Следете не

Занимливости

Хороскоп за Сабота (23.6) денес..

Објавено пред

на

Овен

На работа и понатаму добро ќе ви оди. И не само добро, ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците.

Некои ќе ја отворат вратата на нови личности за работа или пак тие самите ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Направете нешто за оние на кои им треба помош.

Бик

Околината ве повредува. Тоа е причина за крајниот негативен став, кој овие денови ве обзема.

Доколку се дистанцирате, постои шанса да го ублажите незадоволството. Материјалната загуба негативно ви влијае на мотивацијата. Чувствувате дека сите ве изневериле, особено соработниците.

Близнаци

Сѐ е во знакот на успешна деловна соработка и прекрасни контакти. Ја имате поддршката на Стрелците, кои единствено во ваше друштво не се незгодни. Со некого се допишувате и ги планирате идните случувања.

Бидејќи се уште имате нерешени проблеми, почекајте уште некој ден за да ја донесете конечната одлука.

Рак

Ќе бидете победник со сите вербални дискусии, бидејќи ќе пронаоѓате солидни аргументи и ќе имате голема моќ за убедување.

Искористете ги следните три седмици за преговори, важни презентации или отворени разговори за напредување во кариерата. Внимавајте на здравјето и започнете со важбање.

Лав

Разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате.

Работата бара систематичност, па тоа со леснотија ќе го завршите. За одличното расположение, заблагодарете му се на партнерот и пријателите, тие целосно ве поддржуваат и ви помагаат да истраете во нешто. Планирате кратко патување.

Девица

Имате некои недоразбирања со самите себе. И понатаму сте во фаза на емотивно задоволство, но и на преголеми очекувања.

Колку сте подготвени да се жртвувате? Преокупирани сте исклучиво со себе и сопствените потреби. Денот е лош за практични работи и финансиски вложувања, но добар е за уметност и работи што вклучуваат фантазија.

 

Вага

Идеален ден за се што има врска со партнерството и здружувањето. Надевајте се на успех во сферата на трговијата.

Доколку забележите дека во средината во која се движите, односите се нарушени, потрудете се да не бидете баш вие таа личност што ќе ги исправува. Без оглед на успехот, треба да се биде реален во проценката, подготвен и правилно да се однесувате.

Скорпија

Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни.

Дружењето со Близнаците и Девиците е вистински мелем за душата. Очекувате среќна вест во врска со нешто што ви значи, најверојатно ќе ја добиете.

Стрелец

Денешниов ден ќе ви донесе многу изненадувања. Ако можете, излезете порано од работа и обидете се да го минете денот како што сакате.

Ако пак не можете да ги одложите обврските, завршете ги порано, за подоцна да можете да се забавувате. Ќе слушнете среќна вест.

Јарец

Не го полнете вашиот дневен список со многу задачи и обврски затоа што ве очекува еден не толку продуктивен ден.

Иако имавте силна желба денес да расчистите голем дел од задачите кои ве очекуваат оваа недела, најверојатно ќе треба малку да ги одложите плановите. Добра вест е што ќе бидете многу креативни, па искористете го тоа до максимум.

Водолија

Обидете се да работите повеќе, некако во последно време се обидувате да се извлечете од работата.

Секојдневните бесмислени разговори ви стануваат здодевни. Затоа, кога разговарате со пријателите, изберете посериозни теми. Денес обидете се да пронајдете инспирација во туѓите зборови и не се плашете да се спротивставите.

Риби

Денес може да одлучите да и се посветите на работата многу повеќе отколку вообичаено. Тоа нема да биде нешто посебно туку обично средување на документите, кои сепак, некогаш мора да се средат.

На крајот од денот ќе бидете задоволни од постигнатото. Ако по завршувањето на оваа обврска немате повеќе обврски ќе имате многу време за работите кои ве интересираат вас.

Занимливости

Генијален „стар“ трик за белеење заби

Објавено пред

на

Белеењето на забите е постапка која постојано треба да ја повторувате, а тоа не е толку евтино доколку често го посетувате стоматологот.

Затоа пробајте ја методата за белеење на забите во домот. Потребни ви се само паста, сода бикарбона и фолија.

Смесата од паста помешана со сода нанесете ја на парче алуминиумска фолија, ставете ја на забите и притиснете за фолијата добро да се залепи на забите. Оставете ја така да отстои неколку минути и отстранете ја фолијата и добро исчеткајте ги забите.

Потоа погледнете се во огледалото!

Бидете подготвени за изненадување, бидејќи забите драстично ќе ја промнат бојата. Ако имате тврдокорни наслаги постапката повторувајте ја два пати неделно.

/denar.mk

Прочитај повеќе...

