Следете не

Занимливости

Денешен Хороскоп | 30.03 Сабота

Објавено пред

на

ОВЕН

Работа: Промените и важните случувања кои ги очекувате нема да стапат на сцена денеска, па важно е да бидете трпеливи.

Љубов: Вечерните часови ви се поволни за нови љубовни случувања со личност која ви се допаѓа.

Здравје: Проблеми со притисокот.

БИК

Работа: Очекувајте дека ќе добиете поддршка за да можете да ги реализирате сите идеи кои ги имате.

Љубов: Ве очекува понуда за необврзувачка врска, но постои голема шанса, сепак, да не сте заинтересирани.

Здравје: Чувствителни стопала и зглобови.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ќе успеете да остварите она што сте го имале во план и ќе бидете горди на себе и на своите способности.

Љубов: Можно е да не сте сигурни дали партнерот и натаму има исти чувства кон вас и дека нервозата ве убива.

Здравје: Ќе ви годи прошетка.

РАК

Работа: Во текот на денешниот ден ќе имате некои мали компликации на ова поле. Ќе ви треба време сите работи да ги решите.

Љубов: Подготвени сте на саканата личност да и покажете колку ви значи и дека сакате стабилна иднина.

Здравје: Добро.

ЛАВ

Работа: Ви доаѓа значајно подобрување, а наскоро ви следи и напредување на кое долго сте се надевале.

Љубов: Доколку сте имале некои проблеми со љубомората или недовербата во партнерот, ќе успеете да го решите денеска.

Здравје: Имате многу енергија во себе.

ДЕВИЦА

Работа: Немате доволно доверба во работниот колектив и поради тоа имате желба некои работи да ги сокриете од своите колеги.

Љубов: Посветени сте на својот партнер и многу ви е важно тој на некој начин да ви ги потврди намерите кои ги има.

Здравје: Добро.

ВАГА

Работа: Може да добиете помош од личност која и порано ви помагала околу работните проблеми.

Љубов: Ви се допаѓа личност која сте ја запознале преку пријатели, па пробувате да и се приближите.

Здравје: Генерално добро и немате проблеми.

ШКОРПИЈА

Работа: Очекувајте дека среќата ќе ви се насмевне и ќе имате можност да ги решите сите работни проблеми.

Љубов: Ново познанство наскоро ви доаѓа. Може да очекувате поволен ден за љубовни случувања.

Здравје: Водете сметка околу срцето.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Можно е да не сте задоволни од работното опкружување и дека наскоро ќе почнете да барате нова работа.

Љубов: Пред вас е поволен ден за љубов, особено ако веќе имате партнер. Може да бидете задоволни.

Здравје: Водете сметка околу очите.

ЈАРЕЦ

Работа: Не е претерано поволен ден за вашата работа. Имате проблеми и компликации кои не ги очекувате.

Љубов: Време е да се соочите со грешките кои сте ги правеле со занемарувањето на партнерот.

Здравје: Мали проблеми со стомакот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Подготвени сте за важни чекори на работното поле. Надевајте се на поволни пресврти.

Љубов: Ве очекува добра атмосфера со саканата личност. Двајцата сте расположени за романтични и нежни моменти.

Здравје: Водете сметка околу синусите.

РИБИ

Работа: Максимално сте посветени на работата и ќе направите се што можете да успеете да ја подобрите вашата заработка.

Љубов: Доколку ви се допаѓа некоја особа која сте ја запознале претходните неколку дена, наскоро ве очекува средба.

Здравје: Водете сметка околу штитната жлезда.

Занимливости

Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Објавено пред

на

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при секое излегување на патеката. Не размислуваме само за ризикот од смрт, туку и за повредите кои можат засекогаш да ги отстранат од моторните спортови.

Возењето на возачите од мотоспортот обично значи дека тие остануваат без занает во нивните раце. Причината лежи во тоа што речиси сите момчиња и девојчиња од мали нозе се занимаваат со мото спорт, па добар дел од нив не го завршиле целосно образованието.

