Следете не

Занимливости

Дневен Хороскоп | 17.08 | Петок

Објавено пред

на

Овен
Внимателно анализирајте нечие предупредување,без оглед н големата упорност не можете да ги наметнете своите практични решенија. Подобро е да останете во нечија сенка,отколку да започнете работа за која немате доволно интереси или поддршка од мнозинството.
Заобиколувате различни „љубовни двосмислености” или лице со сомнителна репутација, а на крај не го постигнувате саканиот ефект.
Добро се чувствувате.

Бик
Некој ги поддржува вашите идеи, но не претставува гаранција за деловно-финансиски успех. Треба да ги исполнувате сите услови. Објаснувате работи кои вашата околина добро ги познава, но не се осмелува да ги прифати.
Доколку ви е важно да го израдувате саканото лице, осмислите начин на кој можете да предизвикате возбуда и позитивна реакција.
Проблеми со грлото.

Близнаци
Постојат ситуации кои ги решавате со помала успешност отколку вашите соработници,избегувајте конфликт со личност која ќе го наметне своето конзервативно мислење.
Премногу субјективно ги доживувате моменталните настани во љубовниот живот,препуштете му на партнерот да креира заеднички планови.
Добро се чувствувате.

Рак
Брзоплето сте прифатиле нечија понуда и сега Ви преостанува да жалите,поради она што сте го кажале или направиле пред своите соработници. Ако сте премногу се прокупирани со големи амбиции, обрнете внимание на некој коментар за нови деловни можности.
Немојте да правите работи кои ја иритираат саканата личност. Склони сте кон ретерувањето и непотребно предизвикувате нечие непријателство.
Хронични тешкотии.

Лав
Нема потреба да ги преувеличувате своите знаења или практични способности пред лице кое има богато искуство. Важно е точно да ги одредите своето место и работа во тимот на соработници.
Не сакате да се залажувате со лажна надеж, но работите не изгледаат розево во однос на близок човек. Бидете внимателни и промислени, пред да зборувате,
Добро се чувствувате.

Девица 
Потпрете се на својот инстинкт, не дозволувајте некој да смислено да ги намалува вашите заслуги или да ве залажува со погрешен приказ на добивката.
Важно е да се придржувате до договор во врска со саканата личност, за да почувствувате емотивно внимание и прифаќање. Нема потреба да кршите некои стандардни правила во заеднички живот.
Не сте во кондиција.

Терезија
Со својот начин на размислување и однесување, дејствувате поттикнувачки на околината. Важно е да поттикнете добар однос со соработниците, како и да почитувате различни ставови за избор на деловни интереси и приоритети.
Осмислете нова ситуација или гест кој ќе го усреќи саканото лице. Внимание и љубов никогаш не е доволно за заедничка среќа.
Добро се чувствувате.

Скорпија
Важно ви е да постигнете конкретни резултати, така што ве иритира нечија колебливост или несигурност во деловните преговори.Избегајте ги ривалските односи и не бидете суетни пред соработниците.
Ви недостасува емотивен поттик, планирајте средба со лице кое ќе
Контролирајте го притисокот.

Стрелец
Имате строги критериуми и ве иритирате нечија појава, површност или неодговорност во деловната средба. Размислувате за промена на условите како за да постигнете подобар стандард.
Поскувате поголема умереност во средбата со блиско лице, бидејќи бурни или „театрални” изливи на чувства кај вас, рзбудува дополнително сомневање и негативни реакција.
Добро се чувствувате.

Јарец
Имате впечаток дека вашите зборови не претставуваат доволно силни аргументи во средба со лицето кое одлучува за деловно-финансиски интереси.Ако ви е важно да се отстрани некој сомнеж, побарајте дополнителна интервенција.
Понекогаш лесно се занесувате и не му посветувате доволно внимание на саканото лице,слободно изразете го „поубавиот дел” од вашата личност.
Посетете стоматолог.

Водолија
Делувате како лице кое ги поставува своите долвно-финансиски цели над интересите на мнозинството, така што ве очекуваат различни коментари и нечие незадоволство.
Чувствувате резигнација или „емотивна празнина”, можеби вашиот партнер има повеќе проблеми отколку што може да претпоставите.
Добро се чувствувате.

Риби
Делувате декоцентрирано, бидејќи некој индиректно ве спречува да ги остварувате своите деловно-финансиска намери. Не трпете осуетување и не сакате да се помирите со строг деловен режим или неуспех.
Избегнувајте претерување во вашите барања, вашите желби не можат да бидат пред нечии потреби. Саканото лице има свои критериуми и режими.
Можна настинка.

Занимливости

(ВИДЕО) На саемот „Motopassion“ реномираниот Kawasaki претстави два нови модели „Z500“ и „Ninja 500“ мотоцикли

Објавено пред

на

printscreen/official video

На саемот Motopassion, Kawasaki претстави два интригантни нови модели – Z500 и Ninja 500, кои привлекоа големо внимание кај посетителите. Она што ги издвојува овие модели е нивната способност да возат со категоријата А2, обезбедувајќи фантастично искуство и за почетниците и за искусни возачи.

Опремени со целосно нов паралелен двоен мотор за 2024 година, двата модели ги исполнуваат најстрогите стандарди за емисија на издувни гасови Euro5+, следејќи ги најновите трендови во индустријата.

