Свет Случувања

Крај брегот на Хондурас нема „пластика во водата“, туку „вода во пластиката“ (ФОТО+ВИДЕО)

Ѓубрето кое на големо ги загадува океанските и морските води и го има крај речиси секој брег, на секој континент, е грдиот одраз на човештвото во огледалото на природата кое никогаш не лаже.

И не е една земја виновна за ова. Сите ние заедно го сносиме целокупниот кабает. Ова енормно загадување со пластика е снимено кај брегот од Хондурас. Гватемала и Хондурас имаа многу лошо менаџирање на отпадот во многу области.