Лавината околу платите започна кога ДОРНА официјално објави дека годинава ќе се одржат 42 трки, односно по две трки по тркачки викенд. Воведувањето на спринтерски трки го зголемува ризикот за возачите и бара дополнителен напор од нив (да бидат физички поподготвени итн.). Бидејќи ДОРНА е иницијатор на дополнителните трки, тимовите побараа ДОРНА да ги сноси трошоците за зголемување на платите.

Во виорот на овие настани, La Gazzetta dello Sport ги претстави платите што ги добија возачите на MotoGP во 2022 година. Ве молиме имајте предвид дека бројките што ги гледате се веројатно само сумите што возачите ги добиваат од тимовите за кои возат. Вкупната заработка е секако поголема, бидејќи возачите имаат приходи и од спонзори.

Плати на возачите на MotoGP за 2022 година (возач: износ во евра):

Марк Маркез: 12.500.000

Маверик Вињалес: 10.000.000

Фабио Квартаро: 6.000.000

Џоан Мир: 6.000.000

Франческо Бањаја: 5.000.000

Какви суми добиваат Еспаргаро, Морбидели, Жарко и други, погледнете овде.

/nova

Прочитај повеќе...

Занимливости

Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?

Објавено пред

на

Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви.

Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно.

Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо.

Дали е вкусно? Косата на кората е „големо не“ за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето!

Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.

Сега го знаете одговорот, но, дали ќе пробате да изедете цело киви со кора?

/denar

Прочитај повеќе...

Занимливости

Кој период од денот е најдобар за вежбање?

Објавено пред

на

Телото за многу работи функционира врз основа на внатрешниот часовник. Овој софистициран механизам ги контролира сите важни процеси во телото, а го поттикнуваат активностите и надворешните фактори.

Овој систем функционира при менување на денот и ноќта. Во текот на денот е активен т.н. систем „симпатикус“, а во текот на ноќта „парасимпатикус“.

Првиот е одговорен за состојбата на будност, ги активира процесите за трошење на мастите и производството на енергија, додека вториот е одговорен за состојба на релаксираност и поспаност и го поттикнува
варењето на храната во телото.

Имајќи го предвид таквото внатрешно функционирање на човечкото тело, оптимално време за физичка активност е првиот дел од денот.

Сепак, бидејќи по будењето на телото му треба одредено време за да се раздвижи, не се препорачува интензивно вежбање рано наутро.

На оптималното време за тренинг влијае и индивидуалниот метаболизам и животниот стил.

Следејќи ја природата на човечкото тело, најдобро е да се вежба во текот на денот, а не навечер.

Доцните вечерни тренинзи можат да го нарушат внатрешниот часовник, односно можат негативно да влијаат врз процесот на спиење и регенерирање на телото.

/denar

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт3 часа

Денвер поразен од Филаделфија, во спектакуларен меч на МВП центрите Ембид и Јокиќ

Кошаркарите на Денвер се поразени на гостувањето кај Филаделфија со 126:119 во спектакуларен меч кој го одбележа МВП дуелот меѓу...

На денешен ден3 часа

29 јануари – На денешен ден

1412.- Во Нови Брдо бил издаден „Законот за рудниците на деспотот Стефан“. Тој е важен документ за српската писменост и...

Хороскоп4 часа

Хороскоп за недела (29 јануари)

ОВЕН Немојте да се впуштате во поголеми инвестиции денес. Најдобро е да избегнувате тешки физички активности. Оние кои се во...

Занимливости5 часа

Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при...

Временска прогноза11 часа

Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?

Следува период на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и променливо време со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за локално и слабо провејување на СНЕГ. Исто така...

Скопје11 часа

Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото

На 27.01.2023 во 04.33 часот во Полициска станица Аеродром, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04.20 часот додека со такси возило...

Здравје и убавина15 часа

Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот

Дури и ако сте пушач, а редовно се занимавате со трачање, ќе живеете подолго од две до десет години. Луѓето...

На денешен ден1 ден

28 јануари – На денешен ден

814 – Чарлс I Велики, крал на Франките од 768 година и римско-германски император од 800 година, умрел кога бил...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (28 јануари)

ОВЕН Пред вас е одличен ден за промени, па ако сте планирале некоја промена ќе бидете успешни и задоволни. Ви...

Временска прогноза1 ден

Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа

Вечерва како и утре и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец....

НАЈЧИТАНИ