Забава Хороскоп

Викенд Хороскоп | Недела 25.11

Овен

Немате добра ситуација на работа. Се одложуваат плановите кои ги чекавте подолго време.

Пасивни сте на полето на љубовта и не покажувате иницијатива ниту пак интерес за нова љубов.

Ве мачи хроничен замор.

Бик

Можни се несогласувања со колегите кои не ја разбираат вашата работа. Не сакате да се прилагодувате на другите.

До вас стигаат гласини за партнерот. Не верувате во нив, но сепак се сомневате.

Проблеми со алергии.

Близнаци

Пред вас е поволен ден кој нема да ви донесе грижи. Имате слободно време кое можете да го искористите за одмор.

Уживате во љубовта. Планирате заеднички живот и иднина.

Без проблеми.

Рак

Се наоѓате под притисок и односот со колегите не ви е добар. Надредените ве нервираат.

Сакате да минете повеќе време со саканата личност, но тешко ви е да се организирате поради обврските.

Можни се проблеми врзани со притисокот.

Лав

Можете да очекувате да го решите проблемот кој ве мачи подолго време. Ако сте во лоши односи со некој на работа, денеска ќе постигнете компромис.

Добро се снаоѓате и уживате во моментите кои ги минувате заедно со саканата личност.

Немате проблеми поврзани со здравјето.

Девица

По кратко премислување, ќе донесете нова одлука за некоја важна работа.

Ви доаѓаат љубовни изненадувања кои не сте ги очекувале. Пред вас е можност да се споите со личност која ви значи.

Склони сте кон настинки.

Вага

Ве очекува подобрување на полето на финансии. Генерално сте задоволни од работата.

Слободните претставници на овој знак можат да очекуваат ново познанство и почеток на врска.

Здравјето е одлично.

Шкорпија

Не сте многу расположени за работа, можно е да не можете да ги завршите насобраните обврски.

Проблемите кои ве следат постојат подолго време. На некој начин, помирени сте со негативната ситуација која владее.

Уморни сте.

Стрелец

Не е момент за нагли одлуки. Потрудете се своите обврски да ги извршите како што треба.

Ја имате најдено личноста која ја сакате, но доаѓаат проблеми.

Можни се вртоглавици.

Јарец

Размислувате за соработка со странство. Тоа е одлична идеја.

Наскоро ќе се раздвоите од партнерот со кој подолго време немате добар однос.

Можни се проблеми со стопалата.

Водолија

Ќе успеете да ги реализирате своите планови.

Љубоморни сте, но не го признавате тоа.

Склони сте кон воспаленија.

Риби

Лесно ќе ги решите проблемите со помош на колегите. Можете да очекувате помош од нив.

Уживате во љубовта и романтиката.

Посетете лекар.