Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Општинската зграда на бул. Ослободување во Кичево е најукрасената за оваа година, „БИОДЕНТ“ втори со прекрасна новогодишна декорација

Во пресрет новогодишната ноќ, изминувајќи старата, а на врата новата 2020 година, како што најавивме за прв пат се одлучивме да ја разбиеме монотонијата и поттикнеме поубава атмосфера во нашиот град „сами“ преку вашите домови и вашите најразлични декорации, со илјадници сијалички обвиткани околу терасите, дрвцата и прозорците на куќите, но и со светлечки фигури на Дедо Мраз, Снешко, успеавме да направиме една мини-галерија, додавајќи ги вашите испратени фотографии..
За најубаво накитен објект ја одбравме незаменливата Општинска „жолта“ зграда како што популарно ја нарекуваат кичевчани на самиот булевар, која не поминува година а станарите да не ни најават први дека токму доаѓаат новогодишните празници, вистински пример за тоа како изгледа и негува еден украс традиционален со векови. Секоја чест за станарите и пријателите кои живеат во овој објект!
Веднаш второ место доделуваме на Ване и Вале, домаќините од реномираната стоматолошка ординација ПЗУ „БИОДЕНТ“ 1 од Кичево кои оваа година решија посебно да не воодушеват сосема случајно при редовна посета како нивни редовни пациенти!
И трето место доделуваме на домаќинското семејство кај Марија и Дејан Мисајлевски кои квалитетно се потрудиле да ги израдуваат своите најмили и посетителите кои минуваат покрај нивниот дом. Секоја чест!
Останатите случајни фотографии кои беа дел од нашата галерија како позитивни новогодишни обележја ви ги презентираме подолу, среќни новогодишни и божиќни празници кичевчани каде и да сте! 🙂

РЦУК (Регионален центар за управување со кризи) – Кичево
Кичево
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..

На 05.02.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени акциски контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале вкупно 87 возачи управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-17, Струга-32, Кичево-37, Дебар-01).
Против нив се поднесени соодветни платни налози.
Известуваат од МВР.
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Македонија2 дена
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата
-
Занимливости17 часа
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Кичево57 минути
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Скопје24 часа
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје