Хороскоп
Хороскоп за среда (11 јуни)

Овен
Нема причина да ги обвинувате другите за тековниот неуспех затоа што е можно грешките да се во вас, а не во околината. Понекогаш е тешко да се признае личен пораз, но тоа е неизбежно.
Анализирајте го однесувањето на партнерот внимателно, може да има некои непознати околности или детали што ги занемарувате. Не игнорирајте некој збор или порака што ја примате.
Здравствено сте добри.
Бик
Донесувате рационални одлуки, но понекогаш треба да дејствувате според инстинкт. Повнимателно набљудувајте ги своите соработници и усмерете ја приказната во насока која води кон некој заеднички успех.
Сè е можно да се оствари ако сте доволно инспиративни и упорни во вашите намери пред саканото лице. Бидете доволно доследни во она што го мислите и сакате.
Проблеми со стомакот.
Близнаци
Делувате мудро и промислено во средбата со соработниците. Нема причина да се однесувате наметливо, туку препуштете им на другите да ви кажуваат за вашиот успех или во ваша корист.
Покажете искрен интерес за идеите на саканото лице. Одбегнувајте разни емоционални провокации или нова љубоморна сцена.
Корегирајте ја исхраната.
Рак
Постојано барате излез од сложени ситуации, но некој дополнително ќе ве оптоварува со различни барања. Секој проблем има добро решение, под услов да прифатите корисни совети.
Избегнувајте ривалство или некоја љубоморна сцена. Покажете му на пртнерот дека имате слични потреби и користете зрно на мудрост на секогаш кога е потребно.
Добро се чувствувате.
Лав
Бидете доволно промислени пред лицето кое ве обврзува со конкретни услови во деловната соработка. Важно е да ги зачувате вашите интереси и добриот интерес со животната средина.
Чувството на емоционална блискост во вас го поттикнува позитивното расположение и креативна енергија. Добро е да се ориентирате кон подобрата страна на реалноста.
Лоша циркулација.
Девица
Договорот со едно лице ве обврзува на одредени услови или строга деловна дискреција. Сепак, имате различни идеи, а вие нема да дозволете некој да одлучува во ваше име за деловни интереси.
Понекогаш посакувате повеќе отколку што е можно, а партнерот делува мрзоволно додека ги слуша вашите забелешки. Бидете реални во оценувањето на нечии можности.
Добро се чувствувате.
Вага
Правиш голем напор, но на крај не оставате позитивен впечаток на одредени соработници. Побарајте добар совет или нечие посредување во врска со тоа со работата со која се занимавате.
Нема причина да го прикривате вашето емоционално расположение пред лицето кое добро ги познава доблестите или маните. Ќе се чувствувате подобро во искрено доверба и близина.
Потребен ви е одмор.
Скорпија
Нема причина да ја одложувате средбата со соработниците. Тоа е момент за забрзување на вашата деловна активност или прифатете нечија понуда. Постои личност за која ве врзува заеднички бизнис.
Нека вашиот партнер игра голема улога во заедничките ситуации, особено кога ентузијазмот во љубовта води до најголемото задоволство.
Болки во мускулите.
Стрелец
Не дозволувајте некој да ве оптоварува со погрешни идеи или да ве условува. На вас е да им предложите на вашите соработници корисно решение кое треба да ги задоволи различните интереси.
Често го губите трпението пред блиска личност. Обрнете внимание на поведри содржини.
Добро се чувствувате.
Јарец
Ветувањата што ги добивате не претставуваат гаранција за деловна победа. Треба да реагирате во одреден момент и категорично да ги заштитите вашите интереси.
Бидете сигурни дека постапувате многу занесно и инспиративно пред вашето сакано лице. Не дозволувајте да се оддалечите од некои заеднички планови.
Добро се чувствувате.
Водолија
Важно е да оставите сериозен впечаток. Околината има доволно слух или интерес за поддршка на вашите идеи. Новите бизнис настани можат да ве претстават во позитивно светло.
Покажете дека имате разбирање за саканото лице. Сè што правите треба да ве приближи до слични цели. Имагинацијата секогаш дејствува како бесконечна инспирација, ако сте во вистинското друштво.
Премногу сте чувствителни.
Риби
Ако премногу критикувате нечие однесување, тогаш мора да ги прифатите можните негативни реакции. Треба да го промените своето однесување или дополнителни услови кои ви се наметнуваат од страна на одредени соработници.
Избегнувајте провокативни ситуации или лице кое не ги задоволува вашите емоционални критериуми. Потребно ви е искрено внимание и разбирање. Направете избор според вашите афинитети.
Можна главоболка.
Хороскоп
Хороскоп за четврток (19 јуни)

ОВЕН
Ќе бидете склони кон вљубување. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да пристапите на личност што ви се допаѓа долго време. Направете напор да му угодите на вашиот партнер, доколку сте во врска. Не ви е лесно да направите се сами. Потребна ви е помош од други луѓе на работа. Вие сте преосетливи и малку напнати.
БИК
Треба повеќе да се опуштите. Вие сте комуникативни и склони кон флертување. Можете да направите многу работи и лесно да стекнете нови познанства. За слободните, на кратко патување, можен е некаков контакт со интересна личност. Оние во врска, работете на комуникација со вашиот партнер.
БЛИЗНАЦИ
На работа ќе бидете многу задоволни. Се ви оди полесно од вообичаеното. Женска личност може да ви помогне. Енергични сте и брзо доаѓате до идеи. Што се однесува до љубовта, можни се нови познанства преку пријатели. Оние во врска, најдобро би било да се фокусирате на обврските, но не дозволувајте партнерот да биде запоставен.
РАК
Се чувствувате одлично. Ништо не ви е тешко да завршите на работа. Многу е важно да не трошите премногу пари за работи што навистина не ви се потребни. Бидете поштедливи. Што се однесува до љубовта, добро би било да разговарате со партнерот за се што ве мачи. Ако сте слободни, можно е ново интересно познанство. Не враќајте се на старите љубови. Бидете подготвени да се заљубите во нова личност, бидејќи имате одлични аспекти за љубовта.
ЛАВ
Оваа недела ќе се чувствувате многу подобро отколку порано. Не ви е лесно да постигнете се затоа што повеќе би сакале да се одморите. Конечно ќе имате добри резултати на работа, и ќе бидете задоволни од приливот на пари. Ако сте во врска, не ја занемарувајте саканата личност, не можете секогаш да бидете на прво место. Треба да обрнете внимание на некој друг. Ако сте слободни, некој кој е многу сличен со вас може да ви го привлече вниманието.
ДЕВИЦА
Се чувствувате одлично и многу сте комуникативни. Бидете вредни и колегите на работа ќе го ценат вашиот напор. Не се чувствуваш многу добро. Бидете отворени за некоја нова љубовна приказна. Можни се нови познанства преку пријатели или Интернет. Ако сте зафатени, изненадете ја саканата личност со убав гест.
ВАГА
Не ви е лесно да се справите со сите обврски. Бидете упорни и не се откажувајте. Ќе имате помош од жена. Се ќе ви успее на работа. Што се однесува до љубовта, не влегувајте во дискусии со саканата личност бидејќи е можно и двајцата да бидете напнати во текот на неделата. Ако сте слободни, можеби ќе ви се допадне некој што ќе го запознаете на необичен начин.
ШКОРПИЈА
Многу сте романтични. Работите напорно за вашата сакана и не ви е тешко да направите се за неа. Многу е лесно да постигнете резултати. Бидете отворени за некоја нова можност за да можете да напредувате. Дајте го максимумот и обидете се да се фокусирате на реализација на идејата. Не дозволувајте никој да ве исфрли од чекор и да ви го наруши мирот.
СТРЕЛЕЦ
Вие сте под стрес. Не постои начин да се добијат добри резултати. Обидете се да не се нервирате за деталите. Погледнете ја поголемата слика. Сега не е време за позајмување пари. Што се однесува до љубовта, направете се како што сте замислиле. Без разлика дали сте слободни или зафатени, немате проблем кога станува збор за љубовта.
