Занимливости
Хороскоп за денес | 16.08 Четврток |

Овен
Работа – Покажувате голем ентузијазам во однос на работата, но и соработката со колегите. Имате одлични идеи од кои една може да ви донесе поголема заработка.
Љубов – Суптилна ситуација со партнерот води до одбранбен став од ваша страна кој ви ја нарушува љубовта.
Здравје – Солидно.
Бик
Работа – Доколку сте во можност да инвестирате во свој бизнис, направете нешто во однос на тоа. Ѕвездите ви се наклонети.
Љубов – Имате одличен став кон партнерот кој ве поддржува во вашите намери. Послушајте го советот на искусните кога станува збор за партнерските односи.
Здравје –Проблеми со грлото.
Близнаци
Работа – Внимавајте на изненадувања на кои не бевте подготвени. Очекувајте силно работно темпо и не очајувајте доколку увидите дека не можете да постигнете нешто.
Љубов –Ако сте во брак, бидете доволно храбри и признајте дека не сте во право. Не дозволувајте некоја ситуација да предизвикува големи проблеми.
Здравје – Движете се.
Рак
Работа – Полето на приватен бизнис посочува дека морате да се прилагодите на одредени сигнали во индустријата, кои бараат дополнителни вложувања.
Љубов – Пробајте да најдете заедничка цел со партнерот бидејќи тоа може да ви помогне да ја одржите врската во која моментално се наоѓате, а каде се чувствувате многу лошо.
Здравје – Одмарајте повеќе.
Лав
Работа – Имате лоши работни резултати, а причината за тоа е дека не се трудите доволно. Бидете доволно отворени за поголема соработка во наредниот период.
Љубов – Очекувате подобри прилики од тие што ги имате моментално. Сепак, не им го трошете времето на луѓето.
Здравје – Хроничните болни да внимаваат.
Девица
Работа – Не е лошо, но морате да бидете поупорни во своите намери. Не се откажувајте од целите.
Љубов –Доколку немате некој покрај себе, не очајувате за личност од минатото. На вас останува да се интегрирате со таа личност и да се опуштите.
Здравје – Несоница.
Вага
Работа – Не очајувајте доколку видите лоши резултати од вашата работа. Имате доволно време во ред да ги донесете сите активности кои се ваша одговорност и да се ослободите од стресот.
Љубов – Ви се допаѓа една Водолија, но не можете да се опуштите доволно за да се отворите кон таа личност.
Здравје – Пијте повеќе течности.
Шкорпија
Работа – Доколку имате мислење дека деновите ви се лоши, не очајувајте. Се е минливо.
Љубов – Пробајте отворено да разговарате со партнерот и да кажете што ви лежи на душа. Имате мотив некоја личност од минатото да ја вратите во својот живот.
Здравје – Во добра форма сте.
Стрелец
Работа – Некои детали кои ви претставувале проблем можат денес да се решат. Не очајувате доколку не можете да се посветите на сите работи одеднаш.
Љубов – Имате крут став кон партнерот. Разговарајте.
Здравје – Посвете се на себе.
Јарец
Работа – Доколку сте од оние кои градат кариера, ќе имате доволен мотив да сфатите дека постојат повеќе избори и да испаднете како победник.
Љубов – Ако сте во брак, бидете внимателни кон партнерот. Ѕвездите не ви се многу наклонети.
Здравје – Главоболка.
Водолија
Работа – Се подобрува вашиот финансиски прилив. Работевте многу посветено и го заслужувате ова.
Љубов – Ако сте под притисок, пробајте да се опуштите. Посветете се прво себеси и средете ги мислите, пред да разговарате со партнерот.
Здравје – Несоница.
Риби
Работа – Имавте непријатни ситуации на работа, но состојбата се подобрува. Бидете спокојни.
Љубов – Не сте во лошо расположение, но сигурно ви годи самотијата. Сакате да поминете време во соло стил.
Здравје – Лош имунитет.
Занимливости
Генијален „стар“ трик за белеење заби

