Живот Забава

Грешки поради кои ги испуштате добрите мажи

Често се прашувате каде исчезнале добрите мажи. Понекогаш ги испуштате поради некои мали пропусти.

САКАТЕ ОДРЕДЕН ТИП НА МАЖ И НЕ СЕ ОТКАЖУВАТЕ ОД НЕГО

Нема ништо лошо во поставување критериуми се до моментот додека не почнете многу да бирате. Во одреден момент мора да ги преиспитате вашите критериуми односно да посветите внимание на тоа што ви е навистина важно. Запрашајте се дали ќе го одбиете ако ви одговара во се, освен што не се согласувате за музиката.

ПРЕСКОКНУВАТЕ ОД ВРСКА ВО ВРСКА

Срцето не прашува, па поради тоа понекогаш мозокот треба да даде совет. После завршувањето на една врска земете си време за себе за да ја “преболите” претходната љубов. Можеби мислите дека сте подготвени за нова врска, но на сите, дури и на најсилните жени им е потребно време додека да бидат подготвени за нова љубов после раскинување. Во тој момент кога сте повредени и тажни станувате мамец за мажите кои не се добри за вас.

ГО ЧЕКАТЕ СОВРШЕНИОТ

Принцот на белиот коњ е само бајка. Понекогаш ви е потребно многу време за да сфатите дека совршенството не постои. Поради љубовта научете се да ги толерирате сите несовршенства, а понекогаш тие ќе ви станат симпатични.

ОДБИВАТЕ ИЗЛЕГУВАЊА СО ДРУШТВОТО

Животот често знае да изненади со неочекувани љубовни приказни, но шансите за добар маж да ви тропне на вратата се скоро невозможни. Него ќе го запознаете на некое друго место, поради тоа не ги одбивајте излегувањата.

НЕСАКАТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ ПРВИОТ ЧЕКОР

Старите романтични приказни ве научиле дека мажот мора секогаш да биде тој кој ќе и пријде на жената, но времињата се сменија. Позади некој срамежлив маж кој незнае како да ви пријде, можеби се крие добар и квалитетен потенцијален партнер. Кога ќе ги отфрлите сопствените предрасуди за приоѓањето на маќите, сами ќе си дадете можност за нови познанства кои во спротивно можеби и нема да се случат.