Следете не

Хороскоп

Хороскоп за денес (07.09) понеделник

Објавено пред

на

ОВЕН
Се чувствувате среќно и полетно, но не заборавајте – кој високо лета, ниско паѓа. Не претерувајте со полетување наеднаш, градете ги своите цели постепено и без брзање, инаку се ќе се сруши како кула од карти. Преговарајте со саканата личност за нештата кои сакате да ги поправите.

БИК
Планирањето е половина успех, но на вашето работно место сите веќе добро знаат, време е и вие да го сфатите тоа. На љубовно поле сте во фаза кога се ви е идилично. Уживајте во тоа.

БЛИЗНАЦИ
Концентрацијата на работното место не е на врвно ниво, потрудете се да го поправите фокусот и да се насочите на вистинските задачи. Емоционалниот статус може да биде подобар, но не е ни толку лош, немојте да се жалите.

РАК
Идеата е едно,а спроведувањето на идеата е нешто сосема друго. Морате да пронајдете соработници кои ќе ви помогнат во тоа. Очекувајте средба која ќе ве расположи, нити во најлудите соништа нема да очекувате да ја видите оваа личност. И немојте да ја направите истата грешка од минатото.

ЛАВ
Фантазијата денес ќе дојде до израз кај вас, немојте да се срамите и споделете ги вашите идеи со колегите. Размената на мислења секогаш доведува до добри резултати и решенија. Привлечни и сте на околината поради сјајот со кој зрачите. Искористете го тој сјај за некои нови познанства и пријателства.

ДЕВИЦА
Меланхолични сте на работното место поради тоа што веќе долго не се случува ништо ново на деловен план. Вашиот партнер веќе долго време чека повторно да биде заведен, потрудете се да ја одиграте вашата улога онака како што треба.

ВАГА
Загрижени сте поради големите деловни обврски, но наскоро ќе ве дочека награда за вашиот труд. Трудот ќе се исплати, запамете го тоа. Не сакате да се расправате со партнерот, разговарајте околу вашата иднина и некои промени кои ви се ите како потребни.

ШКОРПИЈА
Соработниците ве држат под притисок затоа што мислат дека се натпреварувате со нив. Искрен разговор може да ја промени оваа ситуација која не ви одговара. Љубовната врска е како компанија, морате да ја надоградувате и да се инвестирате себеси за да биде успешна, не го заборавајте тоа.

СТРЕЛЕЦ
Друштвениот статус е нешто што можеби вам не ви е важно, но напредокот во оптествената скала може да доведе до некои нови контакти. Искористете ги тие контакти за некоја нова деловна шанса. Не сте искрени спрема партнерот и тоа ве нагризува одвнатре. Бидете искрени и ќе бидете изненадени ако наидете на разбирање.

ЈАРЕЦ
Денес ќе ви се укаже шанса да се покажете на работното место. Оваа шанса ја очекувате веќе долго време, немојте да ја прокоцкате. Убавите мигови во љубовната врска ќе ви донесат повеќе енергија за да го завршите овој ден на вистински начин.

ВОДОЛИЈА
Односот со колегите е добар. не очекувајте некои промени на работното место во скоро време. Тоа не мора секогаш да биде нешто лошо. Разликите помеѓу вас и вашиот партнер се непремостливи, понекогаш е подобро приказната да се заврши пред да се впуштите во нешто кое не води никаде.

РИБИ
Заминете некаде далеку на неколку часа и бидете потполно сами, тоа ќе ви помогне да ги наполните батериите за нови обврски. Доколку не сте во врска, не очекувајте сериозна љубовна врска во следниот период, за вас моментално е доволен само флерт и добар помин.

Хороскоп

Хороскоп за среда (28 септември)

Објавено пред

на

ОВЕН 
Ако можете, искористете ја можноста да патувате или да присуствувате на оние деловни настани што ќе ви помогнат да се отворите за нови активности, мисли и можности. Само ако останете активни, ќе можете да ги избегнете проблемите што упорно ви ги создава лице од деловното опкружување. Бидете подготвени да ги бранат своите ставови, слободно бидете малку поагресивни.

