Временска прогноза
Викендов се очекува големо невреме, проследено до дожд и грмежи

Невреме проследено со силни и чести грмежи, силен ветер, интензивен пороен дожд и град од викендов па натаму ќе го зафати поголемиот дел од Балканскиот Полуостров и истото ќе услови локално и значително количество на воден талог како и услови за локални поплавувања.
Значителна нестабилна и влажна воздушна маса ќе ја зафати и државава и ќе условува честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град. Локално ќе наврне значително количество на воден талог со што има услови да дојде и до локални поплавувања.
И понатаму ќе бидеме под топла воздушнма маса па така токму поради ова атмосферата ќе биде загреана а температурите на воздухот ќе бидат идентични како овие што ги имаме во моментот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На граѓаните им препорачуваме во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја а овчарите своите овци со цел да ги заштитат истите да ги делат во помали групи
Подготви: Славчо Попоски
Временска прогноза
Пролетни денови до недела, каде се очекува продор на северен ветер

До самиот крај на оваа недела под влијание на стабилна и сува воздушна маса, времето кај нас ќе биде сончево со мала локална облачност. Денес како и за време на викендот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој Долж Повардарието повремено ќе биде и засилен по интензитет. До сабота ќе биде натпросечно топло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.
Од недела под влијание на нешто постуден воздух од север температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.
Во Скопје и околината и понатаму времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала облачност.
Денес, како и за време на викендот ќе биде слаб до умерен ветер од северен правец, кој за време на викендот повремено ќе биде и засилен по интензитет. Температурите и понатаму ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат некаде до околу 20 степени.
Временска прогноза
Времето денес ќе биде сончево и топло, поради порастот на температурите снежната покривка на планините се топи

Времето во нашата држава денес ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во главниот град сончево со услови за слаба магла во утринските часови. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Продолжува периодот на стабилно и потопло време. По котлините во претпладневните часови ќе има услови за појава на слаба магла и ниска облачност, особено кон крајот на работната недела.
Температурите ќе бидат во пораст и ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.
За утрешниот ден се најавува умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.
/денешен
Временска прогноза
Топло време и пролетни температури – Најнови детали за времето денеска

Во текот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и претежно тивко. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.
Во текот на следните денови под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието ќе засилува.
Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност. Температурите на воздухот и понатаму ќе бележат тенденција на пораст и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, што значи ќе бидат над просекот за овој дел од годината.
Автор: Славчо Попоски
-
Кичево12 часа
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг
-
Кичево15 часа
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за денес (24.02) среда
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Регионалниот пат Кичево-Битола се соочува со секојдневни одрони од планините, апел за поголемо внимание во сообраќајот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес (23.02) вторник
-
Занимливости3 дена
Најновите студии говорат дека луѓето кои носат очила имаат три пати помала веројатност против Ковид-19 вирусот
-
Свет3 дена
КОГА ЛУЃЕТО ЌЕ ОДАТ НА МАРС? Сè зависи од една одлука на Америка, експертите тврдат дека е поблиску отколку што мислиме!
-
Временска прогноза3 дена
Топло време и пролетни температури – Најнови детали за времето денеска