Кичево Случувања

Грифон Кичево повикува на работна акција

Почитувани,
Здружението за развој и заштита на бездомни животни “Грифон Кичево” Ве ИЗВЕСТУВА и ПОКАНУВА на работната акција која ќе се одржи на ден 04.11.2018год. (Недела), а чија цел ќе биде градење на куќарки за кучиња.

Од наша страна е обезбеден материјал за изработка на куќарките, а од ваша страна е потребна само добра воља и желба за помош. Ве покануваме сите кои сте слободни и можете да помогнете во Недела во 11:00 часот да дојдете пред @NEST Pet Shop Hotel.

Бидејќи стационарот е во с.Бигор Доленци, ќе мора да се оди со кола. За тие што сакаат да помогнат а немаат сопствен превоз ќе се погрижиме да им обезбедиме.

Исто така, би сакале да Ве известиме дека потребни ќе ни бидат и стари ќебиња, перници, јоргани и стари неупотребливи алишта и секој кој што сака да донира истите ќе може да ги достави во NEST Pet Shop Hotel каде ќе имаме пункт, во истиот период во Недела 04.11.2018год.во период од 11:00 до 13:00 часот.
Однапред ви благодариме за сè
Со љубов, ГРИФОН ❤