Кичево Македонија Случувања

Кичево и околината: Утрово густа магла и намалена видливост

Намалена видливост 20 – 30 метри поради магла која е спуштена многу ниско утрово над Кичево.

Намалена видливост до 50 метри има од крак Маврово до Кичево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Нашиот сервис ви препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.