Спорт
Готово е, Игор Ангеловски ќе ја предводи нашата фудбалска репрезентација на ЕП!
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го потврди новиот договор со селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски.
Раководството на ФФМ и селекторот Игор Ангеловски ги усогласија ставовите околу новиот договор и досегашниот предводник ќе биде на селекторското место на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство 2020. кое ќе се одигра во јуни оваа година.
– Како што ветивме пред јавноста за нашиот прв избор за селектор, денеска потврдуваме дека го продолжуваме патот кон успехот. Со Игор лесно се договоривме за сите детали околу продолжување на соработката бидејќи и кај него и кај нас владееше позитивно расположение успехот што го направивме да го продолжиме заедно. Ние сме професионалци и знаеме дека добрите резултати даваат поголема шанса за задржување на некоја позиција. Горди сме на сѐ што направивме како репрезентација и федерацијата ќе продолжи да обезбедува најдобри услови за работа, како што впрочем беше и досега.
Селекторот со својот стручен штаб во одлична атмосфера сега треба да се подготвуваат за квалификациите за Светското првенство и Европскиот шампионат. Сите ние посакуваме да нѐ поведат кон нови успеси. Верувам дека Македонија ќе го покаже вистинското лице и праќам апел до целата нација и сите навивачи да бидеме сложни и да покажеме единство.
Пласманот на Европското првенство е сон за секое дете, а фудбалерите сега имаат исклучителен мотив за нови победи. Сега треба да помогнеме сите, на било кој начин, а потоа ќе зборуваме за нашиот пласман на ЕУРО 2020 и колку тоа значи за иднината на македонскиот фудбал, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
– Благодарност до претседателот на федерацијата и Управниот одбор за довербата. Не се сомневам дека репрезентацијата, како и досега, ќе ги има најдобрите услови за работа.
Ќе го вложам сиот свој потенцијал да возвратиме со добри игри и да ја продолжиме успешната резултатска низа. Како што ветив и пред јавноста, сѐ она што ми беше понудено во форма на договор го прифатив, а националниот го ставив пред личниот интерес. Благодарност до капитенот, фудбалерите од репрезентацијата и јавноста за поддршката.
Верувам дека сите заедно и сложно повторно ќе се радуваме на големи победи, а овој пат ќе славиме сите заедно низ улиците на нашиот град и нашата држава, изјави селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски.
Спорт
Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин
На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусловно изразија поддршка за претседателот на УЕФА, Чеферин и неговата администрација.
Додека нашата, Фудбалската федерација на Македонија заедно со десет национални асоцијации членки на УЕФА од Југоисточна Европа денеска на состанок во Тирана ја потврдија безусловната поддршка за претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
На регионалниот состанок чиј домаќин беше Албанската фудбалска Асоцијација, главниот фокус се однесуваше на критичните аспекти на стратегијата за развој на фудбалот на УЕФА како што се: идниот формат на клупските натпреварувања на УЕФА по 2024 година и новата програма за солидарност.
Исто така, се дискутираше за прашања кои се однесуваат на судењето на натпреварите, споделување податоци и финансиски анализи, потоа предизвици околу првенствата кои влегуваат во системите за обложување и можности кои се појавуваат за државите / асоцијациите.
Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Турција и Албанија со свои претставници беа дел од регионалниот состанок во Тирана.
По дискусиите за наведените теми, националните асоцијации навлегоа во дискусии за иднината на европскиот фудбал. Сите присутни едногласно изразија непоколеблива поддршка за претседателот Чеферин и администрацијата на УЕФА.
Фудбалската федерација на Македонија на состанокот во Тирана беше претставувана од претседателот, Муамед Сејдини, генералниот секретар, Наталиа Илиевска Божиновска и членот на Управниот одбор, Владимир Гашевски, за јавноста истакнаа од Федерацијата.
Спорт
Може ли Барса да го преживее Париз? Ќе му одолее ли Атлетико на „жолтиот ѕид“ ?
Каталонскиот тим успеа да дојде до предност на „Паркот на принцовите“ и може малку поудобно да влезе во мечот на домашен терен. Барса исто така успеа да го совлада ПСЖ со 3:2 во првиот четвртфинален натпревар.
Натпреварот беше исклучително интересен со многу пресврти. Избраниците на Чави Ернандез успеаја да поведат во 37. минута со голот на Рафиња. Сепак, следеше пресврт на ПСЖ, со головите на Усман Дембеле во 48. минута и на Виња во 51. минута.
Се чинеше како парижаните да имаат се во свои раце, но Барса уште еднаш успеа да изненади. Рафиња израмни во 62. минута, а Кристенсен во 77. им донесе победа на Каталонците и предност пред реваншот.