ЈАРЕЦ
Се чувствувате одлично. Обидете се да ги завршите сите обврски на време и не одложувајте ништо за друг ден. Можни се дискусии со саканата личност, а тоа може да се случи поради љубомора или пари. Можете да избегнете сцени. Ако сте слободни, сигурно ќе запознаете личност која е многу динамична и забавна.
ВОДОЛИЈА
Сеуште не е идеален период за љубов. Сепак, има многу настани, па затоа треба да ги искористите, доколку сте слободни, за ново познанство или почеток на нова врска. Ако сте зафатени, подобро би било да почекате до втората половина од неделата кога ситуацијата ќе биде забележително помирна и да разговарате за некои важни работи со вашиот партнер. Не ви е лесно да постигнете одлични резултати. Соработниците можат да ви дадат добар совет или да ве поддржат во вашите планови.
РИБИ
Најдобро би било доколку се потрудите да направите некои промени на работа. Не чекајте другите да го сторат тоа за вас. Се обидувате да го дадете својот максимум, а приливот на пари ќе се зголеми. Што се однесува до љубовта, се оди како што сте замислиле и вие сте многу романтични и подготвени за љубов. Ако сте зафатени, покажете ги своите емоции на партнерот.
Хороскоп
Хороскоп за среда (18 јуни)

ОВЕН
Немојте да очајувате поради раскинувањето со партнерот, ве очекуваат многу возбдливи моменти и без него. Уживајте во овој ден, бидејќи ќе ви донесе едно пријатно изненадување.
БИК
Денеска ќе се чувствувате малку растревожено поради некое несогласување со партнерот. Потрудете се да гледате на позитивната страна и извлечете го најдоброто од ситуацијата. Внимавајте на исхраната.
БЛИЗНАЦИ
Време е да излезете од дома и да се социјализирате! Во последно време имавте проблеми со работата и семејството, но тоа не значи дека треба да престанете да се грижите за себе. Излезете и забавувајте се!
РАК
Денес е вашиот среќен ден! Потрудете се да го искористите како што треба, малку забава не е на одмет. Помина долго време од последниот пат кога навистина се забавувавте. Па, зошто да не отидете вечер на луда забава со пријателите?
ЛАВ
Најдете начин како да се зближите со партнерот, бидејќи некое време ви се заладени односите. Доколку не сте во врска, експериментирајте! Одете на состаноци и дознајте која личност најмногу ви одговара. Забавувајте се!
ДЕВИЦА
Бидејќи изминатава недела имавте премногу работа, денес дозволете си да си допуштите неколку чаши вино, или пак вкусен ручек со пријатна придружба.
ВАГА
Добро би било доколку денес емоционалноста си ја задржите за себе. Не покажувајте слабост пред другите. Доколку сте во врска, можеби е време да поразговарате со партнетот за преминување на наредно ниво, како што е заедничкото живеење.
ШКОРПИЈА
Денес ве очекува прилично турбулентен ден. На работа помеѓу вас и колегите ќе завладее општ хаос, а обврските ќе чекаат да бидат извршени. Ако денот ви биде лош, не значи дека таква ќе биде и вечерта. Излезете со вашето друштво и блеснете на забавата.
СТРЕЛЕЦ
Можеби во последен период го запоставивте вашето здравје, но денес посветете внимание на вашата исхрана. Во ред е да пазите на храната која ја конзумирате, но во никој случај не прескокнувајте ги оброците.
ЈАРЕЦ
Конечно стигна и денот кој толку го чекавте. За денес ѕвездите велат дека ќе биде поволен ден за инвестирање во недвижнини. А исто така пробајте се во игрите на среќа. Па што чекате? Право во обложувалница!
ВОДОЛИЈА
Денес шармот ќе ви биде на највисокото ниво, едноставно ќе блескате, а сите ќе гледаат во вас. Одржувајте го контактот со семејството, во последно време многу се одалечивте од нив. Доколку не сте во врска, денес ќе добиете неколку понуди од спротивниот пол.
