Следете не

Случувања

Најновата Божикна песна и видео запис се вистинско ремек дело – „Христос се Раѓат, на светот Радост“

Објавено пред

на

Традиционално и овој Бадник, Здружението „Бадникови поворки“ со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. Со голема радост соопшуваме, дека и покрај строгите протоколи за работа и отежнатите околности што ги создаде пандемија на ковид-19, успеавме да ја исполниме нашата света должност и да оставиме за навек уште едно музичко дело. Најголема благодарност упатуваме до Епископот Антаниски и Игумен Бигорски Партениј, за неговата безрезервна духовна поддршка за целиот тим во текот на целиот процес на создавање на делото. Видео записот за ново-возобновената Божикна песна (каланда) “Христос се раѓат, на светот радост” е снимен во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорскиот манастир.

Оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект. Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност.

Екипата, која со огромна љубов, радост и посветеност се собра за да го оствари овој историски потфат во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња, е во состав на:

Режија – Дејан Пројковски

Директор на фотографија – Горан Наумовски

Монтажа и камера оператор – Стојан Стојановски, Кристијана Ангелоска

Продукција – 2С Студио: Јасмина Колоска, Стојан Стојановски

Изведба: „Љубојна“ во соработка со Традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”

Пејачи: Анастасија Илиевска, Матеј Тушевски и Стојанче Костов

Инструменталисти: Благојче Трајковски – кларинет, Тимко Чичаковски – канон, Петар Христов – кларинет и византиска лира, Оливер Настовски – ут, Игор Милевски – виолина, Оливер Јосифовски – византиски контрабас, џумбуш, византиска лаута, перкусии, контрабас.

Снимање, миксање и мастеринг: Студио „Подрумот“

Музички инжинер: Ангел Ќосев

Аранжман: Оливер Јосифовски

Учесници: Љубојна, актер – Мето Јовановски, голем број на музичари и статисти.

Голема благодарност до: Стручен соработник – Антонио Стојчески, Хотел Неда – Галичник, Ансамбл Орце Николов – Сашо Кузаревски, Ансамбл Етнос – Ване Наков, Ансамбл Македонија – Владо Јаневски, Александар Костиќ – Претседател на месна заедница Галичник, шминка Марга Миновски

Текстот на песната:

ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ!

Христос се раѓат – на светот радост,
на светот радост, на сите луѓе.

Четириесет дни и толку ноќи
Дева бдееше, топло молеше.

На крај е дојде време да родит,
та бргу барат баби да дојдет.

Баби да дојдет, миро да носет,
миро да носет, да е послужет.

Дури се најдет, дури да дојдет,
Марија Дева Христа Го роди.

Христа Го роди, Господ на сите,
Господ на сите – в пештера бедна.

В пештера бедна, ширна полјана,
ширна полјана, ко сонце блесна.

Ко сонце блесна, ко сјајна луна,
ко сјајна луна, на светот светлит.

Нек’ светлит така и в’ оваа куќа
и в’ оваа куќа, на сета рода.

На сета рода мир да е дават,
мир да е дават, да множит љубов.

Да множит љубов за добри дела,
за добри дела, за сите ближни.

Христос се раѓат – на светот радост,
на светот радост, на сите луѓе.

Текст: Bigorski.org.mk

Македонија

Навивај за Македонија со најдобрите и квалитетни телевизиски понуди на ТоталТВ !

Објавено пред

на

Навиваме за Македонија сите заедно! Со Тотал ТВ утре во 15:00 часот не го пропуштајте натпреварот за ова лето Македонија – Украина.

Во меѓувреме погледнете ги најдобрите понуди за вас од Тотал ТВ на следниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичевската улица „Скопска“ утре блокирана за сообраќај поради градежни работи

Објавено пред

на

ЈП Комуналец – Кичево ги известува граѓаните со живеалишта на ул. „Скопска“ утре на ден 17.06.2021 (четврток) од 08:00 до 14:30 часот ќе биде блокирана за превоз поради изведба на градежни работи за промена на водоводни, фекални и атмосферски цефки на улицата.

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичево денес прв град по новозаболени од Ковид-19, ова е билансот по градови

Објавено пред

на

Министерството за здравство денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 15 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 5 случаи во Кичево, 4 во Скопје, 3 во Тетово и по 1 случај во Прилеп, Охрид и Делчево.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 11 и по 1 од Куманово, Гостивар и Кичево.

Од МЗ посочија дека во изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица од Ковид-19.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 4 минути

Навивај за Македонија со најдобрите и квалитетни телевизиски понуди на ТоталТВ !

Навиваме за Македонија сите заедно! Со Тотал ТВ утре во 15:00 часот не го пропуштајте натпреварот за ова лето Македонија...

КичевоПред 59 минути

Кичевската улица „Скопска“ утре блокирана за сообраќај поради градежни работи

ЈП Комуналец – Кичево ги известува граѓаните со живеалишта на ул. „Скопска“ утре на ден 17.06.2021 (четврток) од 08:00 до...

КичевоПред 2 часа

Кичево денес прв град по новозаболени од Ковид-19, ова е билансот по градови

Министерството за здравство денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 15 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 5...

МагазинПред 4 часа

„Протече“ новиот Windows 11: Како изгледа, како звучи и што ни носи?

Информациите за изгледот и новите карактеристики на Windows 11, познат и како „Sun Valley“, стигнаа до медиумите откако неколку слики...

СпортПред 5 часа

ФФМ известува дека мора негативен Ковид-19 тест за сите кои имаат билети за утрешниот натпревар со Украина

Фудбалската репрезентација на Македонија, утре од 15 часот на „Националната Арена“ во Букурешт го игра вториот натпревар на ЕП 2020...

СветПред 5 часа

Канцерогени хемикалии пронајдени во шминка производи во САД и Канада

Една нова студија открила високи нивоа на маркери за токсични PFAS супстанции во 52 проценти од 231 шминка производи тестирани...

Временска прогнозаПред 11 часа

Покачување на дневните температури, во попладневните периоди продолжува нестабилното време

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена локална облачност. Попладне особено во планинските региони ќе има...

СпортПред 12 часа

Алиоски: Точно знаеме што да подобриме, најважно е да веруваме во себе и во тимот, одиме на победа!

Македонската А репрезентација на 17. јуни ја очекува вториот натпревар од Европското првенство. Украина е селекцијата на која ќе им...

На денешен денПред 12 часа

На денешен ден – 16 јуни

1671 година – Водачот на востанието Дон Козак и селанец, Степан Стењака Тимофејевиќ Разин, беше јавно погубен во Москва. Во...

ХороскопПред 19 часа

Хороскоп за денес (16 јуни) среда

ОВЕН Можно е да ве преплавуваат негативни мисли, ќе бидете особено нетрпеливи овие два дена. Вашата ароганција може да ве...

НАЈЧИТАНИ