Следете не

Кичево

Денес и утре во Кичево – Филмскиот фестивал „Џифони патува“

Објавено пред

на

Во Центарот за култура „Кочо Рацин” во Кичево со почеток од 10 часот денес и утре ќе се одржи Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува во Кичево“ како патувачки дел од фестивалот „Џифони Македонија“. Фестивалот е наменет на младата публика од 13 до 18 годишна возраст, пред се млади љубители на филм од средните училишта.

„Џифони патува” е проект кој преку ширење на идеите на културниот производ „Џифони” низ земјата и вклучување на поголем број на млади вљубеници во филмот и културата кои во текот на дводневните манифестации преку богата филмска и едукативна програма овозможува младите учесници да ја почувствуваат магијата на филмот и културата воопшто.

-Во текот на двата дена младите ученици ќе го гледаат филмови и ќе дебатираат под водство на актерот Сенад Абдули, кој ќе биде и ментор на актерската работилница. Работилницата за фотографија ќе ја води професорот Роберт Јанкулоски, а ментор на ликовната работилница ќе биде Моника Мотеска, соопштуваат од „Џифони Македонија“.

Фестивалската програма „Џифони патува“ во Кичево се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Кичево и Италијанската амбасада во Скопје.

„Џифони патува” досега се одржа во дванаесет градови во Македонија и тоа: Прилеп, Охрид, Битола, Штип, Тетово и Берово, Крушево, Велес, Струмица, Кочани, Струга и Гостивар, а оваа пролет во Кичево. Фестивалот во текот на мај ќе патува и во градовите Радовиш, Ресен и Куманово.

Со фестивалот „Џифони Македонија“, младите од нашата земја учествуваат на многу меѓународни фестивали за млади. Неодамна од 10 до16 април, четворица млади како претставници на Македонија учествуваа на Филмскиот фестивал „ТАОБА“ во Грузија. Во јули во рамки на 12 дена, десет ученици и двајца студенти ќе учествуваат на најголемиот фестивал за млади „Џифони Експириенс“ во Италија.

Кичево

Вчера двајца малолетници од Кичево нарушиле јавен ред и мир со физичка пресметка

Објавено пред

на

porta.mk

На 12.04.2024 година во 21.50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од еден врз друг малолетник, двајцата од Кичево.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера во атарот на село Зајас се запалила ниско стеблеста дабова шума и грмушки, апелираме за поголемо внимание!

Објавено пред

на

porta.mk (архива)

На 09.04.2024 год во 15:55 часот, во полициското одделение во кичевското село Зајас, е пријавено дека, во месноста „Нова населба“, атар на истото село, настанал пожар на површина на отворен простор од околу 3 хектари ниско стеблеста дабова шума и грмушки.

Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Инаку, порта.мк како и секоја година, така и оваа апелира до неодговорните и несовесни граѓани дека пролетта но и летото е погоден период за движење и работа во шума, излетниците и сите посетители на шумата, да внимаваат кога работат со лесно запаллив материјал бидејќи е доволна само мала искра за да се потпали сувата трева и друга нискостеблеста вегетацијана, да не се фрлаат цигари и отпушоци од цигари и догорчиња.

Исто така посебно внимание и во разни култури по нивите и полињата, при што најчесто на неадекватен начин се чистат нивите и палат отпадоците и стрништа, да внимаваат на шумите како добро од општ интерес и така што работите во шума да ги работат совесно и со особено внимание.

Со таквото внимание ќе си помогнеме и самите себе си, додека граѓаните како главен фактор соодветно да известуваат за рано спречување на пожари со дојава до надлежните институции.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО+ВИДЕО) Величествена прослава на Акатистот кон Мајката Божја Пресвета Богородица во Кичево

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Во манастирот Св.Богородица – Пречиста во Кичево се одржа третиот великопосен Акатист кон Пресвета Богородица, настан што со своето присуство го збогатија високопочитуваните Митрополити: г. Кирил Имвроски и г. Дамаскин Дидимотиски. Овој настан е одраз на длабоката духовна поврзаност и почит кон Родителката на Светлоста и вечниот пример на верност и благодарност кон Бога, Мајката Божја.

