Следете не

Занимливости

Хороскоп за денес | 02.10 Вторник

Објавено пред

на

Овен

Ако се занимавате со приватен бизнис, можно е да ви помогне личност која има повеќе искуство од вас.

Фокусирани сте на љубовта и за вас не постои простор за проблеми. Денеска ќе се случуваат само убави работи.

Опуштете се.

Бик

Денеска внимавајте на своите финансии. Лошите аспекти ве предупредуваат на нешто неочекувано, но негативно.

Поминувате низ една љубовна дилема. Не е се така црно, но се чувствувате како личноста која многу ви значи да ве држи на дистанца.

Можни се настинки.

Близнаци

Приватниот бизнис денеска е на удар. Потрудете се да останете прибрани и да не дозволите тоа да ви го уништи расположението.

Оние кои се родени во првата декада, можат да очекуваат пријатно искуство. Ќе имате многу случувања на овој сегмент.

Солидно е здравјето.

Рак

Стресот од страна на шефот може да ве заобиколи денеска. Морате да останете прибрани и во одлично расположение. Знајте дека што и да се случи е со минлив карактер.

Ако одите на пат, можно е да запознаете интересна личност. Не ги пропуштајте убавите мигови.

Појачајте го својот имунитет.

Лав

Посебно внимание обрнете на полето на финансии кое ви сигерира дека би можеле да имате дополнителни проблеми. Бидете трпеливи.

Ако сакате да влезете во љубовна врска, треба да внимавате. Не правете прељуба само затоа што сакате авантура.

Ве мачи нервоза.

Девица

Внимавајте денес да не си ја изгубите важната позиција на работа поради ситници на кои не сте обрнале внимание порано.

Ништо посебно нема да се случи на полето на љубовта.

Трошите многу енергија без потреба.

Вага

Имате пари, но имате и заостанати долгови кои морате да ги средите. Внимавајте на камати и пенали.

Оние кои ве сакаат повремено можат да ви свртат грб. Запрашајте се зошто.

Движете се повеќе.

Шкорпија

Денес ќе сакате повеќе да се занимавате со себеси отколку со работа. Сакате и многу да си допуштите, но финансиите не ви го дозволуваат тоа.

Иако не сакате на полето на љубовта да ви се случува нешто посебно, не заборавајте на личноста која многу ви се допаѓа.

Добро се чувствувате.

Стрелец

Ако ве мачат финансиски проблеми, не мислете дека тоа е крај на светот. Работите ќе се подобрат.

На полето на љубовта ве очекува мало непријатно изненадување, кое е со минлив карактер.

Опуштени сте и среќни.

Јарец

Имате малку полоши аспекти на полето на работата, но тоа не е причина да очајувате. Бидете пријатно расположени  и поведете сметка да не бидете единствените што се негативни.

Не сте задоволни од својот љубовен живот.

Опуштете се.

Водолија

Не сте во лоша позиција се додека не почнете да барате нешто повеќе од своите можности. Бидете трпеливи.

Денеска е ден да и покажете на личноста која ви се допаѓа, колку ви значи.

Водете сметка за здравјето.

Риби

Ги почитувате правилата на работа и немате проблем со соработниците. Ова ќе биде спокоен ден за вас.

Покажувате интерес за личност родена во воден знак. Морате да сте поотворени.

Солидно здравје.

Занимливости

(ВИДЕО) Што е подобро за хигиена на рацете, преку сушач за раце или хартиен брисач?

Објавено пред

на

Ако рацете ги миете со сапун, голем дел од бактериите ќе исчезнат, но ако рацете не ги миете како што треба или ги миете само со вода, начинот на сушење може да биде многу важен.

Бактериите на влажната кожа се шират брзо. А со допир на фармерките или вратата можете да соберете уште неколку бактерии.

Во тој случај најдобро е да го користите хартиениот бришач за рацете.

Ако рацете ги сушите со сушачот за раце (фен за раце), потребно е покрај него да стоите барем 45 секунди за да отстраните 97 проценти од влагата, додека 96 проценти од влагата на рацете ја отстранувате за 10 секунди користејќи хартиен бришач.

Сепак, повеќето луѓе поминуваат најмногу 22 секунди во сушењето на рацете со фенот за раце, поради што од нив испарува само 70 проценти од влагата. А оние кои пет секунди ги бришат рацете со хартиен бришач можат да соберат дури 85 проценти од влагата на рацете.

