Занимливости
Хороскоп за денес | 09.01 Среда

Овен
Можете да очекувате дека во текот на следните денови ќе успеете да ги остварите своите планови и да дојдете до напредок.
Потрудете се да создадете позитивна атмосфера за саканата личност.
Внимавајте во сообраќајот.
Бик
Постојано сте напнати и вашето расположение негативно се одразува на ситуацијата и работното окружување.
Подготвени сте максимално да и се посветите на личноста која ви значи. Потрудете се искрено да ги покажете своите чувства.
Најдете време да се наспиете.
Близнаци
Со надредените ќе успеете да остварите добра комуникација.
Размислувате за една личност која сте ја запознале неодамна па не сте сигурни како да и пријдете.
Можна е главоболка.
Рак
Внимавајте на своите трошоци.
Се двоумите и не сте сигурни која личност да ја изберете за себе. Имате 2 додворувачи и секој од нив ви е интересен на свој начин.
Проблеми со нервите.
Лав
Доаѓате до можност да остварите подобра заработка. Ве очекува одличен период за работа.
Пред вас е поволен ден за љубов.
Вкочанети сте.
Девица
Ќе имате успех на полето на работата. Генерално, пред вас е одличен период.
Не очекувајте премногу од љубовта денеска.
Мали проблеми со циркулацијата.
Вага
Ќе успеете да ги решите сите проблеми на полето на работата. Пред вас е период на позитивни решенија.
Обрнете внимание на комуникацијата со саканата личност. Можни се кавги.
Одмарајте повеќе.
Шкорпија
Ако ја прифатите новата понуда за работа, ќе успеете да дојдете до напредок на ова поле.
Ве очекуваат позитивни ситуации со личноста која ви се допаѓа. Искрено препуштете и се на љубовта.
Здравјето е одлично. Добро се чувствувате во своја кожа.
Стрелец
Многу сте нервозни и не успевате да ја прикриете несигурноста која ја имате во однос на работата.
Ако сте слободни, ве очекува ново познанство кое лесно би можело да доведе до нова врска.
Ве мачи здравјето.
Јарец
Имате исправен став за ситуацијата на работа, а денешниот ден е одличен за нови одлуки на тоа поле.
Време е на личноста која ви се допаѓа да и покажете дека сакате повеќе од пријателство.
Внимавајте на исхраната.
Водолија
Ве очекува бурен период со многу промени на полето на работата.
Успешно ќе ги надминете сите кавги со саканата личност. Љубовта победува.
Внимавајте на стомакот.
Риби
Можно е да дојде до едно служено патување кое сте го планирале.
Можно е ново љубовно познанство. Денот е прилично променлив кога станува збор за емоциите.
Мали проблеми со дишните патишта.
Занимливости
Само 1% од луѓето овде гледаат слон: на интернет кружи слика која вознемири многумина, обидете се да го пронајдете (ФОТО)

Can you spot the elephant ? pic.twitter.com/xqqzUrhkvH
— Marwan Koukash (@drmarwanK) October 29, 2017
Го најдовте ли слонот? Откако ќе го завртите екранот, ќе забележите дека двете дрвја од двете страни на ловецот ги формираат нозете на слонот додека дрвото од спротивната страна на сликата е стеблото на слонот.
Занимливости
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари

Борбата со откажувањето од цигарите, денеска е една од најприсутните во полето на здравјето. За да им излезат во пресрет на пушачите кои сакаат да престанат, различни производители нудат фластери, електронски цигари, лекови, мастики. Но, на крајот повторно сè останува на вас.
Доктор Арун Кумар долги години им помага на пушачите да се откажат од цигарите. Тој вели дека прво мора да утврдите каков пушач сте, односно во кои ситуации посегнувате по цигарите. Ако утврдите зошто, односно ја процените причината, ќе најдете и начин како да престанете.
Праксата на Кумар покажа дека физичката активност ја намалува потребата за никотин. Тоа не значи да трчате маратон, но обична прошетка може многу да ви помогне. Главно треба да знаете дека пушењето е анти-стрес навика. Ги смирува луѓето. Затоа и треба да најдете помалку штетна алтернатива за да се ослободите од стресот, како што е медитирање, јога и масажа.
Еве кои трикови можете да ги искористите во битката со цигарите:
– Џвакајте цимет. Ја убива желбата за никотин.
– Солената храна ја убива желбата за цигара. Ако немате чипс при рака, ставете малку сол на врвот на јазикот.
– Кога ќе добиете желба за цигара јадете ореви, лешници, бадеми или суво овошје.
– Секогаш имајте мастики во себе.
– Ако пред да запалите цигара испиете малку млеко или изедете целер или морков, нема да уживате во цигарата затоа што ќе имате горчлив вкус во устата.
– Витаминот Ц ви е најголемиот сојузник во битката со цигарите. Затоа консумирајте лимони, портокали, црвена пиперка.
/denar
Занимливости
Напишете „The Last Of Us“ во пребарување на Google за изненадување

Некој во Google е голем обожавател на The Last of Us – „Пребарување на Google“ сега има кул мало изненадување што ја слави реномираната сериска адаптација на франшизата на видео игрите на HBO.
Печурките се насекаде
За да го проверите, отворете Google, напишете „The Last Of Us“ и почекајте само половина секунда црвената печурка да се појави на дното на страницата со резултати од пребарувањето. Кликнете на неа и видете што ќе се случи.
Колку повеќе кликнувате на печурката, толку повеќе вашиот екран се полни со разни печурки, но за среќа, со едноставно кликнување на црвеното копче „X“ на дното, можете да исчистите се што се појавило на вашиот монитор.
Ова не е прв пат, а се надеваме не последен пат, да наидеме на вакви изненадувања преку пребарување на Google.
Извор: Mashable
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (8 февруари)
-
Свет14 часа
(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за четврток (9 февруари)
-
Магазин2 дена
Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?
-
Видео14 часа
Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит
-
Магазин2 дена
Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици
-
Свет2 дена
SpaceX ќе се обиде да го лансира Starship во март
-
Свет1 ден
Бројот на жртви не запира, денеска надмина 6,200 луѓе, додека спасувачите и покрај лошите временски услови се обидуваат да извадат живи луѓе..