Следете не

Кичево

(ФОТО) Зимска идила на превој „Стража“, ова е моменталната состојба

Avatar

Објавено пред

на

На превој Стража моментално сообраќајот се одвива без пречки. Може да се забележи вистинска снежна идила, но врнежите од снег се со мал интензитет и не се задржуваат на коловозот.

УХМР за утре најавува дека ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Кичево

ТППЕ Кичево спречи поголем пожар во с.Туин кичевско, моменталната штета се проценува 10 хектари

Avatar

Објавено пред

на

На 02.08.2020 во 11:45 часот во Полициско одделение Осломеј било пријавено дека во атар на с.Туин, кичевско настанал пожар во кој биле опожарени околу 10 хектари ливади и ниска стеблеста шума.

Пожарот е изгаснат од противпожарна единица од Кичево.

Извор: МВР / СВР Охрид

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

Поради дефект утре овие кичевски улици ќе бидат без вода 7 часа

Avatar

Објавено пред

на

ЈП „Комуналец„- Кичево ги известува граѓаните кои се снабдуваат со вода за пиење од градскиот водовод на Општина Кичево дека на ден 29.07.2020 (среда) од 08:00 до 15:00 часот ќе има прекин на водоснабдување на ул. Магистрален пат од објектот Пожарна до Лукоил, ул.Арсо Војвода и ул. Никола Карев поради санирање на дефект – стои во известувањето на ЈП Комуналец – Кичево

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ГАЛЕРИЈА) Успешна организација на „Track 2 Days“ во Кичево за сите љубители на автомобилизмот преку слободен тренинг

Avatar

Објавено пред

на

Вчера и денес „Custom Car Racing Team“ од Скопје успешно за прв пат организираа „Track 2 Days“ во Кичево со посебен протокол поради пандемијата од Коронавирусот почитувајќи ги пропишаните мерки за носење на заштитна маска и држење растојание, како и без верната публика кај која мора да се признае дека интересот беше голем.

Овој тип на слободни тренинзи или возења на затворена патека за професионалните возачи со тркачки автомобили и за оние кои немаат тркачки автомобил претставува вистинско задоволство, дружење и своевремено тестирање на своите перформанси на возилото без притоа да нарушат безбедност во околината.

Ваквиот вид на настани ке биде се почесто организиран од наша страна за да ги едуцираме сите за безбедноста на патиштата и брзините да ги почуствуваат безбедно на затворена патека бидејќи „Улиците не се тркачка патека“.

– Оваа прилика исто така ја користиме да ги поздравиме сите кои зедоа свое учество покрај скопските клубови – „Urban street car club ohrid“ од Охрид, домаќините „Car Club – Кичево“, и вашиот тим од ПОРТА.мк кој максимално се потруди медиумски да го покрие овој настан – за нашиот портал изјавија од „Custom Car Racing Team

Посебна благодарност упатуваме до нашите членови од „Car Club – Кичево“ – Симе & Иван како и Бојан Тодороски – Боле од Скопје кој во знак на почит према делото и постоењето на ПОРТА.мк ги брендираа своите возила со нашето лого.

Во прилог ви го претставуваме „Track 2 Days“ преку нашиот објектив, до следно видување, спортски поздрав!

 

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МагазинПред 21 минута

Колку долго треба да трае сексот? „Ова е магичната бројка“

И додека сексуалните преференци и интереси можат значително да се разликуваат од личност до личност, колку долго треба да трае...

ЗабаваПред 2 часа

Не смеете да ги правите овие 6 работи пред спиење!

Шест изненадувачки работи што не треба да се прават пред спиење, инаку ве чека непроспиена ноќ! ТОПОЛ ТУШ – Ја...

МагазинПред 2 часа

Еве како да го победите стравот од летање

Еве неколку корисни совети кои можат да ви помогнат да го надминете стравот што (веројатно) прилично ве спречува во животот....

ХороскопПред 14 часа

Дневен Хороскоп (10.08) понеделник

ОВЕН Можеби ќе направите некоја грешка на деловно поле. Внимавајте брзоплетоста да не ве чини многу. Не ви е лесно...

МакедонијаПред 20 часа

До денес во Кичево 196 случаи – 116 активни, по градови бројките на дистрибуција на Коронавирус се следни

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11839, бројката на оздравени пациенти е 7664,...

МакедонијаПред 21 час

Денес 85 новозаразени, 7 нови и 7 излечени од Кичево, носете маски, спречете ширење на Ковид-19!

Во последните 24 часа се направени 1188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 32 -Куманово...

МакедонијаПред 23 часа

Максимално не почитување на законот за носење маски во Охрид и Кичево

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 78 прекршоци за неносење...

Здравје и убавинаПред 1 ден

До рамен стомак за само 7 дена

Да се разбериме, ние не ветуваме дека за само 7 дена ќе ги имате мускулите и стомачните, за што сте...

Здравје и убавинаПред 1 ден

Имате астма? Намалете ја телесната тежина!

Дебелите возрасни кои губат вишок килограми ги намалуваат своите симптоми на астма, објавија канадските научници. Истражувачите од Универзитетот во Отава...

Живот и стилПред 1 ден

Како да се одмориме со само неколку часа спиење?

Се будите тешко, и сте често уморни кога ќе излезете од кревет? Намалете го спиењето и ќе бидете свежи и...

НАЈЧИТАНИ