Следете не

Без категорија

(ВИДЕО) Ѓоко Јовиќ и „Енерџи Бенд“ во живо собираа хуманитарни средства за Игор Петрески, поклон до земја и капа долу!

Објавено пред

на

Вечерва во Гостилница „ДОМА“ од Куманово, исполнета со хумани луѓе до последно место на „Енерџи Бенд“ и Ѓоко Јовиќ 15 минути се пееше во живо за нашиот Игор Петрески и се собраа околу 25.000 денари.

Нашиот апел, на маката од Игор допре до вас! Малку се зборови да се опише вашата хуманост браќа, Ви се поклонуваме и восхитуваме на вашиот хуманитарен чин, чин за пример кога е најпотребно

Од ❤ за Игор!

Вака изгледаат 15 минути хуманост на луѓе со голема душа, во живо преку официјалниот facebook профил на Ѓоко Јовиќ.

 

Нашата мисија не е завршена, продолжуваме, во исто темпо и се надеваме дека во што поскоро време ќе ги соберeме потребните финансиски средства заедно со вас!

☎️ Т-Mobile: 143106
☎️ VIP: 143600  

Денарска трансакциска сметка:

Шпаркасе Банка

Име и Презиме: Игор Петрески
250-0320004052 – 59

Име и Презиме: Игор Петрески

За сите кои живеат надвор од нашата држава отворена е и девизна сметка, на која ќе може да се направат финансиски прилив со назнака „За донации за Игор Петрески

SWIFT: INSBMK22
NAME: SPARKASSE BANKA MAKEDONIJA AD SKOPJE
CITY/COUNTRY: SKOPJE, MACEDONIA

NAME: IGOR PETRESKI
IBAN: MK07250322220204189
ADDRESS: UL. MIRCHE ACEV BR.D/2-13 OHRID0401979433004

Сите кои сакаат да контактираат повеќе, информации или било што во врска со лекувањето, донациите и сл. може тоа да го направат на електронската пошта [email protected][sg_popup id=”25547″ event=”onLoad”][/sg_popup]

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт33 минути

(ФОТО) „ФК Кичево“ со денешната победа ја потврди шампионската титула во регионалната лига за гененерација 2009, честитки за поголеми успеси!

Денес се одигра и последното 14-то коло во рамките на регионалната лига „југо-запад“ за 2023/2024 год, генерација 2009 каде нашата...

Спорт5 часа

ФФМ денес одржува редовно генерално собрание, каде свое обраќање имаа претставници на УЕФА кои ја пофалија досегашната работа и залагање за фудбалскиот развој

Фудбалската федерација на Македонија го одржува своето Редовно генерално Собрание. На Собранието пред присутните 58 од вкупно делегати, свое обраќање...

Спорт8 часа

Олимписките федерации против паричните награди за освојувачите на златни медали на „ОИ“ во Париз

Олимписките спортски организации вчера ја критикуваа Светската атлетика која на спортистите им вети по 50.000 долари за секој освоен златен...

Спорт15 часа

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов трајно суспендиран да суди и да присуствува на тениски настани организирани од ИТИА

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов е доживотно суспендиран поради 21 прекршувања на тениската антикорупциска програма (TACP), извести вчера Меѓународната агенција...

Временска прогноза15 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за сабота (20 април)

ОВЕН Се чувствувате одлично и ќе треба да го споделите вашиот оптимизам со другите, но исто така и финансиите. Само...

Балкан18 часа

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа

Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во...

Кичево19 часа

(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..

После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега...

Спорт1 ден

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка...

Гејминг1 ден

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

НАЈЧИТАНИ