Занимливости
12.07.18 (Четврток) | Вашиот Хороскоп

ОВЕН
ЉУБОВ: Се наоѓате под притисок, морате да почитувате нечија волја или барања. Ве иритира однесувањето на партнерот.
РАБОТА: Продолжената расправија илустрира ваша несигурност или немоќ да ја надминете моменталната ситуација. Важно е да извлечете добра поука.
ЗДРАВЈЕ: Избегнувајте конфликтни ситуации.
БИК
ЉУБОВ: Во своите емотивни проценки бидете реални, не можете да очекувате саканата личност да ги оствари сите ваши слатки соништа.
РАБОТА: Угледајте се на успешните соработници и применете сличен принцип на работење. Секогаш постои некој кој може да ви пружи корисна информација.
ЗДРАВЈЕ: Разубавете го својот изглед и расположение, опуштете се.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Немојте да дозволите вашето внимание да го привлечат некои личности од страна или ласкавите комплименти кои ги добивате.
РАБОТА: Деловната ситуација прифатете ја како логичен тек на настаните и акко добар поттик да го промените својот однос кон соработниците.
ЗДРАВЈЕ: Важно е да го сочувате здравиот разум и присебниот дух.
РАК
ЉУБОВ: Чувствувате ново емотивно полетување, планирајте некоја омилена забава или љобовна средба. Ќе ви одговара весело друштво.
РАБОТА: На вам е да покренете иницијатива во добар правец, а другите да ја реализираат вашата идеја.
ЗДРАВЈЕ: ДЕлувате позитивно на својата околина.
ЛАВ
ЉУБОВ: Имате добро предчувство, а љубовната игра е најубава кога во неа учествуваат двајца избрани.
РАБОТА: Ако сакате се да функционира на беспрекорен начин, потребна ви е вам добра волја и одредени професионални манири кои представуваат ваш заштитен знак.
ЗДРАВЈЕ: Важно е правилно да на насочите својата енергија.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Во емотивна смисла непотребно го ставате на искушение партнеровото трпение, ќе зажалите поради некои зборови или постапки.
РАБОТА: Нема причина за строго да ги форсирате своите деловно финансиски палнови, како и да игнорирате нечие присуство.
ЗДРАВЈЕ: Дозволете си себе подобар третман и поквалитетни услови.
ВАГА
ЉУБОВ: Се чини дека некој строго го контролира вашето однесување. Сакате поголема емоционална слобода или нова можност да ги реализирате вашите намери.
РАБОТА: Вам ви е важно да стекнете нечија доверба во деловните кругови, Вие делувате многу разумно во некои раслични ситуации, а тоа го приметуваат другите.
ЗДРАВЈЕ: Потребни Ви се повеќе часови сон.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Саканата личност очекува да и постетите повеќе време и внимание. Тешко Ви е да ги балансирате вашите интереси.
РАБОТА: Очекувате голема пофалба или признание за деловните резултати што сте ги постигнале.
ЗДРАВЈЕ: Применувајте некои техники за релаксација.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Премногу Ве погодува нечие однесување или нова одлука. Вие се грижите да го потиснете вашето расположение пред блиските.
РАБОТА: Вие располагате со добри аргументи, но на некој Ваш соработник не му е во полза вистината да исплива на виделина.
ЗДРАВЈЕ: Вечерните часови посветете ги на некое хоби или релаксација.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Вие се грижите за љубовните дилеми, имате лоша презентација за близок роднина. Кон партнерот делувате недоверливо и претпазливо.
РАБОТА: Вашите идеи звучат добро, но околината нема доволно слух за бизнис компромис што подразбира различен модел на однесување.
ЗДРАВЈЕ: Нема потреба да се оптоварувате со “сериозни мисли”.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Покажете и на саканата личност дека добра волја и малку внимание значи многу повеќе од некои “скапи подароци”. Изненадете го парнерот.
РАБОТА: Вашиот ентузијазам, самодоверба и гордост може да се толкуваат на различни начини. Потребна е мудрост да ги балансира вашите желби и можности.
ЗДРАВЈЕ: Опуштете се со вашата омилена забава и релаксација.
РИБИ
ЉУБОВ: Партнер инсистира на заеднички промени. Треба да имате доволно разбирање и добра волја.
РАБОТА: Важно е да го почитувате протоколот, па не вршете прекршоци што може да ве загрозат пред вашите соработници.
ЗДРАВЈЕ: Нема причина да бидете оптоварени со лажни мисли.
Занимливости
Генијален „стар“ трик за белеење заби

