Занимливости
Денешен хороскоп | 11.03 Понеделник

Овен
Ќе бидете задоволни со резултатите кои ќе ги покажете на полето на работата во текот на денешниот ден.
Можно е да немате доволно доверба во саканата личност. Грешките испливуваат на површина.
Ви годи физичка активност.
Бик
Ќе ги надминете проблемите од минатото. Можете да очекувате поволен ден кога станува збор за работата.
На полето на љубовта, многу сте задоволни.
Внимавајте на желудникот.
Близнаци
Наскоро ќе добиете можност за промена на работата. Можна е многу примамлива понуда.
Потребно е да и се посветите на саканата личност и да направите сèшто е потребно за да и покажете на саканата личност дека ја сакате.
Болки во пределот на вратот.
Рак
Многу сте снаодливи кога станува збор за работата и денеска ќе оставите одличен впечаток кај колегите и надредените.
Во љубовта сте негативни. Потребно е да го смените своето однесување.
Потребен ви е одмор.
Лав
Во текот на денешниот ден ќе имате помали проблеми кога станува збор за работата. Можни се и конфликти со колегите.
Ве очекува период полн со предизвици кога станува збор за љубовта. Можни се кавги и несогласувања.
Избегнувајте ги цигарите.
Девица
Можете да очекувате позитивна атмосфера кога станува збор за работата. Во текот на денешниот ден нема да имате поголеми проблеми на ова поле.
Потребно е да го покажете отворено својот интерес кон личноста која ви се допаѓа.
Проверете ја својата диоптрија.
Вага
Ве очекува поволен период па денеска можете да се надевате дека лесно ќе го остварите тоа што го сакате. Пред вас е добар ден за промени.
Ви треба повеќе да спиете.
Шкорпија
Можете да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе имате многу позитивна енергија. Подгответе се за добри изненадувања.
Доаѓа почеток на нова врска со личност кон која ќе имате силни чувства.
Здравјето е добро.
Стрелец
Немате добра комуникација со колегите, што ви претставува голем проблем.
Ако некој од пријателите се меша во вашата врска, тоа нема добро да заврши.
Внимавајте на проблемите со забите.
Јарец
Ве очекува фатална љубов. Не би требало да имате проблеми.
Имате впечаток дека со саканата личност наоѓате мир и сигурност. Имате сè што е потребно за среќа.
Здравјето е добро.
Водолија
Имате впечаток дека сте направиле грешка на полето на работата. Денеска е денот да го исправите тоа колку што можете.
Не знаете како да реагирате на околностите во кои се наоѓате во љубовта. Пред вас е неповолен период.
Внимавајте на прејадувањето.
Риби
Денеска ќе биде важно да избегнувате проблеми на работа.
Личноста која ви се додворува е упорна во својата намера да ви пријде, но вие сте незаинтересирани.
Проблеми со бубрезите.
Занимливости
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при секое излегување на патеката. Не размислуваме само за ризикот од смрт, туку и за повредите кои можат засекогаш да ги отстранат од моторните спортови.
Возењето на возачите од мотоспортот обично значи дека тие остануваат без занает во нивните раце. Причината лежи во тоа што речиси сите момчиња и девојчиња од мали нозе се занимаваат со мото спорт, па добар дел од нив не го завршиле целосно образованието.
Лавината околу платите започна кога ДОРНА официјално објави дека годинава ќе се одржат 42 трки, односно по две трки по тркачки викенд. Воведувањето на спринтерски трки го зголемува ризикот за возачите и бара дополнителен напор од нив (да бидат физички поподготвени итн.). Бидејќи ДОРНА е иницијатор на дополнителните трки, тимовите побараа ДОРНА да ги сноси трошоците за зголемување на платите.
Во виорот на овие настани, La Gazzetta dello Sport ги претстави платите што ги добија возачите на MotoGP во 2022 година. Ве молиме имајте предвид дека бројките што ги гледате се веројатно само сумите што возачите ги добиваат од тимовите за кои возат. Вкупната заработка е секако поголема, бидејќи возачите имаат приходи и од спонзори.
Плати на возачите на MotoGP за 2022 година (возач: износ во евра):
Марк Маркез: 12.500.000
Маверик Вињалес: 10.000.000
Фабио Квартаро: 6.000.000
Џоан Мир: 6.000.000
Франческо Бањаја: 5.000.000
Какви суми добиваат Еспаргаро, Морбидели, Жарко и други, погледнете овде.
/nova
Занимливости
Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?

Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви.
Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно.
Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо.
Дали е вкусно? Косата на кората е „големо не“ за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето!
Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.
Сега го знаете одговорот, но, дали ќе пробате да изедете цело киви со кора?
/denar
Занимливости
Кој период од денот е најдобар за вежбање?

Телото за многу работи функционира врз основа на внатрешниот часовник. Овој софистициран механизам ги контролира сите важни процеси во телото, а го поттикнуваат активностите и надворешните фактори.
Овој систем функционира при менување на денот и ноќта. Во текот на денот е активен т.н. систем „симпатикус“, а во текот на ноќта „парасимпатикус“.
Првиот е одговорен за состојбата на будност, ги активира процесите за трошење на мастите и производството на енергија, додека вториот е одговорен за состојба на релаксираност и поспаност и го поттикнува
варењето на храната во телото.
Имајќи го предвид таквото внатрешно функционирање на човечкото тело, оптимално време за физичка активност е првиот дел од денот.
Сепак, бидејќи по будењето на телото му треба одредено време за да се раздвижи, не се препорачува интензивно вежбање рано наутро.
На оптималното време за тренинг влијае и индивидуалниот метаболизам и животниот стил.
Следејќи ја природата на човечкото тело, најдобро е да се вежба во текот на денот, а не навечер.
Доцните вечерни тренинзи можат да го нарушат внатрешниот часовник, односно можат негативно да влијаат врз процесот на спиење и регенерирање на телото.
/denar
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје12 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза12 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Здравје и убавина17 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот