Занимливости
Предпоследен Дневен Хороскоп за 2018 | 30.12 Недела

Овен
Можно е да ви биде понудена шанса за нови проекти. Очекувајте убави професионални промени.
Ви делува дека партнерот се однесува поинаку кон вас и ви се чини дека работите не одат на добро.
Можна е забоболка.
Бик
Размислувате за започнување на приватен бизнис кој би можел да би донесе одлична заработка.
Стапувате во контакт со личност која отворено ќе ви покаже дека и се допаѓате.
Ситуацијата е се подобра.
Близнаци
Доаѓате до нови контакти и познанства кои би можеле да бидат многу значајни за вас.
По искрениот разговор со личноста која ви значи би можеле полесно да разграничите некои работи.
Проблеми со белите дробови.
Рак
Денеска сте брзоплети и поради тоа ќе направите некои помали грешки.
Можете да очекувате страствена средба со личност кон која имате силни симпатии.
Имате вишок енергија.
Лав
Можете да очекувате поволна можност за започнување нова работа. Пред вас е поволна фаза за промени.
Убава љубовна атмосфера. Ве очекува многу поволен ден за љубовта.
Одлична состојба.
Девица
Работите прекувремено и подготвени сте да вложите максимален труд и напор за да остварите подобра заработувачка.
Убав ден со саканата личност. Време е за разговор.
Потребна ви е физичка активност.
Вага
Ги преиспитувате своите планови и се прашувате дали се доволно реални. Можете да очекувате добар сплет на околности.
Можни се проблеми во бракот, но ситуацијата полека ќе се поправа.
Внимавајте на исхраната.
Шкорпија
Можно е да имате мало недоразбирање со колегите кои покажуваат дека немаат исто мислење како вас.
Подгответе се, некој сака да ви покаже искрени чувства.
Потрудете се да го зајакнете имунитетот.
Стрелец
Работните околности се подобруваат.
Ќе остварите добра комуникација со брачниот партнер. Можете да сметате на убави промени.
Внимавајте на градниот кош.
Јарец
Не донесувајте брзоплети одлуки за кои би можеле да се покаете.
Сакате нова врска, но во своето окружување немате адекватна личност за тоа.
Внимавајте на стомакот.
Водолија
Уште малку ќе треба да почекате на остварување на вашите цели. Некои работи не се одвиваат онака како што планирате.
Комуникацијата со саканата личност станува напната и тензична. Не знаете што да очекувате.
Ве мачи кашлицата.
Риби
Ќе остварите подобра заработувачка. Генерално ве очекува ден во кој ќе бидете задоволни од работата.
Сакате да остварите стабилен однос со партнерот, но ви се чини дека тој/таа ги прави истите грешки како вас.
Би ви годеле свежи намирници.
Занимливости
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при секое излегување на патеката. Не размислуваме само за ризикот од смрт, туку и за повредите кои можат засекогаш да ги отстранат од моторните спортови.
Возењето на возачите од мотоспортот обично значи дека тие остануваат без занает во нивните раце. Причината лежи во тоа што речиси сите момчиња и девојчиња од мали нозе се занимаваат со мото спорт, па добар дел од нив не го завршиле целосно образованието.
Лавината околу платите започна кога ДОРНА официјално објави дека годинава ќе се одржат 42 трки, односно по две трки по тркачки викенд. Воведувањето на спринтерски трки го зголемува ризикот за возачите и бара дополнителен напор од нив (да бидат физички поподготвени итн.). Бидејќи ДОРНА е иницијатор на дополнителните трки, тимовите побараа ДОРНА да ги сноси трошоците за зголемување на платите.
Во виорот на овие настани, La Gazzetta dello Sport ги претстави платите што ги добија возачите на MotoGP во 2022 година. Ве молиме имајте предвид дека бројките што ги гледате се веројатно само сумите што возачите ги добиваат од тимовите за кои возат. Вкупната заработка е секако поголема, бидејќи возачите имаат приходи и од спонзори.
Плати на возачите на MotoGP за 2022 година (возач: износ во евра):
Марк Маркез: 12.500.000
Маверик Вињалес: 10.000.000
Фабио Квартаро: 6.000.000
Џоан Мир: 6.000.000
Франческо Бањаја: 5.000.000
Какви суми добиваат Еспаргаро, Морбидели, Жарко и други, погледнете овде.
/nova
Занимливости
Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?

Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви.
Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно.
Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо.
Дали е вкусно? Косата на кората е „големо не“ за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето!
Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.
Сега го знаете одговорот, но, дали ќе пробате да изедете цело киви со кора?
/denar
Занимливости
Кој период од денот е најдобар за вежбање?

Телото за многу работи функционира врз основа на внатрешниот часовник. Овој софистициран механизам ги контролира сите важни процеси во телото, а го поттикнуваат активностите и надворешните фактори.
Овој систем функционира при менување на денот и ноќта. Во текот на денот е активен т.н. систем „симпатикус“, а во текот на ноќта „парасимпатикус“.
Првиот е одговорен за состојбата на будност, ги активира процесите за трошење на мастите и производството на енергија, додека вториот е одговорен за состојба на релаксираност и поспаност и го поттикнува
варењето на храната во телото.
Имајќи го предвид таквото внатрешно функционирање на човечкото тело, оптимално време за физичка активност е првиот дел од денот.
Сепак, бидејќи по будењето на телото му треба одредено време за да се раздвижи, не се препорачува интензивно вежбање рано наутро.
На оптималното време за тренинг влијае и индивидуалниот метаболизам и животниот стил.
Следејќи ја природата на човечкото тело, најдобро е да се вежба во текот на денот, а не навечер.
Доцните вечерни тренинзи можат да го нарушат внатрешниот часовник, односно можат негативно да влијаат врз процесот на спиење и регенерирање на телото.
/denar
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје12 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза11 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Здравје и убавина16 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот