Занимливости
Хороскоп за денес (Петок 29.6)

Овен (21.03-20.04)
Сериозно разгледајте ги можностите кои ви се понудени, обидете се да ги раздвижите важните проекти или работа поврзана со пријатели или некоја блиска личност. Од пресудно значење за вас е на кого му се доверувате и со кого се дружите. Љубовниот живот нема многу да ве оптеретува ако имате партнер ќе се занимавате со заедничко планирање или во кругот на семејството решавање на некои домашни проблеми.
Бик (21.04 – 21.05)
Односите до претпоставените ви стануваат многу важни. Ова е олдичен ден за остварување на вашите амбиции. Ретко кој од вас ќе се чуствуа уморно и непријатно. Можни се нагли промени на работното место. Ќе бидете изложени на разни притисоци и ретко кој ќе ја разбере сложената ситуација. Подгответе се за изненадување од страна на вашиот партнер. Здравјето добро ве служи.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Направете план на вашите обврски како попусто не би ја трошеле енергијата и времето. Покрај вашите лични работи кои ќе морате да ги завршите и вашиот партнер ќе се приклучи со додатни обврски. Всушност вашата помош ќе му биде многу потребна, па сигурно денеска ќе останете без слободно време. Ќе имате можност за мала заработка која малку ќе ви ја олесни финансиската ситуација. Здраствената состојба ви е одлична.
На емоционален план можете да очекувате многу во денешниот ден, а тоа ќе делува на сите подрачја во вашиот живот. Избегнувајте скоро секакви кратки авантури, а уште повеќе избегнувајте ги оние од типот, љубов на прв поглед. Можете навистина да бидете оштетени. Ќе чувствувате многу енергија во себе и тоа негативна, па најдобро за да ја потрошите ви се секако спортските активности. Спортувајте.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе се чувствувате напнато и нервозно што може да биде причина за сосема непотребни расправии со партнерот. Комуникациите со околината овие неколку денови се во криза, а денес најповеќе ќе ве погоди недоволното разбирање на оние кои најмногу ги сакате. Бидете потолерантни спрема нив и прифатете ги нивните недостатоци. Посветете му се на работата и на тој начин лесно ќе побегнете од проблемите.
Девица (23.08 – 22.09)
Денеска многу ќе се бара од вас. Нема изгледи дека лесно ќе се извлечете од таквата ситуација, условите ви нудат нови почетоци и затоа ќе треба да склопите нови деловни договори макар и да не сте ги планирале. Снајдете се во моментот. Контактите со вашите соработници се многу важни расчистете ги односите и тргнете од почеток. Во емотивниот живот ве очекува авантура и тоа со некој од вашата работна средина.
Вага (23.09 – 22.10)
Комуникациите со околината нема да ви одвиваат без проблеми. Со некои личности ќе влегувате во расправии и кавги. Ќе бидете склони кон необични врски и чудни пријатели кои не ви гарантираат трајност. Ако сте родител ќе се занимваате со вашите деца и тоа повеќе од обично ќе се смирите во себе и ќе го погледнете животот од пошироки перспективи. Здраствената состојба не ви е стабилна.
Скорпија (23.10-21.11)
Некоја неблагодарна улога кој ви припаднала ви ја спречува вашата личност и ве става во зависна позиција и пасивна положба. На вас останува да одлучите ќе бидете ли бунтовник или жртва. Многу од вас ќе побараат излез во поголемо посветување на лични работи. Односите со претпоставените, шефот ќе ви бидат заострени. Во вас се вовлакува немир и ќе бидете склони кон бегање од обврските, неискреност па дури и лаги.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Многу од времето денеска ќе го поминете во движење. Стрелците родени во декември најмногу проблеми ќе имаат со заморот, раздразливост и расправии со блиските соработници. Ако успеете да ги смирите испомешаните чуства ќе видите дека е се во ред. Животот носи нови прилики за успех. Во сентименталниот живот ќе се случи ново особенио за слободните претставници -ќе ви пријде саканата личност.
Јарец (22.12 – 20.01)
Аспектите ви се добри а вие ќе бидете задоволни. Околината ќе биде задоволна од вас, па тоа ќе ви дава додатна сила за работа. Искористете го денешниот ден за привршување на некои работи започнати од порано. Финансиската ситација не е најдобра, ве советуваме да бидете што поштедливи. Во приватниот живот сте задоволни и среќни. Во одлична здраствена состојба сте.
Водолија (21.01 – 19.02)
Сите предности кои сега можете да ги остварите се поврзани со вашата ангажираност, одговорност и добрите услови. Не ја пропуштајте поволната прилика која ќе ви биде понудена и обидете се доследно да ја завршите дадената задача. Во пориватниот живот ве очекува подобрување во односите со семејството а љубовните врски не се стабилни. Здравје: внимавајте од повреди.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе почуствувате многу напнатост во меѓучовечките односи. Ако сте во сериозна врска обидете се да ја заштитите со работните проблеми и надворешните услови кои можат да и наштетат. Ако сте сами самоуверено поднесувате споредување со другите и нечие безобразно однесување. Контролирајте ги емоциите, бидејќи сте наклонети да ги преувеличувате проблемите . Здравје: главоболки и нервози.
Занимливости
По повод 25 години „Google“ ова се најпребаруваните термини за 2023-та година до денес

