Временска прогноза
Дневен Хороскоп + Временска прогноза за денес 28.7 (Сабота)

Овен
Работа – Денеска очекувајте одличен третман од колегите. Не дозволувајте една Шкорпија да ви го упропасти денот.
Љубов –На ова поле, се чувствувате изморено. Послушајте го советот на искусните луѓе, особено кога станува збор за Рибите.
Здравје – Просечно, имало и полоши денови.
Бик
Работа – Ако сте подготвени да постигнете повеќе за кратко време, не се откажувајте од целта.
Љубов – Партнерот ви врти грб и тоа не можете да го поднесете.
Здравје – Ве мачи нервоза.
Близнаци
Работа – Сјајна можност денес да ги проширите своите професионални можности. Не си отежнувајте себеси, опуштете се.
Љубов – Венера ви дава чувство на сигурност и доволно добар став да реализирате нешто на ова поле, доколку не сте во врска.
Здравје – Проверете го хормоналниот статус.
Рак
Работа – Ако се занимавате со семеен бизнис, бидете спремни на поголеми вложувања.
Љубов – Партнерот гледа дека немате намера ништо конкретно да направите. Сепак, чувствувате огромен притисок на ова поле.
Здравје – Опуштете се.
Лав
Работа – Вашиот карактер денеска ве става во позицијата на лидер.
Љубов – Не дозволувајте егото да надвладее. Ако ви е важна некоја личност, покажете и го тоа. Решете ги работите на мирен начин.
Здравје – Тахикардија.
Девица
Работа – Убави зборови од колегите доаѓаат до вас. Не се откажувајте од дополнителните обврски.
Љубов – Ќе сретнете личност која го сака истото како и вас, а тоа е слободна врска.
Здравје – Одлично.
Вага
Работа – Се соочувате со зголемен стрес и тензија. Се препорачува да отпатувате кратко и да заборавите на моменталните проблеми.
Љубов – Во случај да не сте во врска, ќе се појави личност во вашиот живот која ќе ве натера да верувате дека ништо не е случајно. Прифатете го предизвикот.
Здравје –Главоболка.
Шкорпија
Работа – Сакате некои работи да ги промените во своето работно окружување. Малку сте таинствени.
Љубов – Многу сте расеани и не покажувате многу емоции кон партнерот. Сакате повеќе слобода.
Здравје – Забоболка.
Стрелец
Работа – Сакате да одите во странство, но ќе биде потребен поголем напор за да го постигнете тоа.
Љубов – Сакате да се поставите заводнички. Ве интересира некој Јарец, но потребен ви е поинаков пристап.
Здравје – Зајакнете го имунитетот.
Јарец
Работа – Вашите задолженија бараат малку пофлексибилен став. Ќе морате многу работи да решите и да се свртите кон друга насока.
Љубов – Основата на вашите емоции е стабилна врска кон која се стремите. Не пробувајте отворено да се поставувате додека не се случат некои работи.
Здравје – Пијте доволно течности.
Водолија
Работа – Не се грижите за другите колку што ви е важен напредокот во кариерата. Премногу сте иновативни за средината во која функционирате моментално.
Љубов – Личноста на која често мислите може да ви понуди малку повеќе поддршка, но потребно е само да го побарате тоа.
Здравје – Потребен ви е повеќе сон.
Риби
Работа – Не сте лошо расположени, но сметате дека може да биде многу подобро. Покажувате доволно трпение во однос на колегите, но сепак не сте задоволни со таквиот третман.
Љубов – Кога станува збор за една Девица, можете да се впуштите во романса.
Здравје – Зголемен стрес.
Што се однесува за временската прогноза утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 24 до 34 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 32 степена.
Продолжува период на променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи. Кон средната на наредната седмица се очекува извесно стабилизирање на временската состојба. Дневната температура ќе бележи благ пораст.
Временска прогноза
Следува промена на времето и пад на утринските температури, за време на викендот дожд на секаде во државата, детали..

До четврток времето во нашата држава ќе се задржи претежно сончево и топло преку ден со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени.
Од петок облачноста полека ќе се зголемува, додека за време на викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд кога ќе дува и умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови намалување на температурите на воздухот. На планините ќе има услови за провејување на снег.
Во Скопје и околината до четврток времето ќе биде претежно сончево, додека од петок облачноста полека ќе се зголемува.За време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд кога ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 17 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на пад.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади

Иако климатолошката пролет започна денеска, сепак сеуште сме календарски зима. Во продолжение следува месечната временска прогноза за овој месец:
Според сегашните и подолгорочни анализи на времето, месец март ќе изненадува и ќе биде доста променлив. Имено се очекуваат повремени влажни воздушни бранови и циклонски циркулации кој ќе условуваат врнеживо и постудено време.
Не се исклучува можноста и за нови зимски продори на студена воздушна маса која би се спуштала од Сибир и би условила нови врнежи од снег, како на повисоките па така и на пониските места и тоа особено после 10-ти март.
Сепак со оглед на тоа дека одиме кон топлиот месец од годината, се очекуваат и повремени продори од југ кој би ги покачиле температурите позначително со што би имале и пролетни температури во текот на овој месец.
Ситуацијата континуирано ќе се следи – за секоја ново – настаната временска состојба граѓаните навремено ќе бидат информирани, што значи дека граѓаните да ги следат нашите краткорочни анализи за прецизни информации.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес започнува климатолошката пролет, потоплиот дел од годината

Од денес и официјално започнува климатолошката пролет, што значи дека полека но сигурно одиме кон топлиот дел од годината.
До четврток нашата територија ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса која ќе условува претежно сончево и релативно топло време преку ден со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека од среда повторно во најтоплите предели температурите се очекува да се искачат до околу 20 степени.
Од петок облачноста ќе се зголемува и за време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд.
Во Скопје и околината продолжува сончевото и релативно топло време преку ден. Од петок облачноста полека ќе се зголемува. Максималната дневна температура на воздухот како денес, така и во следните неколку денови се очекува да се искачи до околу 15 степени.
/Славчо Попоски
-
Македонија1 ден
Хороскоп за денес (02.03) вторник
-
Кичево2 дена
ДПИ Кичево: При проверка на угостителски објекти, еден не ги почитувал мерките за заштита од Ковид-19
-
Кичево2 дена
Кичево и статистички на прво место во регионот за непочитување закон за маски, за 7 дена напишани дури 183 казни
-
Временска прогноза1 ден
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за (1-ви март) понеделник
-
Македонија8 часа
Нови 726 случаи на Ковид-19, починале 7 лица од кои 2 се од Кичево
-
Спорт3 дена
(ВИДЕО) Ноќеска од мексиканската лига го имаме евроголот на годината од 45 метри
-
Временска прогноза2 дена
Стабилно и суво со ниски температури во текот на ноќта и утрото, следната седмица се очекуваат врнежи од дожд, ова се деталите..