Следете не

Без категорија

Херој на денот: Спаси татко и ќерка од смрт во студената вода (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Во кинеската провинција Хунан татко и ќерка со автомобилот завршиле во студената вода од реката и мислеле дека им нема спас бидејќи автомобилот се заглавил во реката.

За среќа, во близина се нашло едно момче кое без размислување скокнало во ледената река и се обидел да ја отвори вратата.

Успеал во тоа, а на снимката се гледа како девојчето му паднало во раце и тој побрзал да ја однесе на брегот.

Веднаш зад нив, од автомобилот излегол и таткото.

Без категорија

АТВА Маркети со нова акција на производи по екстра намалени цени

Објавено пред

на

Производи на акција по супер неодоливи цени, само во АТВА маркети – Кичево

Прочитај повеќе...

Без категорија

Денес е големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица

Објавено пред

на

Кичевска Белица, денес 26 мај го празнува празникот Александрија кој е посветен на светецот-маченик Свети Александар.

Празнувањето кога не би била ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 би започнало најпрво со одењето на жените ден порано во малото црквиче кое го носи името на светецот, ќе одржат молитва за своите најблиски и ќе се дружат.

На денот на празнувањето 26 мај, во црквичето се одржува утринска литургија, па крштевка, па венчавка и во 14 часот ќе започнеше долго очекуваната народна веселба со музичка група.

За оваа веселба секогаш била обезбедена храна и пијалоци. Поканети се сите, особено оние кои го носат името Александар и Александра.

Свети Александар е светец-маченик од Македонија кој служел како војник во војската на римскиот император Максимијан. Пострадал како христијанин кратко пред да биде озаконето христијанството во римското царство. Неговата мајка го зела телото и го погребала.

Празникот Свети Александар (Александрија) се празнува во Белица со векови, а над селото постои мала црквичка, сега обновена, изградена во поново време врз темели на постара базилика која датира од доцноримско време.

Постои претпоставка дека токму таа да ги крие моштите на светецот, а самиот светец да потекнува од ова село кое е доста старо.

Нека ви е честит и вековит празникот наши пријатели беличани и кичевчани!

ФОТО: Архива / porta.mk

Прочитај повеќе...

Без категорија

25. коло во 2. МФЛ ќе се одигра в сабота. ФФМ ги покрива трошоците за тестирање

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари од 25. коло од Втора МФЛ – Исток и Запад да бидат одиграни на 01. мај 2021 (сабота) со почеток во 13:00 часот.

Фудбалската федерација на Македонија согласно одлуката од Владата на Република С. Македонија за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, член 1, објавена во СЛУЖБЕН ВЕСНИК ќе спроведе ТЕСТИРАЊЕ – Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19) во лабораторијата БИОТЕК во Скопје.

ФФМ го подмирува тестирањето за 25 лица по екипа (18 фудбалери и членови на стручен штаб) и официјални лица на натпревар се додека е на сила мерката за задолжително тестирање пред секој натпревар со Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19).

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 10 часа

Дневен Хороскоп (21 октомври) четврток

ОВЕН Расположението на денот е чиста среќа, драги наши Овни! Уживате во плодовите на вашиот труд. Beе можете да се...

СпортПред 12 часа

(ФОТО) Нашите млади фудбалерки славеа против Фарски Острови

Македонската женска репрезентација до 19 години со триумф против Фарски Острови ги започна квалификациите за пласман во Елитна фаза за...

КичевоПред 15 часа

🎵 La Casa: Иван Илиев и Антонио Пејоски викендов со свирка во живо

Кичевскиот комплекс La Casa продолжува со најдобрите забави во градот. Оваа викенд агенда ќе има дефинитивно романтичен стил. Петок: Иван...

Временска прогнозаПред 1 ден

Најнови метео вести, викендов следува промена на времето

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер...

МакедонијаПред 1 ден

Предмалку регистриран земјотрес во западниот дел од државата

Предмалку почувствуван земјотрес во југо-западниот дел од Македонија. Според ЕМСЦ информациите говорат дека потресот е со јачина од 3.2 степени...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (20 октомври) среда

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

КичевоПред 1 ден

Најдобрите омекшувачи за алишта сега достапни по акциска цена во АТВА Маркети – Кичево!

Најдобро покажаните омекшувачи за алишта сега достапни по акциска цена само во АТВА Маркети – Кичево, посетете ги веднаш и...

Здравје и убавинаПред 2 дена

Како да се спречи дехидратацијата во вашиот организам?

За спречување на дехидрацијата Светската здравствена организација препорачува посебен рехидратациски раствор (ОРС). Имено, тој содржи балансирана комбинација на вода, соли,...

МакедонијаПред 2 дена

Од 3,431 тестирања регистрирани 472 нови случаи на Ковид-19, починале 8 пациенти, оздравени 498 луѓе..

Направени се 3.431 тестирања, а регистрирани се 472 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 222, Куманово – 47, Прилеп – 30,...

Социјални мрежиПред 2 дена

„WhatsApp“ со нова функција за префрлање ваши податоци до друг телефон во „offline“ метод без интернет

Можете да ги префрлите вашите податоци на WhatsApp од еден телефон на друг без резервна копија од Google Drive. WhatsApp...

НАЈЧИТАНИ