Следете не

Здравје и убавина

Газираните пијалаци го уништуваат мозокот

Avatar

Објавено пред

на

Долготрајното пиење на газирана вода ги менува хемиските процеси во мозокот и влијае на однесувањето.

Газираните пијалаци го уништуваат мозокот, покажа најново истражување. Судејќи според резултатите, дејството на газираните пијалаци на мозокот е слично како она што врз него го вршат Алцхајмеровата болест или ракот, со оглед на тоа дека доаѓа до мозочна хиперактивност и промена на размената на протеини.

Истражувањето било вршено врз животни, при што една група имала задача да пие засладена газирана вода, додека друга пиела обична вода. Се покажало дека газираните пијалаци во голема мера влијаат на физичкото и на психичкото здравје.

Долготрајното пиење на газирана вода ги менува хемиските процеси во мозокот и влијае на однесувањето. Она што најмногу загрижува во целата приказна е тоа што голем број на луѓе во светот секојдневно ги конзумираат овие пиајлоци.

Други истражувања претходно покажаа дека газираните сокови го зголемуваат ризикот од срцев удар, дијабетис, прекумерна тежина, рак на панкреасот и простатата, но и проблем со коските и со мускулите.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Здравје и убавина

Мед и Куркума препарат против рак

Avatar

Објавено пред

на

Мешавината од мед и куркума е позната и како Златна мешавина. „Златна“ е поради своите големи здравствени предности, но и поради изгледот кој потсетува на овој скапоцен метал. Куркумата и медот имаат силни антивоспалителни и антиканцерогени својства.

Му помагаат на телото во уништувањето на многубројните видови на бактерии кои се предизвикувачи на болести и ја зголемуваат природната отпорност на организмот.

Куркумата содржи куркумин (природна активна состојка) која делува на повеќе од 150 различни болести.

Состојки: 1 чајна лажица изрендана кора од лимон, 1 чајна лажица куркума, 100 гр мед, 2 чајни лажици јаболков оцет, прстофат бибер.

Подготовка: Во сад помешајте ја куркумата, јаболковиот оцет и биберот. Додадете рендана лимонова кора и мед. Добро промешајте ги сите состојки додека да добиете хомогена смеса. Смесата ставете ја во стален сад во фрижидер.

Дозирање: Една супена лажица секое утро на празен стомак. Ставете ја во уста и оставете ја да се стопи, а потоа проголтајте. Почекајте неколку минути и испијте една чаша вода.

Овој микс им се препорачува на оние кои боледуваат од хемофилија и хипертензија, затоа што куркумата го намалува ризикот од згрутчување на крвта и го регулира крвниот притисок.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Здравјето започнува од устата

Avatar

Објавено пред

на

Болните и проблематични непца се поврзани со низа болести, чие рано препознавање и лечење може да го сочува здравјето на пациентот и да спречи напредок на болеста.

Најновите истражувања покажаа дека пациентите кои боледуваат од некоја форма на пародонтна болест, односно имаат воспаление на непцата, изложени се на ризик од кардиоваскуларни болести и проблеми со крвотокот и нервниот систем, инфекции на респрираторниот систем, компликации во бременоста, ревматоиден артритис, дијабетес, остеопороза, па дури и зголемен ризик од тумори. Научните истражувања докажаа поврзаност и со Алцхајмеровата болест и болестите на дигестивниот систем, бубрезите и простатата.

Докажано е дека лицата со пародонтални проблеми во устата се поврзани со наведените болести и дека можат да предизвикаат нивен напредок. Докторите најчесто знаат да кажат дека здравјето на целото тело започнува од устата и затоа не ги занемарувајте посетите на стоматологот.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овие три природни начини ќе ви помогнат доколку ви излезе јачмен на очниот капак

Avatar

Објавено пред

на

Јачменот е мал израсток на очниот капак предизвикан од бактеријата Staphylococcus Aureus и често оваа состојба е многу болна и непријатна, а може да се врати повторно на вашето око при пад на имунитетот. Кога ќе дојде до појава на јачмен, местото е болно и чеша. Доколку имате непријатност со јачмен применете ги овие 3 природни начини со цел да си помогнете…

Краставица

Таа делува противоспалително, ќе ви ја олесни иритацијата веднаш при нанесување на окото. Во себе содржи витамин К, Ц и Б1, калиум и бром кои ќе му помогнат на очниот капак да заздрави.

Компир

Компирот е многу погоден за јачмен затоа што делува против воспалително. Можете да го нанесете во кришки директно на јачменот или да направите паста од жив компир во блендер со малку вода. Оваа паста сигурно ќе го намали отокот и болката или како последна опција изрендајте малку жив компир и ставете го на инфицираното око.

Белка

За да го третирате јачменот на окото, најпрвин е потребно да ја одвоите белката од жолчката. Потоа белката ставете ја на стерилна газа и прекријте го окото со газата. Оставете ја облогата да отстои 15 минути, потоа измијте се. Оваа метода применувајте ја три пати дневно со цел побрзо да се ослободите од јачменот.

На јачменот можете да ставате и топли облоги од чај од камилица со цел тој побрзо да се исцеди и да ви помине.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 20 минути

Нема град во нашата држава во кој нема активни случаи на Ковид-19, над 100 во Кичево, вкупно 7,408 случаи, ова е листата по градови..

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, заедно со бројката од потврдените 561 заразени вчера. По градови редоследнот...

ХороскопПред 2 часа

Денешен Хороскоп (26.10) понеделник

ОВЕН Денес ќе биде вообичаен ден. Бидете повнимателни во сообраќајот. Ќе добиете нова информација во врска со некој правен проблем....

МакедонијаПред 6 часа

Нови 561 случаи на Ковид-19, починати дури 22 лица

Во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 271...

СпортПред 13 часа

Хабиб Нурмагомедов: Победата беше сон на татко ми!

Тоа беше сонот на тато, што повеќе да ви кажам. Џастин и Конор ќе се борат во јануари, но не...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (25.10) недела

ОВЕН Денес ќе биде вообичаен ден. Бидете повнимателни во сообраќајот. Ќе добиете нова информација во врска со некој правен проблем....

Временска прогнозаПред 1 ден

Од ноќва влажен воздушен бран носи локални врнежи од дожд кои утре ќе бидат застапени на секаде, ова се најновите детали за времето..

Во втората половина од оваа ноќ од северозапад и запад ќе навлезе влажен воздушен бран кој ќе услови повремени локални...

МакедонијаПред 1 ден

Нови 404 случаи на Коронавирус, 14 починати, црниот биланс продолжува..

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 172...

ВидеоПред 1 ден

(ВИДЕО) Уште е хит видеото каде таткото со свирење пијано го заспива бебето

Сеуште е голем хит видео записот каде таткото го заспива своето синче со пијано музика, доколку не сте го погледнале,...

СлучувањаПред 2 дена

Почина Амди Бајрам

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Жалната вест ја потврдија од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат....

МакедонијаПред 2 дена

Рекордно непочитување за носење маски, МВР издаде 983 казни

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 983 прекршоци. Министерството...

НАЈЧИТАНИ