Срцето на новиот Z500 е паралелна двојна единица со волумен од 451 кубен метар, која обезбедува моќност од 33,4 kW (околу 45 КС) при 9.000 вртежи во минута. Со шест-брзински менувач и спојка со влечки, Z500 обезбедува предвидливо, но динамично управување што ќе ги воодушеви возачите од сите нивоа на вештини.

Според неговите спецификации, Z500 би требало лесно да се наметне во својот сегмент.

Димензии:
– Должина: 1.995 mm
– Ширина: 800 mm
– Висина: 1.055 mm
– Меѓуоскино растојание: 1.375 mm
– Висина на седиштето: 785 mm
– Тежина: 172 кг
Цена: 6.468 евра

Ninja 500 го има истиот мотор како Z500 и дели многу други компоненти со него. Со идентична единица од 451 кубика, која обезбедува моќност од околу 45 КС при 9.000 вртежи во минута, Ninja 500 ги испорачува истите перформанси со својот препознатлив спортски дизајн.

Опремен со челична рамка од решетката и тркала од 17 инчи, овој модел ветува извонредно возачко искуство, и на отворени патишта и на градски улици.

Димензии:
– Должина: 1.995 mm
– Ширина: 730 mm
– Висина: 1.120 mm
– Меѓуоскино растојание: 1.375 mm
– Висина на седиштето: 785 mm
– Тежина: 171 кг
Цена: 7.105 евра

Со овие модели, Kawasaki уште еднаш ја потврди својата посветеност на обезбедување врвни перформанси и иновативен дизајн, внесувајќи нова димензија во светот на мотоциклизмот.

Извор: moto-berza.com

Прочитај повеќе...

Занимливости

Откриен целосен фосил „змеј“ стар 240 милиони години

Објавено пред

на

printscreen/official video

Меѓународен тим на научници во јужна Кина го откри првиот целосен фосил на воден рептил долг пет метри од периодот на Тријас кој припаѓа на видот Dinocephalosaurus orientalis. Фосилот е стар 240 милиони години и е наречен „змеј“ бидејќи има исклучително долг врат, објави Би-Би-Си.

Фосилот му припаѓа на видот Dinocephalosaurus orientalis, кој првично беше идентификуван во 2003 година. Ник Фрејзер од Националниот музеј на Шкотска, кој беше дел од меѓународниот тим што го проучуваше фосилот, рече дека ова е првпат научниците да успеат да видат фосил од неговиот вид во целост.

Фрејзер истакна дека тоа е многу чудно животно кое има екстремитети слични на перки и дека неговиот врат е подолг од остатокот од телото и опашката заедно.

Фрејзер претпостави дека „долгиот, свитлив и флексибилен врат“ му дава на животното поголеми ловечки способности, овозможувајќи му да бара храна во подводните пукнатини. Фосилот е откриен во антички наоѓалишта на варовник во јужна Кина.

Научен труд кој го опишува новооткриениот фосил е објавен во академското списание Earth and Environmental Science.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Некогаш најсовремениот сателит, вечерва се спушта на земјата

Објавено пред

на

Илустрација

Револуционерниот европски сателит за далечинско набљудување ERS-2, лансиран во 1995 година, треба да падне на Земјата оваа вечер. Европската вселенска агенција (ESA) тврди дека поголемиот дел од овој сателит ќе изгори на патот кон Земјата.

Сепак, можно е некои делови да ја издржат топлината што ќе се создаде при спуштањето со голема брзина, иако шансите овие фрагменти да паднат на населени места и да предизвикаат штета се мали.

Делови од сателитот би можеле да паднат речиси каде било во светот, најверојатно ќе паднат во морето, јавува Би-би-си. ЕСА лансираше два речиси идентични сателити за далечинско набљудување на Земјата во 1990-тите. Тие беа најсофистицираните планетарни набљудувачи во своето време, со пакет инструменти за следење на промените на копно, во океаните и во воздухот.

ERS-2, првиот што се врати на Земјата, првично беше поставен на 780 километри над планетата, а инженерите ги искористија неговите резерви на гориво во 2011 година за да го спуштат на височина од 570 километри.

Извор: euronews.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево1 час

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин2 часа

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин2 часа

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево17 часа

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

Lifestyle1 ден

Дали знаете што значи WC?

Дали некогаш сте застанале да размислите за значењето на буквите „WC“ на знакот за јавен тоалет? Иако е вообичаена глетка...

Кичево1 ден

ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда)...

Автомобили1 ден

Гигантот оди во заслужена „пензија“: Audi R8 повеќе нема да се произведува

Во ноември минатата година Audi го прекина производството на моделот ТТ по 26 години и произведени над 660.000 примероци, а...

Магазин1 ден

Драмата продолжува: TikTok под истрага, му се заканува тужба

Американската Федерална трговска комисија (FED) го истражува TikTok за наводно кршење на приватноста и безбедноста на податоците на корисниците. Доколку...

Магазин1 ден

iPhone конечно добива функција која Android ја има веќе 15 години

Иако иконите сè уште ќе бидат ограничени на мрежниот распоред, веќе нема да има автоматско пополнување празни места Во технолошките...

НАЈЧИТАНИ