Следете не

Македонија

(ГАЛЕРИЈА) Тетовски Љуботен под снежна идила денес

Avatar

Објавено пред

на

Пристигнаа првите снежни фотографии од тетовски Љуботен

ФОТО: Димитар Ј.

Фб група: Патувања низ Македонија 🇲🇰

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Македонија

Намалена видливост поради густа магла на превој Стража

Avatar

Објавено пред

на

Од извори кои патуваат преку планинскиот превој Стража не известија дека сообраќајот е отежнат поради густа магла, така што апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на движење согласно условите на патот.

Ваквите услови и временски прилики од возачите бараат посебна внимателност и прилагодена брзина на возење.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Македонија

Епидемиологот за нашиот регион Д-р Тони Коњановски е позитивен на Ковид-19

Avatar

Објавено пред

на

Д-р Тони Коњановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Битола, вечерва на својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на Ковид 19.

„Во деновиве на премрежија кога сега како Ковид 19 позитивен, ја споделувам судбината на многумина мои сограѓани и пријатели со кои болеста не поврзува, пред се би сакал да се заблагодарам на поддршката на пријателите и останатите кои ме познаваат зошто нели со пријателите и доброто и злото полесно поминуваат. Сега кога сум на “оваа страна од барикадите” жалам што како и многумина мои колеги, понесени од одговорноста да помогнеме и да ги заштитиме другите, не успеавме самите “да се довардиме”, но тоа е ризикот на оваа професија, за која воопшто не жалам. Им се извинувам на сите на кои не можевме да им помогнеме или бев недостапен да ме контактираат, но верувајте и покрај сите напори не можев на сите да ви одговорам.
Во моменти кога Македонија ги руши сите црни рекорди и статистики, кога во Битола во континуите веќе четврта недела по ред бројот на Ковид 19 позитивни надминува 300, а од недела во недела се зголемува и бројот на починати како последица на Ковид 19 инфекција, кога се поголем број на мои колеги се позитивни и во изолација и кога здравствениот систем до максимум ги има исцрпено сите капацитети, здравствените авторитети треба конечно во свои раце да ги земат работите. Време е за храбри одлуки (иако лично сметам дека како и досега касниме две-три недели), за одговорност, време да се земе палката од рацете на луѓе на кои главата им служи за кршење на ќерамиди и да донесат непопуларни, но храбри одлуки. Не треба човек да биде премногу паметен, нити кој знае каков експерт, само треба да ги согледа параметрите, епидемиолошките показатели и статистиката.
Во многу поорганизирани земји од опкружувањето, вакви и порестриктивни мерки веќе неколку недели се во важност. Да се биде одговорен пред нацијата а здравјето на граѓаните да биде Прв приоритет без разлика на последиците по себе, е императив на секоја државн политикаите и најбитно во моментов.

1. Преминување на on line наставата во основните, средни училишта и факултетите. (разгледување на можност за продолжен зимски распуст).
2. Затворање и прекин на работата на сите кафетерии, кафичи, кафеани, ресторани и сл. (Освен оние кои можат да организираат шалтерска услуга или достава на храна), во траење од најмалку три недели.
3. Времен прекин на работа на кладилници, спортски обложувалници и казина.
4. Организиран и регулиран влез во маркети и продавници (определен број на посетители согласно просторниот капацитет на објектот. Позитивно искуство од времето на карантинот).
5. Итен прекин на маркетинг камањите од типот “Black Friday”, кои ако продолжат со ова темпо за десетина денови ќе испорачаат навистина “Црн резултат”.
6. Како последна мерка во низот доколку предходните немаат ефект “Викенд карантини” ( Петок 17.00- понеделник 05.00) во текот на месец Декември.
П.с. Овие мерки секако подразбираат и економска поткрепа на сите кои ќе ја изгубат работата и ќе останат дома.
На крај за сите добронамерни, за сите желни за Љубов, за сите кои заборавивме и им фали насмевка, гушкање и убав збор, за сите болни и немоќни…за сите убави луѓе кои месеци живеат под маски, ведра песна и убав збор од наше дете, Македонче, Битолчанче…Уживајте“ напиша д-р Коњановски.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Македонија

Денеска од 2019 тестирања, нови 820 случаи, починале 32 лица

Avatar

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 279
-Куманово 49
-Штип 39
-Прилеп 15
-Тетово 42
-Струга 33
-Велес 19
-Битола 58
-Охрид 24
-Кавадарци 34
-Гостивар 37
-Гевгелија 25
-Струмица 25
-Крива Паланка 6
-Радовиш 7
-Кочани 15
-Пробиштип 10
-Демир Хисар 2
-Македонски Брод 1
-Пехчево 3
-Берово 14
-Валандово 11
-Виница 6
-Делчево 15
-Кратово 3
-Свети Николе 15
-Кичево 11
-Ресен 1
-Неготино 21
Починати се 32 лица, единаесет пациенти од Скопје (73, 68, 72, 83, 77, 78, 62, 63, 88, 55, 56г), четири од Куманово (89, 95, 63, 57г), тројца од Прилеп (65, 59, 79г), еден пациент од Тетово (83г), еден од Велес (67г), тројца од Битола (77, 53, 62г), еден од Охрид (75г), тројца пациенти од Гостивар (59, 76, 66г), еден од Гевгелија (74г), тројца од Струмица (57, 68, 76г) и еден пациент од Ресен (61г). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 895 оздравени пациенти од:
-Скопје 496
-Куманово 39
-Штип 32
-Прилеп 37
-Тетово 29
-Струга 26
-Велес 26
-Битола 18
-Охрид 33
-Кавадарци 17
-Гостивар 31
-Гевгелија 8
-Струмица 17
-Радовиш 3
-Крушево 4
-Кочани 13
-Пробиштип 2
-Демир Хисар 2
-Македонски Брод 3
-Пехчево 3
-Берово 4
-Валандово 8
-Виница 5
-Делчево 1
-Кратово 6
-Свети Николе 8
-Кичево 8
-Ресен 7
-Неготино 9
Досега во земјата се направени вкупно 331.105 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61543, бројката на оздравени пациенти е 38400 на починати е 1731, а бројот на активни случаи изнесува 21412.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 9 часа

Намалена видливост поради густа магла на превој Стража

Од извори кои патуваат преку планинскиот превој Стража не известија дека сообраќајот е отежнат поради густа магла, така што апелираме...

ХороскопПред 10 часа

Денешен Хороскоп (30.11) понеделник

ОВЕН Размислувате за вашите принципи и сфаќате дека правите некои грешки. Сметате дека ги спуштате вашите стандарди и тоа не...

МакедонијаПред 13 часа

Епидемиологот за нашиот регион Д-р Тони Коњановски е позитивен на Ковид-19

Д-р Тони Коњановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Битола, вечерва на својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен...

МакедонијаПред 13 часа

Денеска од 2019 тестирања, нови 820 случаи, починале 32 лица

Во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 279 -Куманово...

МакедонијаПред 15 часа

(ФОТО) Моментално интензивни врнежи од снег се бележат на Попова Шапка

Како што може да забележиме од поставените онлајн камери на Попова Шапка, моментално врне интензивно снег, нешто со мал интензитет...

Временска прогнозаПред 18 часа

Од ноќеска локален дожд и снег, утре услови за снег и на пониските места

Во текот на претстојната ноќ ќе има повремен локален дожд и снег на планините. Поради спуштање на значително постудена воздушна...

МакедонијаПред 19 часа

Пронајден и приведен крадецот кој ја направи кражба во црквата „Св.Илија“ во с.Велгошти – охридско

Поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кражби и тешки кражби во цркви на подрачјето на Охрид и Дебарца,...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп [29.11] недела

ОВЕН Ве очекува солидна ситуација. Работата ви оди во стабилен правец и сѐ е во најдобар ред. Иако партнерот го...

Живот и стилПред 2 дена

Како годините влијаат врз плодноста на жените

Женската плодност значајно се намалува по 32-та година од животот, а уште повеќе по 37-та година, порачуваат експертите. – Оваа изјава...

МакедонијаПред 2 дена

Нови 1022 ковид-19 случаи, починати 41 лице, во Кичево регистрирани 36, апел за почитување на мерките за носење лична заштита

Во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 463 -Куманово...

НАЈЧИТАНИ