Хроника
Шпанија во црно: Во сообраќајка утрово загина фудбалерот Хосе Антонио Рејес (ФОТО+ВИДЕО)

Хосе Антонио Рејес го загуби животот на 35-годишна возраст во катастрофална сообраќајна несреќа која ова претпладне се случи во областа Андалузија, или поточно во близина на неговиот роден град Утрера.
Поранешниот шпански репрезентатвиец и член на Севилја, Арсенал и Реал Мадрид, од непознати причини загубил контрола врз своето возило на автопатот од Севилја кон Утрера, а неколку часа по несреќата, пристигнаа и првите ужасни детали од големата трагедија. Од силината на ударот, излетаниот автомобил се запалил покрај автопатот, а покрај Рејес, во „возилото на смртта“ животот го загубиле и уште двајца негови братучеди.
Како што потврди полицијата, Антонио не бил сам во автомобилот, бидејќи Хонатан Рејес заедно со фудбалерот починал на лице место, додека Хуан Мануел Калдерон, вториот братучед на Рејес починал на пат кон болница поради тешки изгореници.
Оваа трагедија ја зави во црно фудбалска Шпанија, па наместо најави за големото финале во Лигата на шампионите, фудбалските ѕвезди за последен пат се простуваат од харизматичниот крилен напаѓач.
Во негова чест обожавателите направија видео компилација со најубавите моменти во фудбалот
Почивај во мир!
Хроника
Трагедија ја потресе Македонија, се трага по телото, 14-годишник попладнево се удави во Беровско Езеро

Во тек е потрага по телото на 14 годишник кој се удавил во водите на Беровско Езеро. Екипи на ОВР Берово се на местото на несреќата, каде повеќе од еден час го пребаруваат теренот околу Беровско Езеро.
Телото на младото момче се уште се бара во водата, а се очекува во секој момент да пристигне и нуркачка екипа, пренесуваат нашите медиуми, додека повеќе информации очекуваме во текот на денот..
Хроника
Тага до небото во семејството на светскиот „ас“ Роналдо

Роналдо и неговата сопруга во октомври ја известија јавноста дека чекаат близнаци, додека вчера ѕвездата во светскиот фудбал ја шокираше јавноста дека нивниот син починал, а ќерката преживеала во очигледно, предвременото породување.
– Со најдлабока тага мораме да ве информираме дека нашето мало синче почина. Тоа е најголемата тага што секој родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го преживееме овој момент со малку надеж и среќа. Би сакале да им се заблагодариме на лекарите и медицинските сестри за сета грижа и поддршка. Ние сме уништени од оваа загуба и љубезно ве молиме за приватност во овие тешки моменти. Нашиот мал син, бебе … нашиот ангел. Ние секогаш ќе те сакаме.
– Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез“, се наведува во соопштението што го потпишаа и го објавија на социјалните мрежи.
Хроника
Вчера кај комплексот „Св.Наум“, забележано е безживотно машко тело

На 11.04.2022 околу 10 часот во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро, кај комплексот „Св.Наум“, забележано е безживотно машко тело. Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство.
Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција.
СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
-
Кичево2 дена
Се бара 52-годишник од кичевско, скоро една недела го нема
-
Кичево16 часа
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Кичево1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (3 јули)
-
Кичево13 часа
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хороскоп5 часа
Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник
-
Хроника1 ден
Трагедија ја потресе Македонија, се трага по телото, 14-годишник попладнево се удави во Беровско Езеро
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места