Занимливости
Дневен Хороскоп (2.7 Понеделник)
Овен (21.03-20.04)
На работното место задачите ќе ги извршувате онака како што се бара од вас. Некои ќе забележат успех и напредок. Комуникациите ќе ви бидат средни, но со позитивен предзнак. Што значи дека вашите контакти добро ќе се развиваат и дека ќе можете да склопувате доста добри договори. Поголмиот број на плеанети ви се наклонети. Љубовниот живот ви е добар ќе имате подршка од вашиот партнер. Здравје: добро.
Бик (21.04 – 21.05)
Вашиот јавен живот доминира над вашата приватност. Некои од вас ќе го запостават партнерот или од него очекуваат да се прилагоди на вас особено родените во втората декада. Односот со родителите или децата ви е одличен и вашето задоволство се зголемува. Обидете се со околината да задржите чисти сметки. Здрствената ситуација ви е помалку чуствителна внимавајте на забите и намалете со слатката храна.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Се повеќе настани ве очекуваат во денешниот ден. Ви се закануваат и стресови кои можат да бидат и доста непријатни за вас. Ве советуваме да избегнувате било какви важни одлуки, бидејќи психички ќе бидете многу напнати. Ќе бидете склони кон кавги и расправии за кои подоцна ќе зажалите. Сентименталните односи ќе бидат доста напнати, па затоа не е добро да донесувате некои поважни одлуки. Здравје: чуствително.
Можете да започнете со поголеми и важни работи, а ќе можете да развиете и некои нови проекти. Ќе се чуствувате се подобро, па и вашето расположение ќе придонесе за подобар успех. Ќе имате многу добри односи со претпоставените, па затоа сега е одличен ден за важни разговори и договори. Во емоционалниот живот ве очекуваат моменти на чубов и разбирање со вашиот партнер. Здравје: многу добро.
Лав (23.07 – 22.08)
Ве очекуваат нешто повеќе тешкотии во меѓучовечките односи кои стануваат се посложени. Избегнувајте контакти кои не се неопходни. Ќе бидете доста незадоволни, па ќе се почуствувате занемарено, неправедно отфрлени и сл. Без грижи тоа е само моментално и набрзо ќе исчезне. Во интимниот живот во сериозните врски ве очекуваат проблеми со партнерот кои можат да се зголемат. Внимавјате. Здравје: просечно.
Девица (23.08 – 22.09)
Моменталната ситуација не ви е најповолна. Ви се заканува и напнатост. Неповолните аспекти од планетите ќе бидат многу нагласени, па во некои делови од вашиот живот ќе имате повеќе тешкотии затоа најдобро би било да не започнувате поголеми и важни работи. И во љубовта ситуацијата не е многу поразлична. Особено ќе треба да внимавате на вашето однесување кон партнерот. Здравје: просечно.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе бидете се позадоволни и помирни и пред вас се се поголеми шанси. Ќе имате многу добри аспекти за почеток на долготрајни работи и работи кои се поврзани со совладување на отпор односно борба. На тој план можете да очекувате и значајни успеси. Ќе имате многу енергија и упорност, па се подобро ќе се чуствувате. Во љубовниот живот ќе бидете се позадоволни и наклонети кон нови познанства. Здравје: добро.
Скорпија (23.10-21.11)
Вашата ситуација во моментот не е лесна, но не е и сосема неповолна. Ве очекуваат непријатности во комуиникациите особено со претпоставените. Ќе се најдете во ситација која ќе ве изненади, па нема да реагирате на најдобар начин. Не започнувајте нови работи особено ако се поврзани со пари или странство. Во големите замилси не ви претстои голем успех. Сентименталните односи ви се просечни. Здравје: добро.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Енергијата ви е на високо ниво. Денеска најповеќе ќе се занимавате со совладување на отпорот и ублажување на различните удари. Бидете особено внимателни во пошироките комуникации, бидејќи соработниците не ви се особено наклонети. Емоционално сте напнати, обидете се тоа да не го префрлите и врз партнерот. Односите во семејството помалку ве нервираат. Бидете потолерантни.
Јарец (22.12 – 20.01)
Одличен ден за некои помали работи и контакти како работни така и приватни. Ќе имате доста добри односи со претпоставените, па вашите работи ќе напредуваат. Амбициозните проекти не ви се добро аспектирани но се очекуваат подобрување. Треба да бидете поупорни и потрпеливи ако сакате да напредувате. Љубовниот живот полека се средува, и не дозволувајте некој да се попрчи помеѓу вас. Здравје: многу добро.
Водолија (21.01 – 19.02)
Неповолните аспекти можат да ви донесат незгодни недоразбирања особено со луѓето од кои зависите. Бидете внимателни во комуникациите со претпоставените, бидејќи на тој план може да има неочекувани недоразбирања кои лошо ќе делуваат врз вас. Затоа најдобро е што помалу да се дружите и најповеќе внимание да посветите на работата. Во љубовниот живот просечна ситуација. Здравје: внимавајте на храната.
Риби (20.02 – 20.03)
Ви се закануваат опасности во еден дел од вашиот живот кои нема да ги почуствувате во полна сила. Односите со претпоставените ви се добри и поголемиот број на работи ќе ви бидат успешни. Сепак се чини дека вашата позиција е доста нестабилна, па сите тие добра можат да исчезнат. Ве очекуваат кавги и расправии за кои најчесто ќе бидете предизвикувани. Обидете се накеко да избегнте конфронтации.
Занимливости
Генијален „стар“ трик за белеење заби

