Свет Случувања

Хорор во Мексико: Се сруши трговски центар – најмалку седум загинати (ВИДЕО)

Бо катастрофата што се случи во мексиканскиот град Монтереј, каде се сруши трговски центар, најмалку седум лица загинаа, а 15 се повредени.

Две лица се извлечени живи од под рушевините, а најмалку десет лица се водат за исчезнати, 150 спасувачи трагаат по нив.

Работите на трикатната зграда во главниот град на државата Нов Леон ги спроведувале без неопходните дозволи, велат официјалните претставници.

Close