Забава Хороскоп

Вашиот редовен „Порта Хороскоп“ за денес (23.8) Четврток

Овен

Вашата преголема чувствителност денес би можела да ви направи проблеми. Колку повеќе ќе се обидувате да постигнете нешто, на толку поголем отпор ќе наидувате. Нема да ви биде лесно. Не очекувајте отворен и директен пристап од другите, бидејќи ќе се разочарате. Не земајте ништо здраво за готово денеска.

И во љубовта ќе бидете премногу чувствителни и ќе се трудите да се затворите во себе. Ако сте во врска, немојте да бидете себични.

Бик

Денеска упорно ќе се трудите да им пристапите на другите, но можно е да немате голем успех во тоа. Имајте на ум дека не им е потребен вашиот совет. Дајте го само ако некој го бара. Во вашата природа е да им се мешате на луѓето во животите пробувајќи да им помогнете. Одолеете на таквото искушение денеска.

Во љубовта, важно е да се предадете на емоциите кои долго се трудевте да ги прикриете. Кажете и на личноста која ви се допаѓа колку е всушност сакана.

Близнaци

Денес генерално ќе бидете добро расположени, а единствено што ве мачи е неодлучноста која може малку да ви влијае на расположението. Не дозволувајте го тоа. Доколку забележите дека ви е тешко да донесете одлука, побарајте совет или пак послушајте ја интуицијата.

Рак

Денеска ќе бидете особено збунети бидејќи ништо нема да ви делува како што треба. Тоа би можело да се случи ако одеднаш се најдете пред одлука која морате веднаш да ја донесете. Сите избори ви делуваат разумни, но морате да изберете само едно решение. Верувајте во себе.

Во последно време бевте сомничави кон саканата личност, а денес конечно ќе се опуштите. Ѕвездите ви носат самодоверба и сигурност кои ви се потребни.

Лав

Денес ќе се мачите да донесете одлука. Добра вест е дека штом конечно се одлучите, ќе се чувствувате далеку подобро во однос на себеси. Доколку ги прашате другите за совет, можете само да искомплицирате повеќе. Само вие можете да ја донесете таа одлука.

Во љубовта, можеби ќе се најдете во непријатна ситуација бидејќи нема да успеете да ги покажете своите чувства. Некои работи подобро е да ги задржите за себе денеска.

Девица

Денеска ќе се однесувате како да се срамите или плашите од нешто. Штом  нешто ви стане јасно, ќе се појави друга работа која не ја разбирате. Морате да делувате брзо.

Во љубовта ќе добиете порака врзана за вашиот љубовен живот од личност чие мислење многу ви значи. На ова поле, ѕвездите денес ви праќаат посебна енергија.

Вага

Внимавајте на себе денеска. Постои јасна опасност за вас на која морате да обрнете внимание на работа. За среќа, емоциите се стабилни па лесно ќе можете да се ноесите со тоа. Некој би можел да бара совет од вас.

Полето на љубовта покажува дека меѓу вас и саканата личност недостасува страст, но сепак постои реална љубов меѓу вас. Не грижете се премногу, но потрудете се да ги исправите работите. Ако сте сами, денес е поволен ден за вас.

Шкорпија

Можно е денес на другите да им делувате малку збунето. Може да ви биде тешко да се концентрирате на една работа. Вашето внимание ќе лета од една на друга страна. Потребен ви е одмор.

На полето на љубовта ве очекува интересен слатко-кисел ден. Се зависи од начинот како ќе гледате на работите. Бидете поопуштени и забавувајте се. Тоа е најдобар начин да се заштитите од разочарување.

Стрелец

Денес ќе ви биде тешко да се организирате. Ќе ви делува како да се обидувате да распоредите баби и жаби. Потрудете се да ги завршите важните работи кои не можете да ги одложите, а другите оставете ги за утре или подобри денови.

Денес сте многу емотивни. Овој ден има моќ да ве протресе, но многу зависи во чие друштво ќе се најдете. Трудете се да бидете позитивни.

Јарец

Одите напред со сета сила во однос на своите цели, а доколку забележите некаков сомнеж, забавете малку. Ова е еден од оние денови кога несигурноста може значајно да влијае на вашиот успех. Тајната на успехот е да размислите за сите опции, но и да им верувате на своите инстинкти.

Денешниот ден за вас ќе биде исполнет со љубов. Ќе пливате во океан на пријатни чувства, а ќе бидете и расположени да ги покажете своите чувства. Освен тоа, ќе имате и големо количество на харизма и самодоверба. Ќе направите чекор напред во љубовта.

Водолија

Денес нема да можете да ги контролирате своите емоции. Ќе ви делува како да управувате со својата енергија околу вас. Единствена работа на која што треба да внимавате е неодлучноста. Не донесувајте одлуки денеска.

Вашите емоции ќе бидат поизразени од вообиачено. Ако сте во љубовна врска, нема да успеете да најдете заеднички јазик со партнерот, па би можело да дојде до непотребни расправии. Ако сте слободни, водете сметка да не направите некоја глупост.

Риби

Препуштете му се на денешниот ден. Најдете ја слободата која ви треба и дишете. Нема причина денес да бидете несреќни. Животот не е толку тежок или комплициран.

Ѕвездите денес се така распоредени така што ќе успеете да воспоставите супер однос со саканата личност, што не ви одеше воопшто лесно. Ако сте слободни, ќе запознаете интересна личност која ќе ги пробуди вашите чувства.