Занимливости
Хороскоп за денес (Вторник 7.8)

Овен
Работа – Упатувате значајни сигнали, кога станува збор за работата. На некои нешта не можете да влијаеете, но надредените ја забележуваат вашата посветеност и напорна работа.
Љубов –Ако сте заљубени во една Шкорпија или Девица, не очајувајте. Ќе ве нервираат малку, но тоа не значи дека не им значите.
Здравје – Можни се повреди.
Бик
Работа – Работата би ви била полесна денеска доколку ги соедините силите со некој колега.
Љубов – Во топ форма сте на ова поле. Не сте од оние кои чекаат нешто да се случи, па така вие постојано освојувате околу себе.
Здравје –Одлично.
Близнаци
Работа – Уште сте во форма со која ви се отвораат многу врати. Обрнете внимание на работите и луѓето околу вас.
Љубов –Многу сте заљубени. Се чувствувате полни со живот и елан.
Здравје – Внимавајте во сообраќајот.
Рак
Работа – Сакате да ги средите работите и ќе тргнете од ситните детали. Морате да ги намалите трошоците.
Љубов – Се зголемува тензијата меѓу вас и партнерот. Бидете поопуштени во комуникацијата и не дозволувајте ништо да ве извади од такт.
Здравје – Потребен ви е одмор.
Лав
Работа – Имате став дека некои работи се одвиваат во ваша корист. Вежбајте позитивен став денеска.
Љубов – Сакате некои работи засекогаш да ги оставите позади себе и да го доведете во ред љубовниот живот.
Здравје – Проблеми со психата.
Девица
Работа – На полето на финансиите имате присутен став дека сте успеале да направите се што можете а сега ќе уживате во тоа.
Љубов – Можен е брак за некои претставници на овој знак.
Здравје – Одлично се чувствувате.
Вага
Работа – На себе забележувате одлична промена кога станува збор за финансиската ситуација.
Љубов – Не сте сами и тоа е во ред. Но, внимавајте на ситниците.
Здравје – Подобрете го имунитетот.
Шкорпија
Работа – Се чувствува одредена доза на страв кај вас околу работите што треба да ги завршите, но тоа не е причина да се однесувате како да ги мразите сите околу вас.
Љубов – Чекорите на патот кон одлична љубовна врска.
Здравје – Без тегоби.
Стрелец
Работа – Можеби ќе почувствувате одредени вибрации на полето на финансиите и да се потрудите да најдете излез од моменталната ситуација.
Љубов – Премногу сте горди за да ви се случи нешто убаво. Морате да внимавате на своето однесување.
Здравје – Стрес и тензии.
Јарец
Работа – Пробувате да допрете до подобар работен ангажман, но во тоа само малку успевате. Не е лоша идеја да поработите на некоја конкретна идеја.
Љубов – Минувате време со личност која неодамна сте ја запознале. Тоа е добра одлука.
Здравје – Одлично.
Водолија
Работа – Пробувате отворено да се поставите и да не гаите илузии. Сакате нешто конкретно.
Љубов – Доколку сте слободни, ќе добиете покана за излегување. Прифатете ја. Еден Бик би можел да ве освои.
Здравје – Дигестивни проблеми.
Риби
Работа – Можете да очекувате поголема заработувачка. Не си ги отежнувајте работите со постојано премислување. Бидете децидни во своите одлуки.
Љубов – Ќе влезете во тајна љубовна авантура и нема да сакате лесно да се откажете од една Девица.
Здравје – Несоница.
Занимливости
Неколку работи кои треба да ги знаеме пред да купуваме леб

Веројатно знаете барем едно лице кое се откажало од јаглени хидрати за да ја изгуби телесната тежина. Но, вие не мора да кажете „не“ на тостови и сендвичи за да видите како вашите бројки на вагата се движат во вистинската насока.
Во реалноста, ако се држите до цели житарици, лебот може да биде здрав дел од урамнотежена исхрана бидејќи има вредни хранливи состојки и може да содржи влакна што можат да бидат добри за вас, пишува WeightWatchers.
Што е толку супер кај целите зрна? Целите зрна имаат повеќе здравствени придобивки: луѓето кои дневно консумираат најмалку три порции житарици од цели зрна имаат помал ризик од дијабетес и срцеви заболувања. Што да барате?
Повеќето продавници за леб во супермаркетите се преполни со различни опции, па затоа е многу важно внимателно да го прочитате пакувањето. Најдобро место за почеток е листата на состојки, каде што основните состојки се наведени според количината од најмногу до најмалку. Всушност, најдобро е да земете леб со цели зрна. Понекогаш е тешко да се одреди, но во идеален случај барајте 16 грама цели зрна кај лебот.
Што да избегнувате? Кога ја читате етикета, избегнувајте леб направен од “бело брашно”, “збогатено бело брашно” или “пченично брашно”. Сите три термини укажуваат на тоа дека зрното е рафинирано, односно дека му се одземени хранливите материи.
Без да го прочитате пакувањето, тешко е сигурно да знаете точно што добивате со пекарскиот леб. Но, постојат неколку правила: Барајте леб од цела пченица. Прашајте дали можете да го фатите лебот пред да го купите и ако почувствувате дека лебот е како воздух, не го купувајте. Општо земено, колку е покрупен лебот, толку е поголема содржината на целото зрно.
/denar
Занимливости
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при секое излегување на патеката. Не размислуваме само за ризикот од смрт, туку и за повредите кои можат засекогаш да ги отстранат од моторните спортови.
Возењето на возачите од мотоспортот обично значи дека тие остануваат без занает во нивните раце. Причината лежи во тоа што речиси сите момчиња и девојчиња од мали нозе се занимаваат со мото спорт, па добар дел од нив не го завршиле целосно образованието.
Лавината околу платите започна кога ДОРНА официјално објави дека годинава ќе се одржат 42 трки, односно по две трки по тркачки викенд. Воведувањето на спринтерски трки го зголемува ризикот за возачите и бара дополнителен напор од нив (да бидат физички поподготвени итн.). Бидејќи ДОРНА е иницијатор на дополнителните трки, тимовите побараа ДОРНА да ги сноси трошоците за зголемување на платите.
Во виорот на овие настани, La Gazzetta dello Sport ги претстави платите што ги добија возачите на MotoGP во 2022 година. Ве молиме имајте предвид дека бројките што ги гледате се веројатно само сумите што возачите ги добиваат од тимовите за кои возат. Вкупната заработка е секако поголема, бидејќи возачите имаат приходи и од спонзори.
Плати на возачите на MotoGP за 2022 година (возач: износ во евра):
Марк Маркез: 12.500.000
Маверик Вињалес: 10.000.000
Фабио Квартаро: 6.000.000
Џоан Мир: 6.000.000
Франческо Бањаја: 5.000.000
Какви суми добиваат Еспаргаро, Морбидели, Жарко и други, погледнете овде.
/nova
Занимливости
Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?

Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви.
Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно.
Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо.
Дали е вкусно? Косата на кората е „големо не“ за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето!
Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.
Сега го знаете одговорот, но, дали ќе пробате да изедете цело киви со кора?
/denar
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Lifestyle17 часа
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Автомобили1 ден
Истакнат списокот на автомобили од кој сопствениците биле најмногу задоволни, „Dacia“ високо на врвот…
-
Македонија2 дена
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол
-
Здравје и убавина2 дена
Оваа намирница е една од најздравите во светот, таа го чисти организмот од отрови и масти..
-
Мобилни уреди2 дена
Новото чудовиште од Samsung, серијата Galaxy S23 ќе го добие првиот модел на издржливо стакло „Gorilla Glass Victus“
-
Занимливости2 дена
Неколку работи кои треба да ги знаеме пред да купуваме леб