Занимливости
Дневен хороскоп | 28.03 Четврток

Овен
Заедно со соработниците ќе успеете да остварите значаен успех на полето на работата.
Преку своите пријатели ќе запознаете личност која би можела да ви биде важна на долг рок.
Здравјето е добро.
Бик
Конечно ќе успеете да реализирате една работа која одамна ја планирате.
Подготвени сте за нова љубов. Пред вас се околности кои ви го овозможуваат тоа.
Би ви годела масажа.
Близнаци
Можете да се надевате на позитивни околности кога станува збор за работата. Среќата денеска е на ваша страна.
Низ интересна комуникација со личноста која ви се допаѓа, успевате да ја освоите и шармирате.
Избегнувајте масна храна.
Рак
Ќе бидете задоволни со денешниот исход.
Ги решивте сите проблеми на полето на љубовта. Подготвени сте да продолжите напред.
Здравјето е добро.
Лав
Денеска ве очекува можност некому да му бидете поддршка на работа.
Можни се компликации со љубоморен партнер. Не е лесно да се изборите со тоа.
Проблеми со крвотокот.
Девица
Ги решавате важните проблеми на полето на работата и сигурно чекорите напред.
Саканата личност ви дава максимална поддршка. Задоволни сте со вашиот однос.
Чувствителни бубрези.
Вага
Функционирате под притисок и тешко ви е да се организирате.
Ако сте слободни, ве очекува интересно познанство.
Пад на имунитетот.
Шкорпија
Доаѓа време да се фокусирате на проблемите на работа. Морате да донесете конечни одлуки.
Интересни ситуации со една личност која подолго време ви се допаѓа.
Чувствителен граден кош.
Стрелец
Ако се занимавате со приватен бизнис, пред вас е период исполнет со нови соработки.
Брачниот партнер покажува дека не е среќен во бракот и од вас бара да менувате некои работи.
Одлично се чувствувате.
Јарец
Не ви е лесно да ги исполните очекувањата на ова поле. Можно е да имате премногу обврски.
Ве очекува интересен флерт, но не сте подготвени за нешто повеќе денеска.
Проблеми со белите дробови.
Водолија
Финансиската ситуација оди на подобро.
Комуникацијата со саканата личност не е сјајна, но има надеж да се поправи.
Здравјето е одлично.
Риби
Не се оптоварувајте со грижи кога станува збор за работата. Време е да одморите.
Заљубени сте во личност која исто така има чувства кон вас.
Потребен ви е добар сон.
Занимливости
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при секое излегување на патеката. Не размислуваме само за ризикот од смрт, туку и за повредите кои можат засекогаш да ги отстранат од моторните спортови.
Возењето на возачите од мотоспортот обично значи дека тие остануваат без занает во нивните раце. Причината лежи во тоа што речиси сите момчиња и девојчиња од мали нозе се занимаваат со мото спорт, па добар дел од нив не го завршиле целосно образованието.
Лавината околу платите започна кога ДОРНА официјално објави дека годинава ќе се одржат 42 трки, односно по две трки по тркачки викенд. Воведувањето на спринтерски трки го зголемува ризикот за возачите и бара дополнителен напор од нив (да бидат физички поподготвени итн.). Бидејќи ДОРНА е иницијатор на дополнителните трки, тимовите побараа ДОРНА да ги сноси трошоците за зголемување на платите.
Во виорот на овие настани, La Gazzetta dello Sport ги претстави платите што ги добија возачите на MotoGP во 2022 година. Ве молиме имајте предвид дека бројките што ги гледате се веројатно само сумите што возачите ги добиваат од тимовите за кои возат. Вкупната заработка е секако поголема, бидејќи возачите имаат приходи и од спонзори.
Плати на возачите на MotoGP за 2022 година (возач: износ во евра):
Марк Маркез: 12.500.000
Маверик Вињалес: 10.000.000
Фабио Квартаро: 6.000.000
Џоан Мир: 6.000.000
Франческо Бањаја: 5.000.000
Какви суми добиваат Еспаргаро, Морбидели, Жарко и други, погледнете овде.
/nova
Занимливости
Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?

Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви.
Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно.
Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо.
Дали е вкусно? Косата на кората е „големо не“ за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето!
Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.
Сега го знаете одговорот, но, дали ќе пробате да изедете цело киви со кора?
/denar
Занимливости
Кој период од денот е најдобар за вежбање?

Телото за многу работи функционира врз основа на внатрешниот часовник. Овој софистициран механизам ги контролира сите важни процеси во телото, а го поттикнуваат активностите и надворешните фактори.
Овој систем функционира при менување на денот и ноќта. Во текот на денот е активен т.н. систем „симпатикус“, а во текот на ноќта „парасимпатикус“.
Првиот е одговорен за состојбата на будност, ги активира процесите за трошење на мастите и производството на енергија, додека вториот е одговорен за состојба на релаксираност и поспаност и го поттикнува
варењето на храната во телото.
Имајќи го предвид таквото внатрешно функционирање на човечкото тело, оптимално време за физичка активност е првиот дел од денот.
Сепак, бидејќи по будењето на телото му треба одредено време за да се раздвижи, не се препорачува интензивно вежбање рано наутро.
На оптималното време за тренинг влијае и индивидуалниот метаболизам и животниот стил.
Следејќи ја природата на човечкото тело, најдобро е да се вежба во текот на денот, а не навечер.
Доцните вечерни тренинзи можат да го нарушат внатрешниот часовник, односно можат негативно да влијаат врз процесот на спиење и регенерирање на телото.
/denar
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје12 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза11 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Здравје и убавина16 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот