Свет Случувања

Безбедносна камера сними како го удри гром – дечкото сведочи за искуството (ВИДЕО)

13-годишниот тинејџер се шетал низ парк со другарите кога во еден момент бил удрен од молња, а моментот кога природното електрично празнење заврши во телото на момчето беше снимен од една безбедносна камера поставена во близина.

На снимката од камера се гледа дека тинејџерот прво бил облеан од светлина, па бил отфрлен во воздух, за потоа да падне на глава и остане да лежи неподвижен.

Ударот не оставил никакви трауми на детето, кое сосема опуштено зборува за тоа како е кога ќе те погоди гром.

„Почувствував топлина на телото, но ништо посебно и тогаш затемнување. На ништо не се сеќавам“, вели дечкото.

Close