Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Заглавени селани и викенд туристи молат за помош во с.Иванчишта – кичевско снег има повеќе од 70 цм и патот е непрооден

Предмалку до нашиот портал пристигнаа фотографии и видео запис од кичевското село Иванчишта кое буквално е отсечено од град Кичево. Видно загрижени за состојбата со непроодниот терен не известија дека стапиле во контакт со сите институции задолжени за чистење на снег како и официјалните иституции, ЦУК и останатите, но за сега остануваат заглавени во селото.
Најавената снежна бура овој крај го затрупа со речиси 70 цм снег, а фактот дека во селото има болни и изнемоштени лица на кои им треба и лекови, како и викенд туристи кои решиле да го посетат својот роден крај создава дополнителни проблеми кои час поскоро треба да бидат решени.
Во име на мештаните, преку нашето гласило како сервис на граѓаните апелираме што е можно побрзо да се пробие снежната покривка и да се прати механизација према с. Иванчишта додека не биде предоцна, или велат дека ќе мора сами да се организираат и да најдат решение..
Лице за контакт: 077 911 878 – Љупче
Кичево
Важна информација од Кичевска Парохија

Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 05.03.2021 година (петок) ќе се изврши општ Парастос (опевање на сите упокоени) во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево во 14⁰⁰ часот, а на 06.03.2021 година (сабота), кога е самиот ден Задушница, почнувајќи од 08³⁰ часот свештениците ќе ги посетат и старите и новите градски гробишта.
Поради тоа, сите оние кои ќе доаѓаат во петок да носат пченица, вино и лепче во храмот (истото важи и за оние кои ќе бидат молитвено на гробиштата).
Притоа препорачуваме да се почитуваат здравствените мерки со носење на заштитна маска и растојание.
Нека Човекољубивиот и Милостив Бог ги спомне нашите ближни кои се упокоиле со надеж во воскресение во Своето Царство, на Отецот, Синот и Светиот Дух.
Амин!
/кичевска парохија
Кичево
Неделна акција на прозиводи во АТВА Маркети – Кичево

АТВА Маркети продолжуваат со производите на акција и оваа седмица, купувајте и заштедете!
Кичево
Кичево и статистички на прво место во регионот за непочитување закон за маски, за 7 дена напишани дури 183 казни

Во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 53 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-13, Струга-09, Кичево-30, Дебар-01).
На нив им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19
Според статистичките податоци кои стигнуваат од СВР Охрид, изминатата седмица вкупниот збир на напишани казни поради непочитување закон за заштита на лицето (носење маска) изнесува 183 што практично укажува за максимална не одговорност.
Надлежните органи во координација со медиумите, апелираат да се почитуваат пропишаните мерки за Ковид-19.
Извор: СВР Охрид
-
Кичево14 часа
Важна информација од Кичевска Парохија
-
Случувања2 дена
(ВИДЕО) Страшни снимки од силниот земјотрес кој ја погоди Грција предмалку, истиот почуствуван и во делови од нашата држава
-
Македонија3 дена
Нови 726 случаи на Ковид-19, починале 7 лица од кои 2 се од Кичево
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (3 март) среда
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за денес (4 март) четврток
-
Временска прогноза3 дена
Следува промена на времето и пад на утринските температури, за време на викендот дожд на секаде во државата, детали..
-
Кичево2 дена
Неделна акција на прозиводи во АТВА Маркети – Кичево
-
Случувања1 ден
(ВИДЕО) Од низата снимки кои се појавија од земјторесот во Грција, на оваа се гледа морничавиот момент, бутикот се помести од своето земјиште