Занимливости

(ВИДЕО) Џиновски делови од 22-тонската погонска ракета биле пронајдени во близина на брегот на Филипините

Објавено пред

на

Парчиња од кинеската ракета Long March 5B, која вчера неконтролирано падна на Земјата, изгледа дека завршиле во Борнео. Иако погонската етапа на ракетата, тешка повеќе од 22 тони, падна на Земјата во текот на викендот, нејзината точна локација не беше позната. Кинеските експерти го поставија местото на несреќата во близина на брегот на Филипините.

Сепак, локалните медиуми во Борнео тврдат дека остатоците од ракетата завршиле и на тој остров. За среќа паднале на земјоделски ниви и нема повредени.

Астрономот Џонатан Мекдауел, кој го следи движењето на вселенските објекти, забележал дека остатоците паднале многу блиску до селата и куќите.

„Сто метри лево или десно и можеше да биде сосема поинаква приказна“, истакна Мекдауел.

Кина вчера објави дека проектилот паднал во морето кај Филипините. Меѓутоа, додека минувал низ атмосферата, остатоците кои паѓаат од него би можеле да завршат во голем радиус.

Видео од остатоците може да погледнете ТУКА

/rts.rs

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Инвеститорите кои го постигнаа својот статус на милионери благодарение на високата цена на водечката криптовалута, веќе не се милионери, барем повеќето од нив. Драстичниот пад на цената на криптовалутите, главно најпопуларни од сите, значи дека над 80.000 луѓе повеќе не се милионери.

Bitcoin милионери

Пред 9 месеци, поточно на 12 ноември 2021 година, неколку дена откако Bitcoin достигна рекордно високо ниво од 69.000 долари, скоро 109.000 биткоин паричници чуваа повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin.

Денес, кога цената на 1 Bitcoin се бори да го задржи својот нос над 20.000 долари, само 26.284 паричници можат да кажат дека имаат повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin , што значи дека бројот на милионери BTC е намален за над 75 отсто во последните 9 месеци.

Драматичниот пад на вредноста на криптовалутите доведе и до намалување на бројот на „крипто китови“, сопственици на паричници кои имаат повеќе од 10 милиони долари на својата сметка. Бројот на такви корисници падна од 10.587 паричници на 4.342, што е пад од речиси 60 проценти.

И покрај падот на вредноста на целиот крипто-пазар, се појавија над 13.000 нови паричници кои имаат најмалку еден BTC во нивниот дигитален џеб.

Сегашната состојба на пад на цените е комбинација од сложени настани кои имаа негативно влијание врз криптовалутите. Тука мислиме на регулативите на Федералните резерви на САД, геополитичката нестабилност, зголемената инфлација и кредитните стапки. За жал, без вистинска стабилност на финансиските пазари ширум светот, се чини дека цената на Bitcoin и другите криптовалути ќе продолжи да страда уште некое време.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза6 часа

Конечно стабилизација на времето со исклучок само на еден ден

Следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога...

Македонија6 часа

Соборен рекорд, 47 пребрзо возеле во Кичево, додека на подрачјето на СВР Охрид вкупно 92 возачи надминале дозволена брзина

На 14.08.2022 година во периодот од 15:00 до 20:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни...

Спорт6 часа

Во судиската анализа на второто коло од првата македонска лига, констатирани низа неправилности

Судиската комисија ги разгледа спорните моменти од 2 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот  Фк.Шкупи-...

Македонија7 часа

Ова се новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од ноќеска

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Хороскоп21 час

Хороскоп за понеделник (15 август)

ОВЕН Постојат информации што ви се потребни и нема да ги добиете лесно, затоа имајте на ум дека ништо нема...

Македонија22 часа

„Се лета“ Тетово-Гостивар, дури 13 возачи движеле над 70 км/ч од дозволеното!

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (14 август) од 14 до 20 часот, спроведоа акциска контрола во која се изречени...

Спорт1 ден

Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип

Академија Пандев го декласира Работнички на арената „Тодор Проески“ со 0-5. Домашната одбрана беше очајна, посебно во првиот дел, а...

Мобилни уреди1 ден

(ФОТО) Стигна првиот мобилен телефон со 200 мегапиксели камера, во Кина закажана деби презентацијата

Телефонот кој е украсен со споменатиот сензор е Motorola X30 Pro, а сензорот е Samsung ISOCELL HP1. Сензорот од 200...

Кичево1 ден

ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во рамки на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“, во периодот од 22.00 до 04.00...

Lifestyle2 дена

(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!

Нашиот Лозано е секогаш добро решение за ноќниот живот во Кичево, баш како и што доликува, резервирано до последно место...

НАЈЧИТАНИ