Занимливости
Вашиот дневен Хороскоп за 1-ви Август
Ова е хороскопот за првиот ден од август.
Овен
Работа – Забрзајте го темпото на работа и не дозволувајте нешто да ве понесе во друга насока. Сакате соработка со една Девица и Бик. Ентузијастични сте во голема мера.
Љубов –Не ве пушта чувството на среќа и имате огромна помош и почит од страна на саканата личност. Ова е убав ден за вас.
Здравје – Одлично.
Бик
Работа – Работата ќе ве окупира во текот на целиот ден. Морате да бидете поупорни.
Љубов – Партнерот ве поддржува и чувствувате големо задоволство. Ако сте планирале заедничко излегување, не се откажувајте.
Здравје – Нервоза и раздразливост.
Близнаци
Работа – Тешки сте во комуникацијата со другите луѓе, а тие го користат вашето залагање како изговор за да ги избегнат своите обврски.
Љубов – Некоја личност упорно флертува со вас, но вие сте заљубени во друга личност.
Здравје – Занимавајте се со спорт денес.
Рак
Работа – Потрудете се да ја победите конкуренцијата на работното место. Морате да останете доследни на своите желби, но не и да ја упатувате енергијата на неважни нешта.
Љубов – Постапувате правилно кон партнерот. Можеби ви се чини дека сте преостри, но комуникацијата е супер.
Здравје – Солидно.
Лав
Работа – Не се здружувајте со луѓе кои не ги познавате добро. Ќе бидете отворени кон посебни ангажмани.
Љубов – Имате јасен став на ова поле. Не се трудите воопшто отворено да се поставите кон партнерот поради одредени причини од претходно.
Здравје – Проблем со психата.
Девица
Работа – Работите на повеќе сегменти и не можете да се фокусирате. Не се откажувајте од фактот дека ќе успеете.
Љубов – Некој би можел да ви зборува постојано дека сте многу наивни во однос на партнерот. Ако сте во врска со еден Лав, поставете граници.
Здравје – Потребен ви е одмор.
Вага
Работа – Не се гледате на тоа место веќе некое време и затоа не сакате премногу да се посветувате на обврските.
Љубов – Ако сте во брак, можеби ќе бидете изненадени со ставот на партнерот околу некои заеднички детали. Потребно ви е трпение.
Здравје – Проблем со бубрезите.
Шкорпија
Работа – Не сакате промени на работното место, но сакате да ви биде подобро.
Љубов – Наоѓате време да се видите со личноста која ви е драга. Можна е тајна љубовна врска со зафатена личност.
Здравје – Хроничните болни треба да внимаваат.
Стрелец
Работа – Доколку сакате да работите во странство, ќе бидете малку разочарани. Сепак, имајте трпение.
Љубов – Сакате нови предизвици, но сакате и да се забавувате. Денес е таков ден.
Здравје – Главоболка.
Јарец
Работа – Сакате повеќе работа да поминувате на задачите кои ви се поинтересни. Исто така, сакате проверени работи, не сакате ништо ново и иновативно.
Љубов – Имате намера да се ослободите од стегите на партнерот и да учествувате во социјалниот живот. Постои и одредена доза на љубомора од нивна страна.
Здравје – Чувствувате психолошки притисок.
Водолија
Работа – Можеби не се снаоѓате најдобро со некои нови задолженија, но ве очекуваат подобри резултати наскоро.
Љубов – Посакувате многу подобра позиција од онаа во која се наоѓате моментално.
Здравје – Не можете да го избегнете стресот.
Риби
Работа – Не се откажувате од целите кои подолго време ве водат.
Љубов – Не можете да заборавите на една Девица.
Здравје – Одлично.
Занимливости
Поради вродена заштита научниците открија кој не страда од опасната болест „рак“

Истражувачите проценуваат дека 11 до 25 проценти од светската популација умира од рак. Слична статистика е обично типична за животните. Исклучок се слоновите, голите слепи кучиња и слепите кучиња, кои многу ретко страдаат од рак. Научниците открија што ги штити од оваа болест.
Луѓето имаат скоро илјада пати повеќе клетки од глувците и живеат околу 30 пати подолго. Ова значи дека тој треба почесто да страда од рак. На крајот на краиштата, колку повеќе клетки, толку почесто се делат и поголема е веројатноста дека дефектот на клетката ќе доведе до рак. Сепак, ризикот од рак кај глувците и луѓето е приближно ист. И со најголемите копнени животни – слонови – тоа е значително помало.
Првиот што привлече внимание на оваа несовпаѓање во 1977 година беше британскиот епидемиолог Ричард Пето. Ситуацијата изгледаше уште почудна бидејќи кај истиот вид, постоеше корелација помеѓу големината на телото, возраста и ризикот од рак. Така, кај високите луѓе, почесто се откриваат малигни тумори и почесто умираат од агресивни видови на рак. Колку ова може да се објасни со клеточната делба, е дискутабилно.
Занимливости
Студија покажала дека гумите за џвакање предизвикувале главоболка?

