Следете не

Занимливости

Хороскоп за денес (Вторник 26.6)

Објавено пред

на

Овен (21.03-20.04)

Бидете импулсивни и нагло ќе настапувате. Избегнувајте конфротации со личности што нешто ви значат. Обидете се да бидете посмирени и подобро да размислувате пред да направите нешто за што подоцна ќе се каете. Постои можност од парична загуба затоа ќе морате да бидете внимателни што правите и каде ги вложувате. Во семејството ве очекува пријатна домашна атмосферара каде целосно ќе се опуштите.

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе ве зафати мрзеливост, а од вас ќе се бара повеќе активност и работа, бидејќи промените со кои ќе се соочите се доста сериозни. Нејасните односи со соработиците ќе морате најбрзо што можете да ги средите, бидејќи морате заедно да работите. Родените во третата декада ќе имаат можност за нова работа. Посветете се на вашите најблиски, и тие го заслужуваат вашето внимание.

Близнаци (21.05 – 22.06)

Ќе можете да си дозволите поголема пауза од вообичаената бидејќи се што сте имале за денес вие сте го сработиле вчера, па слободно време ќе имате доволно. Обидете се да се ослободите од нервни напади кога ќе ги видите цените на работите кои сте сакале да ги купите. За да можете да ја решите депресијата купете само некои ситни работи кои се пониски цени. Здравје; солидно.

Рак (22.06 – 22.07)

Подршката од партнерот и од другите луѓе сега ви е најпотребна. А вие многу лесно можете да ја добиете со посмирено однесување. Морате повеќе да мислите на личностите кои се во вашиот живот, но и на својата репутација, бидејќи ништо од динамичните настани нема да им промаши на вашите пријатели. Во љубовта состојбата е нестабилна, партнерот на моменти ве нервира. Бидете посмирени.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете напнати и немирни, нервозни деструктивни и мислите дека во секој момент ќе направите нешто што е најмалку добро. Денеска не носете никакви важни одлуки, бидејќи можете да погрешите. Избегнувајте комуникација со околината и посветете му повеќе време на партнерот и обидете се да ги разјасните меѓусебните недоразбирања. Здравје: проблеми со дишните патишта, намалете со пушењето.

Девица (23.08 – 22.09)

Зголемените обврски спрема работната околина од вас ќе бараат контакти со многу луѓе. За да можете да запомните се и она што сте го ветиле навистина ќе мора да се послужите со вашиот потсетник. Одредете приоритети и придржавајте се строго кон нив. Љубовниот партнер ќе покаже иницијатива во битните прашања, а вие не бидете тврдоглави и прифатете.

Вага (23.09 – 22.10)

Денеска деловниот живот малку ќе ви трпи, бидејќи намерно и планирано ќе оставите време за саканата личност. После еден подолг разговор конечно ќе можете да се олабавите бидејќи ќе расчистите повеќе работи кои подолго време ве измачувале, па светот ќе ви изгледа многу поубав. А за вакви работи би вредело да избегате од работата и обврските. Здравје: одлично.

Скорпија (23.10-21.11)

Интересно ви е флертувањето само за проверка на својата умешност. Сватете дека врската во кој се наоѓате можеби е она што го сакате. Ако сте сами ве чека интересно познанство. Ќе имате среќа во работите во кои ви е ограничен пристапот. Ќе успеете да заработите одлична сума на пари, поради што ќе бидете задоволни. Здраствената ситуација не ви е стабилна ве очекуваат проблеми со зглобовите и коските.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Кај вас ќе се појави желба за наметнување во нешто за што не сте доволно способни. Морате да бидете објективни спрема себе доколку сакате од моменталната ситуација да го извлечете максимумот. Бидејќи настојувате да и докажете на околината нешто што не постои ќе запаѓате од грешка во грешка што ќе резултира со нарушени меѓучовечки односи. Прошетките во природа ќе ве спасат.

Јарец (22.12 – 20.01)

Вашите комуникации се одлични, но истовремено ќе се појават некои проблеми кои највероватно ќе бидат поврзани со некој подолготраен проблем во вашиот живот. Тие проблеми ќе бидат се понагласени, а паралелно со тоа ситуацијата во деловните односи ќе се подобруваат. Над сето тоа ќе бидете немирни , незадоволни и склони кон расправи, но околината ќе биде толерантна спрема вашите провокации.

Водолија (21.01 – 19.02)

Постои опасност од тоа што можеби премногу ќе се опуштите денеска па заради таквата состојба можете да пропуштите многу поволни прилики. На емотивен план за оние во брак ќе имаат доста хармоничен ден, а на слободните ќе им се насмевне среќата. Машките Близнаци денеска посебно ќе бидат чуствителни од шармот на некоја Вага, што за другата страна не би можело така да се каже. Здравје: одлично.

Риби (20.02 – 20.03)

Не располагате со енергија која ви е потребна за совлажување на работните задачи. Можеби некој од вашето семејство врши голем притисок врз вас и ви ја одзема енергијата која треба да ја насочите на работно поле. Оставете ги неважните работи и целосно насочте се кон тоа што се случува на деловен план. Љубовниот живот ви е среќен ве очекуваат нови познанства и пријателства. Здравје; добро.

Занимливости

(ВИДЕО) На саемот „Motopassion“ реномираниот Kawasaki претстави два нови модели „Z500“ и „Ninja 500“ мотоцикли

Објавено пред

на

printscreen/official video

На саемот Motopassion, Kawasaki претстави два интригантни нови модели – Z500 и Ninja 500, кои привлекоа големо внимание кај посетителите. Она што ги издвојува овие модели е нивната способност да возат со категоријата А2, обезбедувајќи фантастично искуство и за почетниците и за искусни возачи.