БИК
Ако не сте сигурни што треба да направите, одвојте малку повеќе време за оние активности кои не се дефинирани како платени, бидејќи токму така ќе откриете во што сте најдобри и на крајот ќе добиете соодветна награда. Ќе се чувствувате навистина добро со она што го правите и веројатно ќе запознаете личност во текот на денот што ќе ви понуди нешто ново.

БЛИЗНАЦИ
Без оглед на добрите меѓучовечки односи со колегите и позитивната работна атмосфера, денес некој ќе се обиде да ги уништи вашите планови. Надминете каква било полемика и направете го она што мислите дека е точно во вашето срце. Ако некој ви понуди нешто што изгледа премногу добро за да биде вистина, немојте веднаш да одбиете, само бидете малку повнимателни.

РАК
Во приватниот живот можете да очекувате пријатни настани. Оние кои сте зафатени треба да поминете малку повеќе време со некој близок, додека оние кои се на слобода треба да бидат поотворени за нови познаници. Денот е идеален за започнување нови проекти и за разговор со нови колеги и помлади луѓе кои сметате дека се креативни.

ЛАВ
Не дозволувајте вашите сопствени емоции да ве воздржат и да одземат премногу време. Некој сигурно ќе се обиде да ве доведе во заблуда, но сè додека поставувате прашања, ситуацијата ќе биде многу јасна и таа личност нема да ве прими. Ако не можете да престанете да размислувате за личност од минатото, да земете телефон или да испратите порака, ќе бидете пријатно изненадени.

ДЕВИЦА
Ќе се изненадите кога ќе сфатите колку многу можете да постигнете од дома откако некој ќе ви даде можност да го сторите тоа. Кога станува збор за плановите, без оглед дали се деловни или приватни, држете се до буџетот. Евентуална промена е поврзана со една од односите што е важна за вас. Повлечете го првиот потег и ќе ја задржите истата позиција што ја имате додека стекнувате поголема моќ.

ВАГА
Ако ви недостасува инспирација, возбуда и нови предизвици во вашиот живот, подредете го овој ден на излегување, дружење со познаници или одење на настани што ве интересираат, но за кои немате време поинаку. Слободно споделете ги своите мисли со интересна личност. Кога станува збор за семејството, вклучете ги помладите повеќе во тековните проблеми.

ШКОРПИЈА
Не бидете премногу фокусирани на деталите, бидејќи на крајот нема да ја видите поголемата слика. Ќе имате одлична идеја, не ја одложувајте нејзината реализација, туку фокусирајте се на тоа како можете да ја проширите. Поминете малку повеќе време со луѓе за кои мислите дека се паметни и инспиративни затоа што само така ќе сфатите колку имате потенцијал.

СТРЕЛЕЦ
Држете се до она што го знаете и не претерувајте затоа што тоа само ќе ви создаде проблеми. Време е да бидеме искрени, дури и ако тоа значи дека критиката ќе ги повреди емоциите на саканата личност. Ако неодамна ветивте, фокусирајте се на првите чекори или ќе ја разочарате другата страна која ќе помисли дека сте ја заборавиле.

ЈАРЕЦ
Колку повеќе се обидете денес, толку потежок ќе биде впечатокот дека ситуацијата е потешка. Кога станува збор за работата, некој ќе ве озборува или ќе работи зад грб. Ако не можете со сигурност да дефинирате за кого станува збор, тргнете се од ситуацијата што е моментално најактуелна. Тоа е елементот на изненадување што најмногу ќе го воодушеви вашиот сакан.

ВОДОЛИЈА
Чувајте ги вашите емоции денес под контрола, не патувајте премногу далеку од дома и што е најважно, посветете им малку повеќе внимание на вашите најблиски. Разговарајте за вашите намери и планови за во иднина. Интересот што го добивате и предлозите што ќе ги слушнете ќе ви помогнат да постигнете цели што се бараат уште полесно.

РИБИ
Без оглед на моменталната деловна состојба, размислете што навистина сакате во животот, а потоа земете го телефонот или испратете неколку е-пошта. Доколку ви треба издувен вентил, попладнето поминете го во друштво на луѓе кои имаат слични интереси како вас, бидејќи на тој начин ќе се најдете во центарот на интересен разговор што ќе ги обликува вашите идеи.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за вторник (27 септември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но никому не сакате да му покажете во колкава мера сте емоционално заинтересирани. Во тек е период поволен за проблеми со алергиите.