РИБИ
Денес ќе добиете понуда за започнување на нов проект, кој секако ќе ви донесе добра заработка, но размислете дали тоа е најдобро за вас, бидејќи имате веќе неколку проекти кои треба да се завршат. Вечерта поминете релаксирајќи се со партнерот.
Хороскоп
Хороскоп за вторник (17 јуни)

ОВЕН
Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се вклучите во работата која за вас може да биде многу профитабилна. Имате проблем со некои Близнаци и не можете да најдете заеднички јазик со некоја Водолија. Трепението ќе ви биде повеќе од потребно.
БИК
Нема место за паника, ќе успеете да ги решите сите проблеми. Добрите односи со соработниците се исклучително важни за проектите, бидејќи сами ништо нема да постигнете. Се чувствувате одлично во друштво на некоја Риба, па затоа поминете повеќе време заедно.
БЛИЗНАЦИ
Некои пријатели ќе ве повикаат на заедничко патување, а вие ќе се двоумите. Не се откажувајте од можностите кои ви се нудат, можно е да ви се отворат нови врати за започнување на сопствен бизнис. Досадата лекувајте ја во друштво на саканите. Постапките од минатото ќе ве натераат повторно да размислите за вашите постапки.
РАК
Некој проблем од минатото ќе започне да ви ја разнишува сегашноста која едвај ја одржувате во нормално ниво. Можно е вашиот партнер да ве напушти поради ветените нешта кои никогаш не ги направивте. Имате проблем и со пријателите кои ве сметаат за несериозни. Некоја Девица ќе ви понуди помош, прифатете ја веднаш.
ЛАВ
Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои на вас ви биле многу драги. Ви претстои добра соработка со некој Стрелец или Близнаци. Ќе се залагате за некои важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте во иднина ќе постојат уште шанси.
ДЕВИЦА
Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Проблемите во љубовта ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските.
ВАГА
Иако се чувствувате добро во друштво со личноста која ги поттикнуа вашите амбиции, сепак прекумерното залагање можно е да ви пречи. Можни се некои поволни вести од некој кој живее и работи во странство. Ќе ви биде потребен некаков совет од некој Лав.
ШКОРПИЈА
Оптеретени сте со незавршените работи и она што се случило а не знаете како да го решите. Се плашите од загуба на контролата во ситуацијата во која можно е да загубите некој поради однесувањето. Можен е некаков договор со Стрелец или Риби.
СТРЕЛЕЦ
За да го поминете денот онака како што сакате потребно е да се вклучите во некои интересни проекти во кои ќе ви биде потребен странски јазик. Без оглед дали станува збор за краток или долг проект сепак работете максимално на него. Постои можност за голем профит.
ЈАРЕЦ
Премногу сте упорни иако помалку сте и несигурни и се обидувате на сите можни начини да му го наметнете на некој Бик вашиот план за заеднички проект. Бидете малку трпеливи во контактите со борбените знаци, особено со Бикот. Добро се чувствувате во друштво на лице кое е подеднакво амбициозно како и вие.
ВОДОЛИЈА
Еден од подобрите денови, особено за оние кои се подготвени за се да се договорат со соработниците и оние кои се како створени за разни деловни можности, вклучувајќи ја тука и можноста за премин на некое ново работно место или преземање на некои нови обврски. Добро се сложувате со некој Стрелец и со некој Рак кои во се ве поддржуваат.
РИБИ
Мечтаете за голем успех и поинаква работа од онаа која во моментов ја имате. Ова би можело да биде пријатен ден за вас. Енергијата на Марс и Меркур ве прави нервозни и нетрпеливи. Вашата амбиција е во прв план, не се согласувате со лица кој сакаат да доминираат во друштвото.
-
Lifestyle22 часа
Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (18 јуни)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за четврток (19 јуни)
-
Македонија3 часа
Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска
-
Македонија1 ден
Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода
-
Скопје22 часа
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице
-
Скопје1 час
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот
-
Lifestyle6 часа
Природен летен пијалок што го чисти телото и ги топи мастите – потребни се само две состојки