Занимливости
Дневен Хороскоп | Петок 13-ти

Овен (21.03-20.04)
Навистина сте успеале да постигнете рамнотежа и тоа на сите полиња: полни со елан, добро здравје и нормално љубов која ви ја дарува саканата личност. Работата некако паѓа во втор план. Ве очекува многу среќа и радост така да не треба да го губите времето на споредни работи. Сепак треба да внимавате од секој вид на претерување, особено во храната и алкохолот.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе бидете во хармонија со своите блиски, и ќе ви се врати ведриот дух. Не трошете многу енергија и не полемизирајте со никого, дури и ако бидете предизикани. Бидете поискрени со вашите пријатели. Ако сакатеда внесете нешто ново, било да е тоа на работното место, или во љубовта ова е одличен ден. Вашиот партнер ќе ги прифати идеите. Здравје: јадете повеќе здрава храна.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Идеалистички сте расположени, но тоа не ве спречува ефикасно да ги решавате практичните проблеми. Односите со пријателите се добри се додека нивното мислење не се спротистави на вашето. Бидете повеќе самокритични и размислете повеќе за вашите ставови, не мора секогаш вие да бидете во право. Емотивниот живот може да ви се искомплицира поради вашата неодговорност.
Од настаните ќе го извлекувате максимумот, но ни со тоа немојте да се задовoлувате. Вие можете повеќе и подобро. Наскоро ќе имате сериозно преиспитување со постигнатите резултати. Морате да бидете јаки за да можете да се соочите со вистината. Со вашиот став се наметнувате на околината. Бидејќи тој став не е доволно убедлив многу пријатели нема да наседнат туку ќе се обидат да ве избегнат.
Лав (23.07 – 22.08)
Почнете да ги извршувате започнатите работи. Концентрирајте се на проблемот кој веќе подолго време го одбегнувате. Ќе успеете да решите само дел од натрупаните проблеми кои ви причинуваат емотивни штети проследени со променливо однeсување. Ќе мора похрабро да ги прифатите поразите. Во љубовта ве очекуваат компромиси со партнерот. Здравје: внимавајте каква храна јадете, бидејќи постои можност од проблеми со варењето.
Девица (23.08 – 22.09)
Денешните состојби со работата многу ве нервираат и ве прават агресивни, но тоа не е толку страшно затоа што веднаш потоа доаѓаат позитивни промени и смирување. На средбата со вашата сакана личност ќе биде нагласена интимноста и меѓусебното разбирање. Слободните Девици ќе почуствуваат волшебна привлечност спрема личност која површно ја познаваат. Здравје: главоболки.
Вага (23.09 – 22.10)
Со вашиот партнер никако не ќе можете да се усогласите. Треба да го менувате или него или нешто во односот спрема него. Бидејќи ова второто е поприфатливо, и наместо на секој негов збор да реагирате бурно и непромислено обидете се да премолчите. Тогаш сте најпаметни. Претераното зборување последниве денови може многу скапо да ве чини. Здравје: чуствително- можни се алегрии.
Скорпија (23.10-21.11)
Иако од желбата за наметнување на сопствените убедувања на околината и на партнерот имате само штета сепак тоа е појако од вас. Моментално таа ваша суериорност е голема препрека во вашето функционирање. Пожелно е понекогаш да глумите безпомошни. Планетите ви порачуваат да се вразумите. Не морате по секоја цена да бидете во право. Здравје: многу добро.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Интензивно ќе работите на пронаоѓање на ново работно место, нови деловни партнери или пак на евентуално напредување на работното место. Ќе ви бидат нагласени интелектуалните способности како и амбициозноста и самодисциплината. Некој од роднините или блиските пријатели ќе ве запознае со интересна личност со која во иднина ќе ве врзува пријателството или страста. Не го пропуштајте денот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Постапувајте практично во животот за да можете загубите да ги сведете на минимум. Ќе спасувате се што можете да спасите. Време за губење немате. Само со јасни погледи можете да ја постигнете целта во спротивно ќе имате недоразбирања со околината. Партнерот е прв на листата на осомничени за неискрено однесување. Бидејќи не му верувате размислете за тоа што понатаму. Довербата е многу важна.
Водолија (21.01 – 19.02)
Нова љубов, децата, спортот и забавата ќе бидат актуелни во текот на денот. За сето тоа енормно ви расти интересот. Доколку тврдоглаво настојувате да го реализирате тоа што не е можно за вас ќе биде многу непријатно и може лошо да се одрази врз вашата здраствена состојба. Па затоа би било добро да можете да се задоволите со реалната понуда, во спротивно ќе имате проблеми.
Риби (20.02 – 20.03)
Денеска ќе бидете доста повлечени и напнати. Некои од вас ќе добијат желба да се подалеку од другите, односно да се повлечат со своите мисли. Ве очекуваат пријатни изненадувања на сентимантален план, но само ако ја вратите ведрината на вашето лице и ако се дружите. Заборавете на грижите, насмевнете се и уживајте. На работното место нема да бидете многу ангажирани. Наспиете се добро ви треба одмор.
Занимливости
Генијален „стар“ трик за белеење заби