БИК
Не успевате да пронајдете заеднички јазик со деловните партнери. Имате големи очекувања кога е љубовта во прашање и на другата половина и упатувате нежни зборови и романтични пораки. Што се однесува до здравјето, се чувствувате одлично.

БЛИЗНАЦИ
Незадоволството од работата е на врвот и размислувате за оставка. Во емоционална смисла сте импулсивни и склони да направите проблем кај партнерот. На здравствено поле ве очекуваат проблеми со елиминаторниот систем.

РАК
Полни сте со оптимизам и се соочувате со самодоверба со старите деловни проблеми. Во емотивна смисла сте паднале и не гледате излез од ситуациајта. Во физичка смисла сте мрзеливи и тоа го зема здравствениот данок.

ЛАВ
Деловните проблеми ги чувствувате претешки и тешко решиви дури и за вас. Емоционално сте затворени а партнерот се обидува да ве наведе на отворен разговор. Во физичка смисла чувствувате недостаток на сила и волја да се движите.

ДЕВИЦА
Денешниот ден не е идеален за вас. Исклучително сте незадоволни и нервозни поради лошите финансии. Во емоционална смисла сте неисполнети, безволни ии немате желба за да се социјализирате. Ви годи самотијата. Здравјето е солидно.

ВАГА
Работата ви оди добро и задоволни сте од деловната ситуација. Во емоционална смисла не сте опуштени и имате проблем со импулсивноста и често се расправате со партнерот. Внимавајте што јадете. Храната нема да ви годи.

ШКОРПИЈА
На деловно поле сте тотално демотивирани и без самодоверба. Партнерката ви пружи прилична доза на разбирање и поддршка што се однесува до тоа да се чувствувате подобро. Склони сте кон хронична мигрена.

СТРЕЛЕЦ
Немате поволно размислување за колегите и тоа го покажувате на отворен и надмен начин. Љубовта е во фаза на стагнација и имате чувство дека ви стигнува наплата за грешките од минатото. Во физичка смисла се чувствувате силно и добро.

ЈАРЕЦ
Ја користите изреката „Убавиот збор железни врати отвора“ и на тој начин ги постигнувате сите деловни цели. Денес ќе добиете прилика да остварите љубовна авантура. Здравјето ви е добро. Се чувствувате младо и убаво.

ВОДОЛИЈА
Вредни сте, организрани и со многу успех ги извршувате деловните обврски. Лебдите на крилјата на љубовта и интензивно комуницирате со партнерката. Можни се проблеми со несоница така што тешко ќе заспиете.

РИБИ
Работата ве инспирира и сите обврски ги одработувате квалитетно, одговорно и без застој. Чувствувате емоционална сигурност што ви годи и ви дава чувство на моќ. На здравствено поле можен е хормонален дизбаланс.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (26 септември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес бидете внимателни да не се најдете себеси во некои контраверзни ситуации. Доколку проблемите ви изгледаат како да ќе нараснат, тогаш држете се понастрана. Можно е некои расправии да заминат во погрешна насока, стојте на неутрална страна, подоцна ќе бидете среќни што сте избрале да не бидете вмешани.

БИК
Доколку имате некои спорови или договори, денес конечно ќе ги решите. Вашите проекти ќе бидат одобрени и признаени. Ова е идеална шанса за вас да завршите се навреме, зошто да го чекате крајниот рок кога можете да завршите се веднаш..?

БЛИЗНАЦИ
Јасно е дека поседувате две страни на вашата личност – едната е сензибилна а другата е бунтовна, во зависност од тоа кој ваш близнак ќе владее денес, денес е одличен ден за нов почеток, па најдобро е да го искористите за штедење за нешто посебно.

РАК
Нови познанства ќе ви донесат одлични информации кои ќе ви причинат големо задоволство. Доколку ви пристигнат некои ненадејни покани за дружби, немојте да ги одбивате, можно е да ја запознаете вашата нова љубов или некој нов бизнис партнер.

ЛАВ
Колку и да сакате драма и адреналин во врската, денес не е баш идеалниот ден за тоа. Денес е идеален ден да се посветите на некоја уметност која ја обожавате и долго време ја занемарувате. Ќе бидете особено инспирирани.