Студијата покажала дека во текот на еден месец неконзумирање гуми за џвакање, 87 отсто од испитаниците немале главоболки или симптомите речиси им исчезнале. За да бидат сигурни дека причинителот е џвакањето гуми за џвакање, 26 испитаници по завршување на студијата се согласиле 14 дена повторно редовно да конзумираат гуми за џвакање.
Научници од Израел ја истражувале поврзаноста меѓу редовното конзумирање гуми за џвакање и појавата на главоболка, при што дошла до заклучок дека тие навистина можат да бидат причина за зачестени главоболки.
Студијата која траела еден месец, е спроведена врз 30 испитаници, на возраст од шест до 19 години, кои страдале од хронични главоболки, а секојдневно џвакале гуми за џвакање.
Симптомите на главоболка повторно се вратиле во рок од неколку дена од нивното користење. Научниците тврдат дека џвакањето гуми за џвакање, особено ако тоа е зачестена навика кај млади лица, го зголемува стресот на виличната коска поради што поединци заболуваат од мигрена.
Авторите на студијата сметаат дека намалувањето на зачестеноста на конзумирање гуми за џвакање, може да влијае врз појава на симптоми на главоболка поради што се препорачува нивно поумерено користење.
Занимливости
Netflix воведе опција „Fast Laughs“ која е конкурент на TikTok

Netflix лансираше нова опција во мобилната верзија, која им дава можност на претплатниците да се смеат без да мора да ја гледаат целата претстава или филм. Опцијата се вика „Fast Laughs“ и изгледа многу слично на „TikTok“ и работи на сличен принцип. Тоа прикажува делови од емисии, како што се стенд-ап комичари, со цел „брзо“ да ги насмеат корисниците. Самите емисии, доколку ги сакаат инсертите, корисниците можат да зачуваат во списокот за подоцна да ги прегледаат.
Додавањето опција „Fast Laughs“ има смисла за оваа платформа, особено кога ќе видите брз раст на гледаноста на TikTok, што автоматски значи дека корисниците ќе поминуваат помалку време на Netflix. На крајот на краиштата, во последните неколку објавени финансиски извештаи на компанијата, TikTok се споменува како главен конкурент. Не е точно дека овие две компании имаат иста содржина на понуда, но времето што луѓето го поминуваат гледајќи одредена содржина е ограничено – затоа прераспределбата на тоа време е многу важна за компаниите. Во таа смисла, нудењето на корисниците на „брз“ поглед на интересна и смешна содржина е дефинитивно паметен потег на Netflix.
Покрај тоа, оваа опција има и друга, можеби не толку очигледна на прв поглед, цел – да им покаже на корисниците колку разновидна содржина се нуди на оваа платформа. Имено, Netflix вложи многу пари во стенд-ап комедии, како и во разни анимирани содржини кои не се толку видливи за корисниците. Луѓето претежно сакаат да гледаат популарни филмови и серии, па таквата содржина лесно се „губи“ во морето од понуден видео материјал. „Fast Laughs“ е дополнителен начин за корисниците „брзо“ да откријат што можеби пропуштиле да видат.
Засега, опцијата „Fast Laughs“ е достапна само на платформата iOS и само во одредени земји, но според претходното искуство, таа веројатно ќе биде проширена во наредниот период и на други пазари каде е можно да се гледа Netflix.
-
Спорт1 ден
(ФОТО) Кичевчанецот Николоски е државен шампион за 2020 во мотоспорт – категорија „Ендуро Е2 класа“
-
Временска прогноза2 дена
Од ноќеска голем пад на температурите, од среда дожд и снег – Ова се најновите детали за времето кај нас
-
Кичево2 дена
Спречен пожар на поголема површина во атарот на с.Карбуница – кичевско
-
Кичево21 час
ЕВН КЕЦ Кичево: За утре најавени прекини во електрична енергија, Мак.Брод, како и регионот – с.Манастирец, Пласница, Крапа…
-
Свет1 ден
Авион полн со патници принудно слетал во Софија поради агресивно однесување на човек, за делото му прети затвор од 10 години
-
Свет2 дена
Откриено колку можат честиците од Коронавирусот да преживеат
-
Македонија1 ден
Предмалку земјотрес регистриран со епицентар на 14км западно од Гостивар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес [6 март] сабота