Барселона успеа да го запре Килијан Мбапе, кој го одигра еден од најлошите натпревари во сезоната. Пред овој дуел Барселона во саботата го совлада Кадиз со минимален резултат, а стрелец беше Жоао Феликс, додека ПСЖ немаше обврски за викендот.
Избраниците на Луис Енрике имаа уште малку време за одмор и подготовка за натпреварот во Шпанија. Шпанскиот првак десет години чекаше на нов трофеј во Лигата на шампионите, а толку помина откако го играа последното финале.
Чави Ернандез би можел да си замине од Барселона на триумфален начин, со титула во Лигата на шампионите.
– „Како клуб имаме одлична можност. Играме дома, тоа е голем фактор во наша корист. Може да има магични ноќи на Монжуик, исто како на Камп Ноу. Имам чувство дека тоа ќе биде натпревар Слично како и првото, нема да шпекулираме, а ние ќе треба да најдеме простор и да ја покажеме нашата лична сила и да се пласираме во полуфиналето. Имаме многу ентузијазам и желба“, вели Чави.
Од друга страна, ПСЖ никогаш во историјата нема освоено елитно европско натпреварување, а со оглед на тоа што трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е речиси сигурен на крајот од сезоната, ова му е последна шанса да освои трофеј.
Ќе видиме дали ПСЖ има сили да се сврти на Камп Ноу. Да потсетиме, Барселона во сезоната 2017 успеа да надмине негатива од четири гола и да се пласира понатаму. Според експертите, Барселона е благ фаворит пред овој дуел. Победникот од овој дуел потоа ќе се соочи со подобриот од двомечот Борусија Дортмунд-Атлетико Мадрид.
Борусија Дортмунд го пречекува Атлетико Мадрид по поразот во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите во Шпанија. Мадриѓаните имаат предност од 2:1 пред дуелот на „Сигнал Идуна Парк“.
Дортмунд не успеа да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите од времето кога Јирген Клоп беше главен тренер во 2012/13 година. Од друга страна, Атлетико го чека седум години. Последен пат беа поразени во полуфиналето од Реал Мадрид во сезоната 2016/17.
Оваа година направија голем подвиг кон тоа. На домашен терен победија со 2:1, поведоа со голот на Родриго де Пол во четвртата минута, а го удвоија водството во 32. минута. Стрелец на голот беше Самуел Лино. Сепак, Борусија успеа да се врати во мечот и со гол зад себе да ги пречека „јорганџиите“. Голот во 81. го постигна Себастијан Але, кој го пропушта реваншот.
Од друга страна, стрелецот на вториот гол, Бразилецот Лино, го пропушта натпреварот поради жолти картони, а Атлетико поради повреда нема да може да смета ниту на Мемфис Депај.
Главната предност може да биде предност на домашен терен. Покажаа дека сезонава можат да се борат против поголеми противници на сопствениот стадион. Главен показател е ремито со Милан и Пари Сен Жермен, како и победата против Њукасл и ПСВ во осминафиналето (2:0). Пред овој дуел тие успешно ја совладаа Борусија во Менхенгладбах со 2:1.
Од друга страна, Атлетико беше сигурен против Жирона (3:1) во малото дерби на Ла Лига. Еднаш се сретнаа на „Сигнал Идуна Парк“, на првиот меѓусебен меч, во сезоната 2018/19, кога Борусија победи со 4:0.
Сигурно ни претстои возбудлив фудбал!
/b92.net
Спорт
Екипата на „ФК Кичево“ со денешната победа во Битола станаа шампиони во регионалната лига на ген. 2009
Денес во Битола се одигра одлучувачки дерби натпревар помеѓу екипите на ФК КИЧЕВО и Топ Гол од Битола. Големината на натпреварот ја оправдаа двете екипи со одлична игра, жестока борба, дуели и убави голови и акции.
Нашата екипа славеше со резултат од 2:1(1:1), иако за првото шампионско место ни беше доволен само бод.
Овој меч исто така беше пред последен, односно останува уште едно коло до самиот крај.
– Максим Николаевски – тренер на ФК Кичево:
– Честитки за сите фудбалери кои дадоа придонес во овој голем успех за нашата екипа и нашиот град. Уште еднаш покажавме дека напорната работа и залагање секогаш вродува со плод.
Оваа шампионска приказна која ја пишуваме нема крај и ќе биде мотив за помалите наши генерации да ги повторуваат овие достигнувања во Македонија, а зошто не и подалеку!
Сите почести за овие златни момчиња!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (16 април)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (17 април)
-
Магазин11 часа
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт23 часа
Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин
-
Магазин11 часа
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници
-
Магазин11 часа
Samsung Galaxy Z Fold 6 ќе биде потенок и полесен од Fold 5
-
Технологија1 ден
Незаменлив дел од нашите животи, 20 години „Gmail“
-
Автомобили1 ден
(ФОТО) Произведен последниот легендарен „Bizzarrini 5300 GT“ revival едиција