ДЕВИЦА
Денес ќе поседувате самодоверба за да ги следите вашите соништа, особено оние кои го вклучуваат социјалниот статус и кариерата. Немојте да бидете срамежливи – можно е да добиете унапредување така што ќе ги искажете вашите мисли и планови.

ВАГА
Денес ви претстои ново пријателство кое ќе процвета во нешто прекрасно. Луѓето во вашето опкружување ќе ги поддржуваат вашите идеи и тоа ќе ви биде одлична помош во вашето напредување. Ќе сакате да ги обновите врските со некои ваши членови од поширокото семејство.

ШКОРПИЈА
Денес ќе во вас ќе гори страста за патувања и нови искуства. Ќе уживате во вкусот на необичните јадења и и ќе посакате да гледате некои странски филмови. Ќе посакате да научите некој нов јазик, а оние кои се сингл ќе запознаат некој згоден странец.

СТРЕЛЕЦ
Вашиот шарм ќе маѓепса некој за кој ќе мислите дека е надвор од вашиот дофат. Бидете пријателски настроени и отворени, ќе ги освоите срцата и на оние на кои порано не сте им оставиле добар впечаток.

ЈАРЕЦ
Ако овој период сте биле преокупирани со работа и обврски, сега е идеален ден да се релаксирате со луѓето кои ви значат и ве прават среќни. Доколку сте му направиле услуга на некој ваш колега, таа конечно ќе ви биде вратена.

ВОДОЛИЈА
Денес е важно да сфатите дека секој има свое право на избор па немојте да ве фрустрира тоа доколку другите не го делат вашето мислење. Денес е идеален ден за организрање. Направете планови за вашите обврски и одговрете на мејловите кои долго време сте ги ставиле на чекање.

РИБИ
Денес ќе бидете спонтани и се ќе ви оди од рака. Некои нешта ќе се одвиваат многу подобро од тоа што сте очекувале, особено они за кои воопшто не сте полагале многу надеж. Дозволете и на вашата интуиција и чувства да ве водат, тие ќе ги обликуваат вашите соништа.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево29 минути

Fecky Faris, Milan & Ultimusa овој викенд во Република 96250!

За сите љубители на лудите ритми, Република 96250 подготви одличен викенд полн со возбудливи настапи. Петок (30.09.2022) за одлична забавна...

Магазин55 минути

Од оваа недела WhatsApp воведува нова функција која ќе израдува многумина

Марк Цукерберг ја објави оваа нова функција на Facebook. Апликацијата сега овозможува поедноставни повици до аудио разговори, а наскоро ќе...

Магазин57 минути

Meta брише лажни профили од Кина и Русија

Meta ги засилува безбедносните напори против дезинформации Meta отстрани голем број лажни профили од Кина кои ги таргетираа САД со...

Магазин1 час

Samsung го претстави својот компјутер со лизгачки екран

За време на конференцијата Innovation 2022, Samsung претстави интересен уред кој вклучува хардвер на Intel. Прикажан е „лизгачки“ компјутер кој...

Гејминг1 час

Rockstar потврди големо протекување на податоци за GTA VI

Протекувањето податоци за играта Grand Theft Auto VI се чини дека е реално. Rockstar Games ја потврди автентичноста на протекувањето...

Магазин1 час

iOS 16 предизвикува сериозни проблеми со батеријата

Најпрво системот на камерата се тресеше и зуеше на „Pro“ моделите од најновата серија на мобилни телефони на Apple iPhone,...

Кичево1 час

Камион излетал од коловоз на Стража, возачот бил тешко повреден

Денес во 12 часот и 15 минути според лидерскиот медиум од Гостивар (gostivarpress.mk) во СВР Тетово пријавено е дека на...

Спорт6 часа

Аматерската репрезентација на Македонија во фудбал ќе учествува на реномираниот „Regions Cup“ во Рим, Италија

Аматерската репрезентација на Македонија во периодот од 28 септември до 5 октомври ќе биде учесник на Regions Cup  турнир во организација...

На денешен ден9 часа

28 септември – На денешен ден

48 п.н.е. – Во Египет е убиен Гнеј Помпеј Велики, еден од најголемите римски државници и војсководци, кој во 69...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за среда (28 септември)

ОВЕН  Ако можете, искористете ја можноста да патувате или да присуствувате на оние деловни настани што ќе ви помогнат да...

НАЈЧИТАНИ