Следете не

Занимливости

Редовен Хороскоп | 12.10 Петок

Објавено пред

на

Овен

Време е да донесете нови одлуки на полето на работата. Сменете ја рутината за да ја бидете посреќни.

Саканата личност ќе покаже дека сака да преземе иницијатива за промените кои ви се неопходни.

Кожата ви е чувствителна.

Бик

Важно е да сте упорни во остварување на своите намери и амбици иако не е тоа секогаш лесно.

Потполно сте отворени и подготвени за сериозна врска. Сакате заедничка иднина со личноста која ви се допаѓа.

Се очекува подобрување на здравјето.

Близнаци

Можно е денес да најдете ново работно место. Бидете внимателни околу одлуката.

Нова љубов е пред вас. Спремни сте да ги покажете своите чувства.

Здравјето е одлично.

Рак

Денеска ве очекува креативен набој на идеи кои ќе бидат од големо значење во однос на работата.

Ако сте во брак, доаѓа период на кризи и отежнувања. Работите не одат како што очекувавте и разочарани сте поради тоа.

Проблеми со варењето.

Лав

Можно е да остварите професионална соработка која ќе биде значајна за вашата кариера.

Можете да се надевате на убави моменти со личноста која ја сакате. Слободните Лавови ги очекува нова љубовна врска наскоро.

Избегнувајте ги цигарите.

Девица

Можете да се надевате на стабилна професионална ситуација. Нема промени и само на вас останува да се посветите на работата.

Вашиот партнер треба да донесе одлуки, а вие сте многу нетрпеливи.

Поволен ден за диета.

Вага

Можете да очекувате позитивен развој на случувањата особено ако се наоѓате во некоја ризична или комплицирана ситуација.

Ви се допаѓа личност која засега делува воздржано. Не сте сигурни на каков начин да се поставите.

Немате здравствени проблеми.

Шкорпија

Денеска лесно ќе дојдете до целта. Пред вас е поволен ден кој ќе заврши во ваша корист.

Ќе ви годи отворен разговор со саканата личност. Ќе биде полесно кога некои работи ќе ги изговорите на глас.

Можни се проблеми со грбот.

Стрелец

Поволен ден за решавање на административните работи и се што заостанало во вашата работа.

Ви доаѓа познанство кое ќе ви го смени животот.

Ќе ви годи физичка активност.

Јарец

Се наоѓате во поволен период кога станува збор за работата. Работите се одвиваат онака како што очекувавте.

Ви доаѓа познанство со личност која делува променливо и не сте сигурни колку можете да и верувате.

Добро се чувствувате.

Водолија

Ако забележите необични случувања на полето на работата, потрудете се да го послушате советот на колегите.

Имате добар однос кон саканата личност. Ако сте слободни, ништо посебно нема да се случи.

Обрнете внимание на хормоните.

Риби

Ве очекуваат многу обврски во текот на денешниот ден. Можно е да се јави можност за едно кратко патување.

Може да очекувате интересен флерт со личност која е од различно потекло.

Внесувајте повеќе витамини.

Занимливости

Во петок се очекува најдолгото делумно затемнување на Месечината во 21 век

Објавено пред

на

Делумното затемнување на Месечината, кое се очекува во петок, на 19 ноември, ќе трае три часа и 28 минути и ќе биде најдолго во 21 век, пишува CBS News.

Претходното најдолго затемнување се случи во 2018 година и траеше еден час, 42 минути и 57 секунди, пишува CBS.

Делумно затемнување на Месечината се случува кога Земјината сенка не ја покрива целосно Месечината. Во овој случај, 97 отсто од површината на Месечината ќе биде покриена.

Во 21 век, меѓу 2001 и 2100 година, ќе има 228 затемнувања на Месечината – во некои години ќе има две, а во некои години три или дури четири, пишува CBS.

Затемнувањето на 19 ноември ќе биде второ оваа година, по целосното затемнување во мај 2021 година. Повеќето затемнувања траат помалку од два часа.

НАСА објави дека во живо ќе го пренесува затемнувањето на Месечината. На овој линк можете да го следите затемнувањето кое се случува во петок во седум часот наутро по средноевропско време.

НАСА објави дека доколку временските услови го дозволат тоа, затемнувањето ќе биде видливо од Северна и Јужна Америка, Источна Азија, Австралија и Пацификот.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Според научните пресметки, под карпестиот слој на Месечината има кислород за 8 милијарди луѓе

Објавено пред

на

Атмосферата на Месечината не содржи доволно кислород за човечки живот, но сепак под нејзиниот карпест слој има доволно кислород за да обезбеди живот за осум милијарди луѓе.