Опремени со целосно нов паралелен двоен мотор за 2024 година, двата модели ги исполнуваат најстрогите стандарди за емисија на издувни гасови Euro5+, следејќи ги најновите трендови во индустријата.

Срцето на новиот Z500 е паралелна двојна единица со волумен од 451 кубен метар, која обезбедува моќност од 33,4 kW (околу 45 КС) при 9.000 вртежи во минута. Со шест-брзински менувач и спојка со влечки, Z500 обезбедува предвидливо, но динамично управување што ќе ги воодушеви возачите од сите нивоа на вештини.

Според неговите спецификации, Z500 би требало лесно да се наметне во својот сегмент.

Димензии:
– Должина: 1.995 mm
– Ширина: 800 mm
– Висина: 1.055 mm
– Меѓуоскино растојание: 1.375 mm
– Висина на седиштето: 785 mm
– Тежина: 172 кг
Цена: 6.468 евра

Ninja 500 го има истиот мотор како Z500 и дели многу други компоненти со него. Со идентична единица од 451 кубика, која обезбедува моќност од околу 45 КС при 9.000 вртежи во минута, Ninja 500 ги испорачува истите перформанси со својот препознатлив спортски дизајн.

Опремен со челична рамка од решетката и тркала од 17 инчи, овој модел ветува извонредно возачко искуство, и на отворени патишта и на градски улици.

Димензии:
– Должина: 1.995 mm
– Ширина: 730 mm
– Висина: 1.120 mm
– Меѓуоскино растојание: 1.375 mm
– Висина на седиштето: 785 mm
– Тежина: 171 кг
Цена: 7.105 евра

Со овие модели, Kawasaki уште еднаш ја потврди својата посветеност на обезбедување врвни перформанси и иновативен дизајн, внесувајќи нова димензија во светот на мотоциклизмот.

Извор: moto-berza.com

Прочитај повеќе...

Занимливости

Откриен целосен фосил „змеј“ стар 240 милиони години

Објавено пред

на

printscreen/official video

Меѓународен тим на научници во јужна Кина го откри првиот целосен фосил на воден рептил долг пет метри од периодот на Тријас кој припаѓа на видот Dinocephalosaurus orientalis. Фосилот е стар 240 милиони години и е наречен „змеј“ бидејќи има исклучително долг врат, објави Би-Би-Си.

Фосилот му припаѓа на видот Dinocephalosaurus orientalis, кој првично беше идентификуван во 2003 година. Ник Фрејзер од Националниот музеј на Шкотска, кој беше дел од меѓународниот тим што го проучуваше фосилот, рече дека ова е првпат научниците да успеат да видат фосил од неговиот вид во целост.

Фрејзер истакна дека тоа е многу чудно животно кое има екстремитети слични на перки и дека неговиот врат е подолг од остатокот од телото и опашката заедно.

Фрејзер претпостави дека „долгиот, свитлив и флексибилен врат“ му дава на животното поголеми ловечки способности, овозможувајќи му да бара храна во подводните пукнатини. Фосилот е откриен во антички наоѓалишта на варовник во јужна Кина.

Научен труд кој го опишува новооткриениот фосил е објавен во академското списание Earth and Environmental Science.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Некогаш најсовремениот сателит, вечерва се спушта на земјата

Објавено пред

на

Илустрација

Револуционерниот европски сателит за далечинско набљудување ERS-2, лансиран во 1995 година, треба да падне на Земјата оваа вечер. Европската вселенска агенција (ESA) тврди дека поголемиот дел од овој сателит ќе изгори на патот кон Земјата.

Сепак, можно е некои делови да ја издржат топлината што ќе се создаде при спуштањето со голема брзина, иако шансите овие фрагменти да паднат на населени места и да предизвикаат штета се мали.

Делови од сателитот би можеле да паднат речиси каде било во светот, најверојатно ќе паднат во морето, јавува Би-би-си. ЕСА лансираше два речиси идентични сателити за далечинско набљудување на Земјата во 1990-тите. Тие беа најсофистицираните планетарни набљудувачи во своето време, со пакет инструменти за следење на промените на копно, во океаните и во воздухот.

ERS-2, првиот што се врати на Земјата, првично беше поставен на 780 километри над планетата, а инженерите ги искористија неговите резерви на гориво во 2011 година за да го спуштат на височина од 570 километри.

Извор: euronews.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп13 часа

Хороскоп за петок (19 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Кичево18 часа

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија...

Спорт19 часа

(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и...

Кичево20 часа

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на...

Хроника22 часа

Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село,...

Lifestyle24 часа

Растение кое ќе ги растера инсектите од вашиот дом – од молци до смрдливи бубачки

Лавандата ги одбива инсектите во сите форми, од култивирано растение до сушено цвеќе и есенцијално масло. Лавандата е украсно растение...

Магазин24 часа

Три причини зошто роботите наскоро ќе станат значително покорисни

Намалувањето на цените на роботите им овозможува на истражувачите полесно да пристапат до напредната технологија Роботиката е на прагот на...

Магазин24 часа

Telegram наскоро ќе има повеќе од една милијарда корисници

Основачот на платформата, Павел Дуров, признава дека некои влади се обиделе да извршат притисок врз него, но тврди дека апликацијата...

Магазин24 часа

Microsoft објави крај на поддршката за Office 2016 и Office 2019

Ако сè уште користите Office 2016 или Office 2019, можеби е време да размислите за нивна замена. Microsoft потсети дека...

Спорт1 ден

Младата женска фудбалска репрезентација учествува на турнир во БиХ ќе одиграат мечеви со Словенија, Украина и домаќинот БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен...

НАЈЧИТАНИ