Траењето е исто така многу важно за отстранувањето на бактериите. При користењеро на бришач голем број на бактерии директно преминуваат на хартијата. А некои истражувања покажаа дека фенот за раце може да го поттикне протокот на бактерии во загадената бања.

Сепак, сушењето на рацете може да биде делотворно ако знаете тоа да го направите како што треба и ако доволно долго ги сушите рацете.

А ако сакате да ги исушите рацете како што треба а притоа да заштедите и хартија, по миењето истресете ги барем 12 пати, а потоа избришете ги со хартија.

Погледнете како тоа е објаснето во видеото:

/denar

Прочитај повеќе...

Занимливости

Добитникот на 7-ца од Кичево е баба Доста Андоноска, честитки!

Објавено пред

на

Најновата 7-ка на ЛОТО 7, којашто беше постигната во 95 коло, со вредност од 32 921 304, комбинација уплатена во продажното место „Детелинка“ – Кичево, ја доби најсреќната баба Доста.

Државна Лотарија

Државна Лотарија

Имено г-ѓа Доста Андоноска од Кичево, која блиските и пријателите ја нарекуваат Доли е прекрасна енергична жена, стечаен работник од „Кичево Пром“, денес пензионерка, сопруга, мајка и баба.

Од нашиот медиум упатуваме срдечни честитки за баба Доста!

Повеќе прочитајте на официјалниот натпис на Државна Лотарија ТУКА

Прочитај повеќе...

Занимливости

Предмалку „7-ца“ падна на тикет кој е уплатен во Кичево, среќниот добитник доби пола милион евра

Објавено пред

на

Вечерва падна рекордната седмица на лото од Државна Лотарија во Кичево, која изнесува неверојатни 32.921.304 денари или околу 500.000 евра. Според досегашните информации ливчето било уплатено во објект „Детелинка“ во Кичево со комбинација која гласи 2,10,11,12,24,36,37

Инаку иако не е потврдено дали среќниот добитник е жител на град Кичево, кичевчани од секогаш ги играат најдобрите игри на среќа, и се закитуваат со вредни награди, во 2019-та година најсреќен од Кичево беше Зоран Митаноски кој освои 200.000 евра, како и семејство лани од Кичево кои исто така од ова продажно место Детелинка изгребаа инстант лоз во играта „Доме, сладок доме“ и добија стан во Скопје со големина од 59 квадрати со гаража.

Кој и да е добитник, од нашиот портал упатуваме честитки!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден5 часа

8 декември – Светот „На денешен ден“

1542.- Родена е Мери Стјуарт, кралица на Шкотска од 1560 година. Поради нејзината про-католичка политика, била принудена да абдицира во...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за четврток (8 декември)

ОВЕН Барате начин како да ги оправдате причините поради кои сеуште се наоѓате на место на кое многу ваши соработници...

Спорт14 часа

Познати противниците на младите женски репрезентации во фудбал до 17 и 19 години за турнирот кој ќе се одржи во Македонија

Младите женски селекции на Македонија до 17 и до 19 години ги дознаа противниците за следните квалификации што ќе се...

Култура15 часа

Утре се празнува Св.Ѓорѓија, голем ден, куќна слава и именден, нека е за многу години домаќини!

Верниците со православна вероисповед го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава, овој голем ден се празнува и како...

Кичево18 часа

Кичевските села „Козица, Белица, ХПП Белица и Белица 1“ во петок ќе бидат со времен прекин на електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 09.12 – петок, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување...

Македонија21 час

Бензините повторно поевтинуваат, дизелот и автоплинот остануваат со иста цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза22 часа

Временска промена со моќен циклон, Попоски најавува дождлив викенд со снег на некои места

Моќниот циклон кој за време на викендот ќе го погоди целиот Балкански Полуостров, ќе донесе ОПАСНОСТ од локални ПОПЛАВИ.  Со продорот...

На денешен ден1 ден

7 декември – На денешен ден

1857 Роден е српскиот сликар Урош Предиќ, член на Српската академија на науките и уметностите, претставник на академскиот реализам, мајстор...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (7 декември)

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Кичево2 дена

Кичевски магацинско-дистрибутивен центар за прехрамбени производи има потреба од двајца Комерцијалисти за град Кичево

Магацинско-дистрибутивниот центар за прехрамбени производи „УНИОН ЕМ ЕМ“ од Кичево, како увозник и застапник за брендовите на „GOLD,WALTZ, SALBOS, COCOLINE,...

НАЈЧИТАНИ