Истакнати научници предводени од Џон Грант тврдат дека Месечината содржи многу минерали кои се тесно поврзани со кислородот и дека под површинскиот карпест слој наречен реголит, би можело да има доволно кислород за осум милијарди луѓе да преживеат во период од 100.000 години.

Научните пресметки се базираат на фактот дека на човек му требаат 800 грама кислород дневно за да преживее, а реголитот е длабок околу 10 метри. Месечевиот реголит е составен од 45% кислород, кој е цврсто врзан за минерали како што се силициум, алуминиум, како и железен оксид и магнезиум.

За да може кислородот да биде достапен, потребен е едноставен процес на екстракција. Тој систем троши многу енергија, а за да биде одржлив би морал да има поддршка од соларна енергија или други извори на енергија достапни на Месечината. Австралиската вселенска агенција и НАСА во октомври потпишаа договор за испраќање ровер на Месечината со цел да се соберат месечеви камења и да се обиде да извлече кислород од него.

По тој повод, научниците разговараа и за развој на експериментален реактор со белгиска компанија со цел да се подобри процесот на создавање кислород со електролиза.

Новата технологија би можела да биде испратена на Месечината до 2025 година како дел од мисијата на Европската вселенска агенција базирана на ресурси.

/b92

Прочитај повеќе...

Занимливости

Од вечерва нов рекорд на „Биткоинот“, ова е новата вредност

Објавено пред

на

Вредноста на најголемата криптовалута во светот „Биткоин“ од вечерва надмина 67.000 долари, што е нов историски максимум.

Предмалку е забележан пораст од 2,3% и изнесува 67.662 долари според првите азиски проценки. Растот е последица на неодамнешното пошироко закрепнување на криптовалутите, што ја зголеми вкупната пазарна вредност на дигиталните валути на над 3 трилиони долари.

Биткоинот скокна повеќе од 100 отсто оваа година, а само во октомври порасна за повеќе од 30 отсто.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 7 часа

Хороскоп за денес (3 декември) – петок

ОВЕН Можеби немате веќе нови идеи и тешко ви е да имате позитивни мисли кога станува збор за работата. Мора...

СпортПред 9 часа

Во месец декември закажани регионални натпревари за национален тим до 14 години, се однесуваат за најдобри фудбалери родени 2008 год

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите клубови дека во текот на месец декември ќе се одржат регионални селективни натпревари за...

КичевоПред 13 часа

(ВИДЕО) Се врши проценка на штетата од поплавите, околу 100 куќи биле поплавени во Кичево, најзагрозени се жителите на „Прилепска“

Околу 100 објекти се погодени од поплавите кои се случија во понеделникот во Кичево. Најпогодена населба е „Прилепска“ која се...

МакедонијаПред 14 часа

Денеска 333 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 154...

МагазинПред 18 часа

Мета ја укина забраната за рекламирање криптовалути

Мета ја напушта својата долгогодишна (ако не и апсолутна) забрана за рекламирање на криптовалути. Според CNBC, Мета ја заврши својата...

МагазинПред 18 часа

Камерата на вашиот следен телефон со Android може секогаш да биде вклучена

Никој не сака да става селотејп на предната камера на својот паметен телефон, но доколку оваа функција стане норма, тоа...

СветПред 18 часа

Шокантно откритие: Што кријат внатрешните извештаи на ЦИА

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) има докази дека најмалку 10 нејзини вработени биле вмешани во злосторства поврзани со сексуална експлоатација...

СветПред 18 часа

Обединетото Кралство го одобри GSK лекот против Ковид-19

Британската агенција за лекови денеска објави дека го одобрила третманот на GlaxoSmithKline (GSK) против Ковид-19. Сотровимаб базиран на моноклонални антитела...

МакедонијаПред 19 часа

Пронајдени нерегуларности кај кичевски возила и автобус, детали за вчерашната акциска за јавен превоз

На 01.12.2021 на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли  на автобуси и други моторни возила што вршат...

СветПред 19 часа

Соединетите Американски Држави придонесуваат најмногу за загадувањето со пластика во светот

Соединетите Американски Држави се убедливо најголемиот придонесувач за загадувањето со пластика во светот, според новиот извештај, кој повикува на развој...

НАЈЧИТАНИ