По повод 25 години на Google, Index ги провери најгугланите термини во 2023 година (до денес). Не е чудно што, според податоците на SimilarWeb, YouTube е најгугланиот термин на глобално ниво и оваа година.
Втор на листата е Facebook, а трет е Pornhub. Четвртата е временската прогноза, па Амазон, па зборот „преведи“. XVideos, Google Translate, Gmail и WhatsApp Web се исто така во првите 10.
Меѓу спортските теми, најгуглани термини се НБА (11 место) и „Премиер лига“ (18 место). Инстаграм е на 12-то место, Твитер на 15-то, додека самиот Гугл е на 16-то место на најгуглани термини. ChatGPT е 20-ти најгуглан термин оваа година, а топ 20 вклучува и порно.
Интересно е што на листата на топ 100 најгуглани поими нема ниту една личност, односно име или презиме. Податоците беа ажурирани на 14 септември годинава.
Вака изгледаат 20-те најпродавани термини на Гугл во 2023 година (до денес):
youtube
facebook
pornhub
weather (vremenska prognoza)
amazon
translate
xvideos
google translate
gmail
whatsapp web
nba
instagram
xnxx
traductor
twitter
google
porn
premier league
google maps
chat gpt
Занимливости
Научници целосно го дешифрираа мистериозниот хромозом кај мажите, кој може да даде резултати за неплодноста кај поединци

Научниците целосно дешифрираа мистериозен хромозом присутен кај мажите, кој може да помогне во истражувањето на нивната неплодност. Ова е важен чекор напред во разбирањето на човечкиот геном, пренесува Ројтерс.
Истражувачите ја открија првата комплетна секвенца на човечкиот хромозом Y, кој е еден од двата хромозоми и обично се пренесува од машкиот родител на машкото потомство.
Гените на хромозомот Y помагаат во управувањето со клучните репродуктивни функции, вклучително и производството на сперма, па дури и се вмешани во ризикот и сериозноста на ракот.
– „Би сакал да им се заблагодарам на новите технологии за секвенционирање и пресметковни методи за ова“, рече Аранг Рије, научник од Националниот институт за истражување на човечкиот геном на САД и главен автор на студијата.
Тој додаде дека научниците сега имаат пристап до целосен приказ на кодот на хромозомот Y за прв пат.
– „Откривме повеќе од 50 проценти од должината на хромозомот што претходно недостасуваше на нашите геномски мапи“, истакна Рије за медиумите.
Истражувањето ги откри карактеристиките на медицински релевантните региони на хромозомот Y, вклучително и дел од ДНК што содржи неколку гени вклучени во производството на сперма.
Ново и поцелосно разбирање на хромозомските гени ќе има практична примена во истражувањето на неплодноста, велат истражувачите.
Занимливости
Поради довербата на потрошувачите зголемен e обемот на работа, „Станица Стража“ има потреба од дополнителен персонал за работа

Реномираниот бренд „Станица Стража“ кој успешно работи тековно во годините, поради зголемениот обем на работа има потреба од повеќе персонал, односно на позициите „пица-мајстори во кујна & касиери“, кои ќе бидат во редовен работен однос, осигурани од првиот работен ден, платен превоз, почетна плата 24,000 ден (со оглед на успешноста можност за напредување), хранарина и одлични услови за работа.
Како што знаеме, се работи за мултифункционалниот објект и бренд кој е посетуван од многу посетители, познат по најубавото кафе, белите пецива, вкусен бурек, во лето незаменлив амбиентален простор и ладовина, додека во зима уникатен и природен снежен гламур, позициониран на превој „Стража“
Сите заинтересирани можат да контактираат повеќе на 075/788-322 или 076/355-400
, а може и да дојдат во објектот директно.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Временска прогноза10 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за понеделник (2 октомври)
-
Скопје1 ден
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Скопје3 часа
(ФОТО) Во машка конкуренција кенијецот Серем се закити со прво место, додека 11.000 тркачи од 45 земји беа дел од овогодинешниот „Скопски маратон 2023“