Белеењето на забите е постапка која постојано треба да ја повторувате, а тоа не е толку евтино доколку често го посетувате стоматологот.
Затоа пробајте ја методата за белеење на забите во домот. Потребни ви се само паста, сода бикарбона и фолија.
Смесата од паста помешана со сода нанесете ја на парче алуминиумска фолија, ставете ја на забите и притиснете за фолијата добро да се залепи на забите. Оставете ја така да отстои неколку минути и отстранете ја фолијата и добро исчеткајте ги забите.
Потоа погледнете се во огледалото!
Бидете подготвени за изненадување, бидејќи забите драстично ќе ја промнат бојата. Ако имате тврдокорни наслаги постапката повторувајте ја два пати неделно.
/denar.mk
Занимливости
(ВИДЕО) Џиновски делови од 22-тонската погонска ракета биле пронајдени во близина на брегот на Филипините

Парчиња од кинеската ракета Long March 5B, која вчера неконтролирано падна на Земјата, изгледа дека завршиле во Борнео. Иако погонската етапа на ракетата, тешка повеќе од 22 тони, падна на Земјата во текот на викендот, нејзината точна локација не беше позната. Кинеските експерти го поставија местото на несреќата во близина на брегот на Филипините.
Сепак, локалните медиуми во Борнео тврдат дека остатоците од ракетата завршиле и на тој остров. За среќа паднале на земјоделски ниви и нема повредени.
Астрономот Џонатан Мекдауел, кој го следи движењето на вселенските објекти, забележал дека остатоците паднале многу блиску до селата и куќите.
– „Сто метри лево или десно и можеше да биде сосема поинаква приказна“, истакна Мекдауел.
Кина вчера објави дека проектилот паднал во морето кај Филипините. Меѓутоа, додека минувал низ атмосферата, остатоците кои паѓаат од него би можеле да завршат во голем радиус.
Видео од остатоците може да погледнете ТУКА
/rts.rs
Занимливости
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери

Инвеститорите кои го постигнаа својот статус на милионери благодарение на високата цена на водечката криптовалута, веќе не се милионери, барем повеќето од нив. Драстичниот пад на цената на криптовалутите, главно најпопуларни од сите, значи дека над 80.000 луѓе повеќе не се милионери.
Bitcoin милионери
Пред 9 месеци, поточно на 12 ноември 2021 година, неколку дена откако Bitcoin достигна рекордно високо ниво од 69.000 долари, скоро 109.000 биткоин паричници чуваа повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin.
Денес, кога цената на 1 Bitcoin се бори да го задржи својот нос над 20.000 долари, само 26.284 паричници можат да кажат дека имаат повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin , што значи дека бројот на милионери BTC е намален за над 75 отсто во последните 9 месеци.
Драматичниот пад на вредноста на криптовалутите доведе и до намалување на бројот на „крипто китови“, сопственици на паричници кои имаат повеќе од 10 милиони долари на својата сметка. Бројот на такви корисници падна од 10.587 паричници на 4.342, што е пад од речиси 60 проценти.
И покрај падот на вредноста на целиот крипто-пазар, се појавија над 13.000 нови паричници кои имаат најмалку еден BTC во нивниот дигитален џеб.
Сегашната состојба на пад на цените е комбинација од сложени настани кои имаа негативно влијание врз криптовалутите. Тука мислиме на регулативите на Федералните резерви на САД, геополитичката нестабилност, зголемената инфлација и кредитните стапки. За жал, без вистинска стабилност на финансиските пазари ширум светот, се чини дека цената на Bitcoin и другите криптовалути ќе продолжи да страда уште некое време.
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за понеделник (15 август)
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle2 дена
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Кичево1 ден
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор
-
Македонија8 часа
Ова се новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од ноќеска
-
Македонија7 часа
Соборен рекорд, 47 пребрзо возеле во Кичево, додека на подрачјето на СВР Охрид вкупно 92 возачи надминале дозволена брзина
-
Спорт1 ден
Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип
-
Македонија23 часа
„Се лета“ Тетово-Гостивар, дури 13 возачи движеле над 70 км/ч од дозволеното!