Белеењето на забите е постапка која постојано треба да ја повторувате, а тоа не е толку евтино доколку често го посетувате стоматологот.
Затоа пробајте ја методата за белеење на забите во домот. Потребни ви се само паста, сода бикарбона и фолија.
Смесата од паста помешана со сода нанесете ја на парче алуминиумска фолија, ставете ја на забите и притиснете за фолијата добро да се залепи на забите. Оставете ја така да отстои неколку минути и отстранете ја фолијата и добро исчеткајте ги забите.
Потоа погледнете се во огледалото!
Бидете подготвени за изненадување, бидејќи забите драстично ќе ја промнат бојата. Ако имате тврдокорни наслаги постапката повторувајте ја два пати неделно.
/denar.mk
Занимливости
(ВИДЕО) Џиновски делови од 22-тонската погонска ракета биле пронајдени во близина на брегот на Филипините

Парчиња од кинеската ракета Long March 5B, која вчера неконтролирано падна на Земјата, изгледа дека завршиле во Борнео. Иако погонската етапа на ракетата, тешка повеќе од 22 тони, падна на Земјата во текот на викендот, нејзината точна локација не беше позната. Кинеските експерти го поставија местото на несреќата во близина на брегот на Филипините.
Сепак, локалните медиуми во Борнео тврдат дека остатоците од ракетата завршиле и на тој остров. За среќа паднале на земјоделски ниви и нема повредени.
Астрономот Џонатан Мекдауел, кој го следи движењето на вселенските објекти, забележал дека остатоците паднале многу блиску до селата и куќите.
– „Сто метри лево или десно и можеше да биде сосема поинаква приказна“, истакна Мекдауел.
Кина вчера објави дека проектилот паднал во морето кај Филипините. Меѓутоа, додека минувал низ атмосферата, остатоците кои паѓаат од него би можеле да завршат во голем радиус.
Видео од остатоците може да погледнете ТУКА
/rts.rs
Занимливости
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери

Инвеститорите кои го постигнаа својот статус на милионери благодарение на високата цена на водечката криптовалута, веќе не се милионери, барем повеќето од нив. Драстичниот пад на цената на криптовалутите, главно најпопуларни од сите, значи дека над 80.000 луѓе повеќе не се милионери.
Bitcoin милионери
Пред 9 месеци, поточно на 12 ноември 2021 година, неколку дена откако Bitcoin достигна рекордно високо ниво од 69.000 долари, скоро 109.000 биткоин паричници чуваа повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin.
Денес, кога цената на 1 Bitcoin се бори да го задржи својот нос над 20.000 долари, само 26.284 паричници можат да кажат дека имаат повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin , што значи дека бројот на милионери BTC е намален за над 75 отсто во последните 9 месеци.
Драматичниот пад на вредноста на криптовалутите доведе и до намалување на бројот на „крипто китови“, сопственици на паричници кои имаат повеќе од 10 милиони долари на својата сметка. Бројот на такви корисници падна од 10.587 паричници на 4.342, што е пад од речиси 60 проценти.
И покрај падот на вредноста на целиот крипто-пазар, се појавија над 13.000 нови паричници кои имаат најмалку еден BTC во нивниот дигитален џеб.
Сегашната состојба на пад на цените е комбинација од сложени настани кои имаа негативно влијание врз криптовалутите. Тука мислиме на регулативите на Федералните резерви на САД, геополитичката нестабилност, зголемената инфлација и кредитните стапки. За жал, без вистинска стабилност на финансиските пазари ширум светот, се чини дека цената на Bitcoin и другите криптовалути ќе продолжи да страда уште некое време.
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (12 август)
-
Хороскоп19 часа
Викенд Хороскоп -(сабота 13 август)-
-
Македонија21 час
Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“
-
Lifestyle18 часа
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!
-
Временска прогноза2 дена
Според најновите анализи летните температури продолжуваат и во следните месеци после август
-
Временска прогноза5 часа
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Македонија4 часа
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“