Компанијата „Дизајн голд“, партнер на фудбалскиот клуб Пари Сен-Жермен, најави дека на сите играчи ќе им подели кутија за „Ајфон“ изработена од 24-каратно злато, во чест на победата во францускиот шампионат 2019/20.

Кутиите ги содржат имињата на играчите, нивниот број на дресот и логото на Лига 1.

ПСЖ беше прогласен за шампион пред одигрување на сите натпревари од сезоната, бидејќи првенството е прекината поради коронавирусот.

Парижаните беа во предност, пред второпласираниот Марсеј со 12 бодови.