Белеењето на забите е постапка која постојано треба да ја повторувате, а тоа не е толку евтино доколку често го посетувате стоматологот.
Затоа пробајте ја методата за белеење на забите во домот. Потребни ви се само паста, сода бикарбона и фолија.
Смесата од паста помешана со сода нанесете ја на парче алуминиумска фолија, ставете ја на забите и притиснете за фолијата добро да се залепи на забите. Оставете ја така да отстои неколку минути и отстранете ја фолијата и добро исчеткајте ги забите.
Потоа погледнете се во огледалото!
Бидете подготвени за изненадување, бидејќи забите драстично ќе ја промнат бојата. Ако имате тврдокорни наслаги постапката повторувајте ја два пати неделно.
/denar.mk
Занимливости
(ВИДЕО) Џиновски делови од 22-тонската погонска ракета биле пронајдени во близина на брегот на Филипините

Парчиња од кинеската ракета Long March 5B, која вчера неконтролирано падна на Земјата, изгледа дека завршиле во Борнео. Иако погонската етапа на ракетата, тешка повеќе од 22 тони, падна на Земјата во текот на викендот, нејзината точна локација не беше позната. Кинеските експерти го поставија местото на несреќата во близина на брегот на Филипините.
Сепак, локалните медиуми во Борнео тврдат дека остатоците од ракетата завршиле и на тој остров. За среќа паднале на земјоделски ниви и нема повредени.
Астрономот Џонатан Мекдауел, кој го следи движењето на вселенските објекти, забележал дека остатоците паднале многу блиску до селата и куќите.
– „Сто метри лево или десно и можеше да биде сосема поинаква приказна“, истакна Мекдауел.
Кина вчера објави дека проектилот паднал во морето кај Филипините. Меѓутоа, додека минувал низ атмосферата, остатоците кои паѓаат од него би можеле да завршат во голем радиус.
Видео од остатоците може да погледнете ТУКА
/rts.rs
Занимливости
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери

Инвеститорите кои го постигнаа својот статус на милионери благодарение на високата цена на водечката криптовалута, веќе не се милионери, барем повеќето од нив. Драстичниот пад на цената на криптовалутите, главно најпопуларни од сите, значи дека над 80.000 луѓе повеќе не се милионери.
Bitcoin милионери
Пред 9 месеци, поточно на 12 ноември 2021 година, неколку дена откако Bitcoin достигна рекордно високо ниво од 69.000 долари, скоро 109.000 биткоин паричници чуваа повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin.
Денес, кога цената на 1 Bitcoin се бори да го задржи својот нос над 20.000 долари, само 26.284 паричници можат да кажат дека имаат повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin , што значи дека бројот на милионери BTC е намален за над 75 отсто во последните 9 месеци.
Драматичниот пад на вредноста на криптовалутите доведе и до намалување на бројот на „крипто китови“, сопственици на паричници кои имаат повеќе од 10 милиони долари на својата сметка. Бројот на такви корисници падна од 10.587 паричници на 4.342, што е пад од речиси 60 проценти.
И покрај падот на вредноста на целиот крипто-пазар, се појавија над 13.000 нови паричници кои имаат најмалку еден BTC во нивниот дигитален џеб.
Сегашната состојба на пад на цените е комбинација од сложени настани кои имаа негативно влијание врз криптовалутите. Тука мислиме на регулативите на Федералните резерви на САД, геополитичката нестабилност, зголемената инфлација и кредитните стапки. За жал, без вистинска стабилност на финансиските пазари ширум светот, се чини дека цената на Bitcoin и другите криптовалути ќе продолжи да страда уште некое време.
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта
-
Хороскоп1 ден
Викенд Хороскоп -(сабота 13 август)-
-
Македонија2 дена
Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“
-
Хороскоп10 часа
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle1 ден
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!
-
Lifestyle7 часа
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Временска прогноза20 часа
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Македонија19 часа
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“