Кичево
(ГАЛЕРИЈА) „Car Club – Кичево“ со мини-манифестација и трпеза ја заокружија 2019 година

Членовите и одборот на нашиот кичевски клуб „Car Club – Кичево“ ја заокружија успешно изминатата 2019 година.
Претседателот г-дин Тане Данилоски на оваа мини-манифестација и скромна трпеза свечено додели плакети за благодарност до сите членови за одвоениот пред се придонес, учества во најразлични собири претставувајќи го клубот.
Упатуваме честитки и од нас момци, остануваме ваш медиум да ве следиме секаде и заеднички во новата 2020 да бележиме уште поголеми успеси, како на домашен така и на меѓународен терен.
Галерија преку нашиот објектив:
Кичево
В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани

Поради смртта на трагично загинатите во пожарот во Кочани, во сабота ќе се богослужи Заупокоена Литургија со почеток од 08:00 часот во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ во Кичево.
Сите треба молитвено да земеме учество и во мир да се помолиме за упокоение на душите на починатите, а за здравје на оние кои се лекуваат, затоа што само така се покажува христијанскиот мир и свесноста за преумување, истакнаа од кичевската парохија.
Кичево
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета

Предмалку спречена поголема огнена катастрофа во кичевското село Лазоровци. Имено од за сега нејасни причини избувнал пожар во плевна и гаража со автомобил. По добиената информација од терен – Порта.мк веднаш стапи во контакт со службените лица од Територијалната противпожарна единица од Кичево кои ни ја потврдија информацијата за точна.
– Избувнатиот пожар е ставен под контрола, причинета е за среќа само материјална штета. На терен дејствувавме со 3 камиони и 15 пожарникари, нема простор за паника, за Порта.мк истакнаа од ТППЕ Кичево.
Повеќе очекуваме утре во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани

Во рамки на денешниот ден кичевчани оддадоа почит за трагично загинатите во траорната несреќа која се случи во ноќниот локал во Кочани, каде загинаа најмалку 59 лица, а речиси над 160 се на лекување. Македонија и регионот не памети поголема катастрофа во поновата историја.
Денес во сите градови ширум државата во знак на почит према прерано згаснатите животи се организираат мирни маршеви и собири, во Кичево во организација на група ученици од кичевската гимназија истиот се реализираше во 12:00 часот.
– Маршот беше со збирно место од пред ОСУ „Мирко Милески“, така што поворката се движеше преку булевар „Ослободување“ за на крај да заврши на градскиот плоштад, каде присутните со едно минутно молчење, положија свежо цвеќе и запалија свеќи со молитви за мир на душите од починатите.
– Нашиот медиум уште еднаш ја користи оваа прилика да изрази најдлабоко сочувство до најблиските засегнати во оваа катастрофа, на повредените посакуваме што побрзо закрепнување и враќање во домовите со нивните најблиски.
Во прилог тажна галерија од денешниот настан, која просиме од Бога да биде последна!
-
Кичево1 ден
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета
-
Хроника1 ден
Филип успеал да излезе, но се вратил во огништето по другарка, потоа никогаш не излегол надвор
-
Хроника8 часа
Странските медиуми со траорни фотографии и директни преноси известуваат од Кочани и покрај најострата и недвосмислена осуда на Владата!
-
Хроника12 часа
Ана Костадиновска за прв пат се огласи на фејсбук и прости од своето второ семејство
-
Хроника10 часа
МВР ги овјави имињата на трагично загинатите во Кочани
-
Скопје14 часа
МВР експресно ги лиши од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје
-
Кичево12 часа
В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани
-
Македонија1 ден
Предмалку земјотрес почуствуван во источна Македонија