Белеењето на забите е постапка која постојано треба да ја повторувате, а тоа не е толку евтино доколку често го посетувате стоматологот.
Затоа пробајте ја методата за белеење на забите во домот. Потребни ви се само паста, сода бикарбона и фолија.
Смесата од паста помешана со сода нанесете ја на парче алуминиумска фолија, ставете ја на забите и притиснете за фолијата добро да се залепи на забите. Оставете ја така да отстои неколку минути и отстранете ја фолијата и добро исчеткајте ги забите.
Потоа погледнете се во огледалото!
Бидете подготвени за изненадување, бидејќи забите драстично ќе ја промнат бојата. Ако имате тврдокорни наслаги постапката повторувајте ја два пати неделно.
/denar.mk
Занимливости
(ВИДЕО) Џиновски делови од 22-тонската погонска ракета биле пронајдени во близина на брегот на Филипините

Парчиња од кинеската ракета Long March 5B, која вчера неконтролирано падна на Земјата, изгледа дека завршиле во Борнео. Иако погонската етапа на ракетата, тешка повеќе од 22 тони, падна на Земјата во текот на викендот, нејзината точна локација не беше позната. Кинеските експерти го поставија местото на несреќата во близина на брегот на Филипините.
Сепак, локалните медиуми во Борнео тврдат дека остатоците од ракетата завршиле и на тој остров. За среќа паднале на земјоделски ниви и нема повредени.
Астрономот Џонатан Мекдауел, кој го следи движењето на вселенските објекти, забележал дека остатоците паднале многу блиску до селата и куќите.
– „Сто метри лево или десно и можеше да биде сосема поинаква приказна“, истакна Мекдауел.
Кина вчера објави дека проектилот паднал во морето кај Филипините. Меѓутоа, додека минувал низ атмосферата, остатоците кои паѓаат од него би можеле да завршат во голем радиус.
Видео од остатоците може да погледнете ТУКА
/rts.rs
Занимливости
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери

Инвеститорите кои го постигнаа својот статус на милионери благодарение на високата цена на водечката криптовалута, веќе не се милионери, барем повеќето од нив. Драстичниот пад на цената на криптовалутите, главно најпопуларни од сите, значи дека над 80.000 луѓе повеќе не се милионери.
Bitcoin милионери
Пред 9 месеци, поточно на 12 ноември 2021 година, неколку дена откако Bitcoin достигна рекордно високо ниво од 69.000 долари, скоро 109.000 биткоин паричници чуваа повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin.
Денес, кога цената на 1 Bitcoin се бори да го задржи својот нос над 20.000 долари, само 26.284 паричници можат да кажат дека имаат повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin , што значи дека бројот на милионери BTC е намален за над 75 отсто во последните 9 месеци.
Драматичниот пад на вредноста на криптовалутите доведе и до намалување на бројот на „крипто китови“, сопственици на паричници кои имаат повеќе од 10 милиони долари на својата сметка. Бројот на такви корисници падна од 10.587 паричници на 4.342, што е пад од речиси 60 проценти.
И покрај падот на вредноста на целиот крипто-пазар, се појавија над 13.000 нови паричници кои имаат најмалку еден BTC во нивниот дигитален џеб.
Сегашната состојба на пад на цените е комбинација од сложени настани кои имаа негативно влијание врз криптовалутите. Тука мислиме на регулативите на Федералните резерви на САД, геополитичката нестабилност, зголемената инфлација и кредитните стапки. За жал, без вистинска стабилност на финансиските пазари ширум светот, се чини дека цената на Bitcoin и другите криптовалути ќе продолжи да страда уште некое време.
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта
-
Хороскоп1 ден
Викенд Хороскоп -(сабота 13 август)-
-
Македонија2 дена
Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“
-
Хороскоп10 часа
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle1 ден
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!
-
Lifestyle7 часа
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Временска прогноза20 часа
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Македонија19 часа
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“