Свеченоста започна со традиционален пречек кој што беше приреден за високо-почитуваните гости, кон кои голема благодарност и почит за нивното присуство, во своето обраќање изрази владиката Партениј. Тој го истакна значењето на заедништвото во верата и благодарноста кон Пресвета Богородица за нејзината безусловна љубов и заштита.

Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, и Митрополитот на Дидимотика, Орестијада и Сулфи, г. Дамаскин, истакнаа дека нивното присуство во манастирот Пречиста е израз на единството меѓу православните христијани. Тие исто така зборуваа за значењето на жртвата и верноста кон Бога, како и за важноста на благодарноста и молитвата во секојдневниот христијански живот.

Настанот беше исклучителен пример на духовното единство и силата на православната вера, придружен со благодатна радост и заеднички молитви за мир. Тој ја утврди длабоката почит кон Пресвета Богородица, како извор на надеж и вечна утеха, но и историската и духовна важност на манастирот Пречиста, како место на молитва, подвиг и заедничарење, нагласувајќи ја неговата улога во одржувањето и промовирањето на православните христијански вредности.

Исто така со особена чест, преку нашиот медиум ве покануваме на сеноќното молитвено бдение во Манастирот на Светото Благовештение – Пречиста Кичевска, коешто ќе започне во денес, 6 април, во 20:30 часот. На наша голема чест и радост на бдението молитвено ќе присуствуваат Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската Патријаршија, Митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли г. Дамаскин од Црквата на Грција, како и Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Делчевско-каменички г. Марко и секако, нашиот Старец и Игумен, Епископ Антаниски г. Партениј, додека утре недела Света Архиерејска Литургија ќе биде отслужена одделно од бдението и ќе започне во 09:00 часот.

Благодатта на Пресветата Царица во нејзиниот Свештена Пречистанска Обител ги повикува сите да земат удел во радоста на манастирската слава.

Повеќе галерија погледнете на официјалниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle5 часа

Едноставна промена во вашата дневна рутина може значително да влијае на вашиот крвен притисок

Се обидувате да го намалите крвниот притисок? Секој ден седете малку помалку и ќе видите резултати, велат експертите. Новото истражување...

Магазин5 часа

Истражувањето открива дека повеќето луѓе имаат помеѓу 3 и 10 онлајн сметки, но вистинскиот број може да биде многу поголем

Сакале или не, онлајн сметките сега се составен дел од нашите животи. Бројот на онлајн сметки што некој ги има...

Магазин5 часа

iOS 18 воведува голем број нови функции кои ќе им се допаднат на корисниците

Првите функции за вештачка интелигенција ќе работат исклучиво на уредот, додека претстојните ќе го користат и „cloud“. Apple iPhone SE...

Магазин5 часа

Белгиска организација повторно го тужи Apple за намерно забавување на телефоните

Белгиската организација за заштита на потрошувачите Test-ash повторно ќе го тужи Apple за ажурирање на iPhone 6, иако компанијата знаеше...

Магазин5 часа

Facebook го ажурира видео плеерот

Facebook започна да пласира редизајниран видео плеер кој нуди вертикално искуство слично на TikTok на цел екран со контроли за...

Автомобили5 часа

Toyota напредува со solid-state батериите за електричните возила

Toyota напредува во развојот на батерии за електрични возила. Во трката за продолжување на животниот век и безбедноста на EV...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за понеделник (15 април)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Мобилни уреди1 ден

Дали новиот iPhone 16 ќе има помал капацитет на батерија?

Според медиумот MacRumors, врз основа на информациите од кинеската мрежа Weibo, новите податоци укажуваат на намалување на капацитетот од батеријата...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (14 април)

ОВЕН Собирате се што сте направиле во претходниот период, резултатите ве прават горди. Сè што треба да направите е да...

Спорт2 дена

Екипата на „ФК Кичево“ со денешната победа во Битола станаа шампиони во регионалната лига на ген. 2009

Денес во Битола се одигра одлучувачки дерби натпревар помеѓу екипите на ФК КИЧЕВО и Топ Гол од Битола. Големината на...

НАЈЧИТАНИ