дена

Голем ден за македонскиот билиард, кичевчанец помеѓу шампионите

Во Софија Бугарија, покрај голема конкуренција на јуниорски играчи од 6 држави 🇲🇰🇧🇬🇷🇸🇲🇪🇧🇦🇺🇦 на пиедесталот во две категории се искачија...

Кичево2 дена

(ФОТО) Прва фотографија од превој „Пресека“ према Охрид, алармантно!

Предмалку пристигна нашиот тим на превој „Пресека“ према Охрид од Кичево и може да се забележи алармантна состојба. Многу проаѓачи...

НАЈЧИТАНИ