Еден од најчестите совети кој го слушате е дека би требало да јадете толку храна колку што ви е потребно за да се чувствувате сити. Меѓутоа, различни намирници различно влијаат на чувството на ситост, но и на вашата линија.

За да се чувствувате сити, би требало да изедете количина на пилешки прсти која одговара на внес од 200 калории, меѓутоа што се однесува на количината чоколада која би требало да ја изедете за да го постигнете истиот ефект, би требало да изедете чоколада со енергетска вредност од 500 калории.

Некои намирници побрзо и подобро го задоволуваат чувството на глад. Со истражувања се дошло до податок дека количината на изедена храна има значително влијание на чувството на ситост, потоа, дека протеините предизвикуваат поголемо чувство на ситост во споредба со јаглехидратите и мастите. Влакната го забавуваат минувањето на храната низ дигестивниот систем и помагаат да се чувствувате сити подолго време.

Ви донесуваме и листа на намирници и јадења кои можете да ги јадете без грижа на совеста бидејќи брзо ќе ве заситат. Освен тоа, оваа храна не дебелее, па така вашата линија секогаш ќе биде совршена доколку се придржувате до следните намирници:

Варени компири

Јајца

Каша од овес

Зелка

Јаболка

Риби

Немасно месо

Посно сирење

Зеленчук

Пуканки.