Занимливости
Денешен Хороскоп | 15.02 (Петок)

Овен
На работа сте под голем притисок и можно е секој ден да размислувате за отказ.
Очекувате поддршка од саканата личност. Сепак, од нивна страна нема слух за вашите барања.
Болки во зглобовите.
Бик
Не сте доволно сконцентрирани на работата и лесно правите грешки.
Можно е да не сте заинтересирани за нови познанства. Пред другите делувате студено и дистанцирано.
Промени во расположението.
Близнаци
Посветени сте на работата и можете да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе остварите добри резултати.
Имате можност да ја обновите комуникацијата со личност од минатото. Стара љубов се враќа во вашиот живот и среќни сте поради тоа.
Проблеми со забите.
Рак
Не дозволувајте некој друг да одлучува наместо вас. Важно е самите да се борите за себе.
Имате добар однос со саканата личност и задоволни сте. Ако сте слободни, денешниот ден е сосема поволен за почеток на нова врска.
Зголемете го внесот на калциум и магнезиум.
Лав
Пред вас се мали компликации на полето на работата. Можно е некои проблеми да доаѓаат сосема неочекувано.
Осамени сте и не ви е тешко да склопите нови познанства. Не сте толку сигурни во себе.
Ве мачи главоболка.
Девица
Загрижени сте поради работата. Не сте сигурни во која насока оди вашата ситуација.
Ако ви се допаѓа личност родена во огнен знак, можно е да имате мали проблеми.
Нагласена несоница.
Вага
Не очекувајте големи промени на работа. Посветете се на секојдневните обврски.
Ви се допаѓа личност која има опуштен и пријателски однос. Наскоро ќе и ги покажете своите чувства.
Би ви годела масажа.
Шкорпија
Ве очекува прилично опуштен ден кога се во прашање обврските. Можно е да не сте премногу оптоварени денеска.
Сакате да и удоволите на саканата личност. Ве очекува убав ден за љубов и романтика.
Внимавајте на кичмата.
Стрелец
Немојте да се занимавате со претерано ризични работи за да не направите голема штета.
Уживате во една авантура и сега сте подготвено да ставите точка на таквиот однос.
Внимавајте на холестеролот.
Јарец
Ве очекуваат мали тешкотии на полето на работата. Работите не одат онака како што очекувавте.
Ако имате проблем во комуникацијата со саканата личност, ќе успеете да ги решите во текот на денешниот ден.
Внимавајте на бубрезите.
Водолија
Не е поволен ден за склучување нови договори. Најдобро би било да не се впуштате во големи планови.
Делува дека партнерот е дистанциран од вас. Имате впечаток дека нешто не е во ред.
Уринарниот тракт ви е чувствителен.
Риби
Ве очекуваат многу обврски кои ви создаваат притисок и нервоза. Добро би било да се организирате добро.
Настапува малку потежок период за љубов. Имате многу дилеми и размислувате премногу.
Пад на имунитетот.
Занимливости
Само 1% од луѓето овде гледаат слон: на интернет кружи слика која вознемири многумина, обидете се да го пронајдете (ФОТО)

Can you spot the elephant ? pic.twitter.com/xqqzUrhkvH
— Marwan Koukash (@drmarwanK) October 29, 2017
Го најдовте ли слонот? Откако ќе го завртите екранот, ќе забележите дека двете дрвја од двете страни на ловецот ги формираат нозете на слонот додека дрвото од спротивната страна на сликата е стеблото на слонот.
Занимливости
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари

Борбата со откажувањето од цигарите, денеска е една од најприсутните во полето на здравјето. За да им излезат во пресрет на пушачите кои сакаат да престанат, различни производители нудат фластери, електронски цигари, лекови, мастики. Но, на крајот повторно сè останува на вас.
Доктор Арун Кумар долги години им помага на пушачите да се откажат од цигарите. Тој вели дека прво мора да утврдите каков пушач сте, односно во кои ситуации посегнувате по цигарите. Ако утврдите зошто, односно ја процените причината, ќе најдете и начин како да престанете.
Праксата на Кумар покажа дека физичката активност ја намалува потребата за никотин. Тоа не значи да трчате маратон, но обична прошетка може многу да ви помогне. Главно треба да знаете дека пушењето е анти-стрес навика. Ги смирува луѓето. Затоа и треба да најдете помалку штетна алтернатива за да се ослободите од стресот, како што е медитирање, јога и масажа.
Еве кои трикови можете да ги искористите во битката со цигарите:
– Џвакајте цимет. Ја убива желбата за никотин.
– Солената храна ја убива желбата за цигара. Ако немате чипс при рака, ставете малку сол на врвот на јазикот.
– Кога ќе добиете желба за цигара јадете ореви, лешници, бадеми или суво овошје.
– Секогаш имајте мастики во себе.
– Ако пред да запалите цигара испиете малку млеко или изедете целер или морков, нема да уживате во цигарата затоа што ќе имате горчлив вкус во устата.
– Витаминот Ц ви е најголемиот сојузник во битката со цигарите. Затоа консумирајте лимони, портокали, црвена пиперка.
/denar
Занимливости
Напишете „The Last Of Us“ во пребарување на Google за изненадување

Некој во Google е голем обожавател на The Last of Us – „Пребарување на Google“ сега има кул мало изненадување што ја слави реномираната сериска адаптација на франшизата на видео игрите на HBO.
Печурките се насекаде
За да го проверите, отворете Google, напишете „The Last Of Us“ и почекајте само половина секунда црвената печурка да се појави на дното на страницата со резултати од пребарувањето. Кликнете на неа и видете што ќе се случи.
Колку повеќе кликнувате на печурката, толку повеќе вашиот екран се полни со разни печурки, но за среќа, со едноставно кликнување на црвеното копче „X“ на дното, можете да исчистите се што се појавило на вашиот монитор.
Ова не е прв пат, а се надеваме не последен пат, да наидеме на вакви изненадувања преку пребарување на Google.
Извор: Mashable
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (8 февруари)
-
Свет14 часа
(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за четврток (9 февруари)
-
Магазин2 дена
Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?
-
Видео14 часа
Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит
-
Свет2 дена
SpaceX ќе се обиде да го лансира Starship во март
-
Магазин2 дена
Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици
-
Свет1 ден
Бројот на жртви не запира, денеска надмина 6,200 луѓе, додека спасувачите и покрај лошите временски услови се обидуваат да извадат живи луѓе..